Демек оние што одат на работа не им е битно да израстат здрави индивидуи? Покорни жени? Дали озбилно?
Eve na pocetokot site se nadovrzaa so primeri od na komsikata sedmata bratucetka pa sestra i. Konstatiravme deka se sveduva na ljubomora, neiziveanost, vospituvanje od doma... Ako celta na temata e da se davaat primeri kako poznavame nekoja Trpana sto ne raboti zaso Trpe rekol - Ne zeno ke gotvis doma graF namesto da 8 saati da gi proagjas nadvor negde, ok togas ke redime primeri. Vo sprotivno diskusija ke se razviva i so poinakov tek. Ne smetam deka e opstesven problem, zatoa sto zenata ima pravo na mislenje i stav i Trpe so negovite zabrani moze gzot da si go brise. Ako nekoja Trpe go poslusala ne e problemot vo nego ami vo nejze zatoa sto nema svoj stav da presece. Isto taka ima mnogu zeni sto im odgovata Trpe da im rece - Sedi doma nemoj da rabotis za minimalec, pa niv polesno im e da se sokrijat pozadi mislenjeto na Trpe nego li sami da si priznaat deka povekje sakaat da si ia ladat doma pod klima namesto u 4 saat po zesko da se vrakjaat od rabota. Mene maz mi ne moze da mi nalozi bilo sto a najmalce dali da idam na rabota ili ne bez razlika dali negovata plata stiga za dvajcata ili ne.
На жените кои го слушаат Трпе, им треба помош. Јас не кажав ни еден пример, оти не знам. Ама на темата од која произлезе оваа тема, имаше пример од членка која сама за себе го кажа. И од таму се разви оваа дебата. Другите што пишуваат примери од рекла-казала е на нивна совест.
Не спомнав такво нешто. Мојата перцепција е дека во родителството има цела наука и ако некој има можност тој период да го одвои за тоа, супер за него. Некој оставаат да растењето биде go with the flow, а некои се впуштаат во поголемо емоционално едуцирање, прво на самите себе, а после како тоа да го втемелат во потомството. Има цел спектар карактери, нема најМајка и помалку мајка. Не ме толкувај обратно. За покорни жени - жени што го слушаат својот маж да одлучува за нивните постапки. Да озбилно, посочи каде лошо протолкував? Луѓето купуваат кола па читаат упатство, а не земаат да прочитаат нешто како да израснат деца без старите методи на критикување, рушење на самодоверба, константно стварање комплекси. Само затоа што тоа е единствениот начин што го знаат и не мислат дека родителството е процес и наука.
Последно кога проверив немаше официјални студии за мајчинство со задолжително присуство и полагање. Постојат книги, статии кои можеш да ги читаш пред и за време на мајчинството, во слободно време, наместо нели да скролаш на фејсбук, форуми, љубовни романи да читаш, рецепти за кифли и торти да бараш. Не се книги од 500 или 1000 страни за кои имаш рок до крај на семестар. Така да, науката мајчинство што некој ја одбрал наместо работа за да има супер деца за разлика од просекот наоколу...е само изговор.
За кого? За тебе да, за некого не. Правила нема, во својот свет сите сме задоволени со своите одлуки. Ама постои и друг свет од нашиот и се додека е со некоја замисла за подобро утре, освен што не штети, туку и е позитивна промена. Не е се црно и бело, тоа пробувам да го кажам. Не е мајката што седи дома обесправена, а таа на работа тотално исполнета. Мора да прифатиме и туѓо размислување пред да впериме прст.
Не вперувам прст, си кажувам што ми се свиѓа а што не кај нечии одлуки. Кажувам моја верзија на настаните. Пошто сакам да си кажам. Не затоа што лично ме занимаат туѓи одлуки и начини на живот.
Не е исто да седнете со сопругот и тој да рече- види јас заработуваам доволно, доколку не ти се оди на работа, не ти е добро работното место, сакаш да ги чуваш децата НЕ МОРА да работиш. Ама потоа таа располага и со неговите приходи исто како со свои. И таа има пристап до сметката. И таа постојано има пари во неа. Сосема различно е да ти рече јас заработувам доволно ти НЕ МОРА да одиш на работа седи си дома, АМА парите се само негови, пристап до нив имате само ако побарате со намена, пример дај ми 200 ден да пазарувам за ручек, утре дај ми 150 ден да купам месо и млеко трет ден дај ми....и потоа и вика само пари ми тражиш што работиш по дома еве детето е болно, ручекот е загорен. И третиот случај е нема ти што да одиш на работа, имам јас плата и приходи ти ќе си седиш дома. Точка крај на муабетот. Е навидум е исто, ама не е.
Еве јас сум една од тие жени што не работат зашто маж ми зема буквално 8 пати поголема плата од јас што земав на последното работно место. Не морам да кажам дека имам и повеќе од доволно и за мене и за ќерка ни. Колку сакам, што сакам и кога сакам. За некого е несфатливо и може нема да ми верува ама картичката на која што мм зема плата е кај мене, јас располагам со парите, јас кажувам на што ќе се троши. Мм е човек што не многу гледа да штеди, па така не штикли од 100 евра, може и од 500 да ми донесе дома и ич око да не му трепне, што за мене е незамисливо и надвор од сите нормалности. Затоа со финансиите располагам јас. Стаж ми тече, пријавена сум во фирма на наш пријател. Куќа, кола и се што имаме