Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Работа не е да се сака. Капиталистичка бајка е дека треба да си ја сакаш работата, да уживаш во неа, бла, бла, бла. Верувам дека апсолутно за секој нормален човек важи дека не би работел да имаше како парите да паѓаа од небо. Има толку многу поубави начини да се потроши времето отколку на работа :D
    Е сега, кај жените малку повеќе се познава дека радо не би работеле прво затоа што женските професии се помалку платени, па уште понеблагодарна ти изгледа работата, друго, на мажите добро им доде бегање од домашните обврски, кои во голем дел на крај секако остануваат на жената :D
     
    На winnie02, gjoker4e и Осе им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ова ич не можам да го разберам.
    Не можам да замислам, да ги одберам комшиите пред ќерка ми...
     
    На Glowy, mode-kristina, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Многу често помислувам на ова.
    Па зошто да не работи, зошто да му е на терет, свои пари се свои и најмили...
    И после ми текнува дека тоа не е мој живот па да тупам мозок и да солам памет на некого како треба да го живее.
    Ако на некого не му се работи има право да не работи.
    Сите носиме одлуки за своите животи, па после уживаме или ги трпиме последиците од тоа.
    Има разни бракови, некаде едноставно тоа добро функционира и тоа е тоа.
     
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.817
    Пол:
    Женски
    Околу работата и сакањето на истата пишав затоа што имаше коментари дека некои едноставно не можат да седат дома иако не се финансиски зависни за да останат првите години во раѓањето со и околу децата.
    Верувам дека треба размена, особено тогаш кога животот ти се сведува на домот и детето, ама да не се лажеме тоа е можда за социјалните активности, а не баш заради љубовта кон работата.
    Нема врска со амбициозност, не дека мајките кои одлучуваат да одвојат внимание за воспитување на нивниот потомок се неамбициозни и гледат да го користат тоа. Едноставно им е битно да пораснат здрави индивидуи, што е многу тешко и ретко. Сите потфрлуваме во родителство се додека тоа го разбираме како природен процес и демек само ќе си дојде. Не, затоа има родители што работат активно на тој процес, се надоградуваат и самите во тоа и такви што оставаат на природно да се гради детето.

    Да не се лажеме сигурно секој знае и премногу амбициозни, воркохолици или бизнисмени родители кои немале време да поминат некој саат плус со децата и да ги одведат на прав пат.
    Па после имаш примери детето на звучно кариерно лице правел испади, како да не го воспитал истиот тој родител. Епа него ни воспитал, не бил со него кога се градел, бил во бизнисот.
     
    На Осе и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Многу предрасуди имаш во постов. Ако одиш на работа не значи дека ги запоставуваш децата или дека одиш за разонода. Некои сакаат да бидат продуктивни преку работата, не значи дека не нашле баланс меѓу неа и децата/домот. Можеш и да им се посветиш на децата дома, и они да станат асоцијални од седење дома. Секој си има свои причини зошто ја избрал работата или седењето дома, а темава е конкретно за жени кои живеат во заложништво од мажот и немале избор.
     
    На MeowMeow, nextredstyle, Lavender4 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.817
    Пол:
    Женски
    Напротив, го пишав ова за малку различна димензија од претходното, дека ако некоја не работи и ги чува децата и се грижи за домот, се ограничувала. Сакав само да кажам дека нема ништо лошо и во тоа "домаќинка". И нема зошто да се гледа на тоа така страшно.

    Темава сама по себе го наметна муабетот, дискусијата се движи натака, некогаш и спонтано паѓаат муабетиве. Ако до толку ја згрешив, бришете ми го мислењето и на сите што ја продолживме во друго.
     
    На MarijaMi90 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Еве една друга димензија, колку само работите не се така како што изгледаат.
    Ова е актуелно во Грција деновиве:
    Керолајн (20) убиена од својот сопруг (33), пред нивното бебе откако му побарала развод.

    https://www.bbc.com/news/world-europe-57523469.amp

    Пред да го фатат и да го признае убиството, сопругот исценирал грабеж во нивниот дом. Медиумите цело време го претставуваат нивниот живот како "љубов од бајките", заедно биле од нејзини 15, буквално неразделни.

    "Заедно засекогаш, имај убав пат, љубов моја" постирал на Инстаграм неколку дена после убиството.

    Дали овде имало црвени знаменца? Само жените заробени во вакви врски тоа може да го одговорат. СДК стравот некогаш им е оправдан ако процениле дека оној со кој го делат креветот е непресметлив или не процениле дека заканите не му се само на збор.

    На крај може само да им дадеме до знаење дека имаат помош и подршка било каков избор да направат, наместо да судиме дека се прости што седат дома или дека треба да се среќни што не одат на работа и се пожртвувани за семејството. Не сме многу различни во менталитетот од јужниот сосед. И кај нив мислењето од околината и општеството е пресудно за одлуките кои ги носиме во животот, но тоа не значи дека не треба да се трудиме да еволвираме и да се осигураме дека секој човек е слободен да избере како сака да живее и да се почитува истото.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.644
    Пол:
    Женски
    Најубаво имај си макар и 100 евра заработени, него ли некој по нос да ти трие оти "те рани. Има секакви мажи ем не дозволуваат жената да работи ем и тријат од нос дека ја издржуваат.
     
    На hellocity, Idedemja, Осе и 10 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    А најчеста форма на насилство е домашното насилство.
    ... за жал...
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Од каде знаеме дали ти брани?!
    Секоја жена така збори;)
    Зошто се алудира на љубомора?

    Еве ти како многу активна членка следиш се, постојано си тука,отварај теми, дебарај си, ама неможеш да забраниш некому да се вклучи со сосема различен поглед од твојот:)

    Ако ти апропо дебатираш туѓи случаеви, тогаш не очекувај дека и ти нема да бидеш тематизирана

    А тоа со модератор-не модератор, време е да дигнеш рачна , јас сум член пред се исто како и ти и дозволено ми е да кажам свој став па колку и ТИ да не се сложуваш:)
    Модераторството се состои во сосема други работи ама не и во изразување на свое мислење.

    Ете, од примерите се виде дека некои жени им се може и не сакаар да работат.Не е секаде забрана и љубомора во прашање.

    Ако сакаше да се збори за она што ги копка многумина во туѓа куќа што се случува, тогаш темата требаше да ја отвориш со сосема друг наслов и вовед....мислам, ако сакаше да ги замениш модераторите:)

    А тоа- мене не ме дебатирај....можеш секаде, ана не на форум;).
    Штом се изложуваш, влагаш во дискусии, тогаш очекувај и да ти врати некој со сосема друго мислење.
     
    На cresa-jagoda, baby-star, andromedae и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе ти не мора да ми верваш, имај си презумпции и зборувај општо.
    Зошто лично ми се обраќаш?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Темата е за онаму каде што има забрани.
    Затоа, не ги дебатирам оние кои така заеднички одлучиле.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Затоа што.многу сакаш дебати и често обвинуваш дека не знаат членките да дебатираат.
    Еве...дебатирај.
    Повели.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Еве дебатирам:

    Има жени на кои мажите им за брануваат да работат и тоа е општествен проблем.

    ... надоврзи се...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Можеби мажот одлучил за доброто на фамилијата ама не е љубомора во прашање.
    Економичност и предимство на децата и домот пред 15000 денари плата.
    Некаде и за тоа се равоти.
     
    На cresa-jagoda, mssuniquee, Nikolina35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама мажот нема право да одлучи во име на двајцата.
    Мажот може за себе да одлучува, жена му треба сама за себе да си одлучи што сака да прави.
     
    На x-MajaEsposito-x, nextredstyle, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Одлуката чија е да е,треба да е разумна.
    Па и да е на мажот...проблем е??
     
  18. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.817
    Пол:
    Женски
    Мислењата се флуидни и во тоа е убавината. Не мора одма да сме етикетирани со предрасуди.
    Еве сметам дека тие 100евра тотално ништо нема да и сменат на жената ако истите многу повеќе ги добива од пасивен приход. Може и да е нејзин. Само не дека ајде по секоја цена сега работи за тие 100 евра иако не ти значат ништо.
    Мене ми е смешно кога дискусиите од општа тема преминуваат врз лични ставови, конкретно дека секој што не се согласува има предрасуди.
    За забранување за работа, пак пишувам, не мислам дека е тоа толку често колку што сами го толкувате така. Како што и мене ми беше судено затоа што пишав дека и родителството е работа и процес, така и лесно може да пресудите дека комшиката која по свој избор не сака да работи, и е забрането.

    Дека се поретко има покорни жени е факт, пука развод на секоја минута.
    Ако навистина се забрани, нема да трае долго.
    Ама муабетов ради колеги да не гледа на работа ми личи на некоја источна земја.
     
    На mal.ecka и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Проблем е ако ти не се согласуваш.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Секоја наметната одлука е проблем. Ако е сопруг не е Господ.
     
    На Glowy, Amellie13, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.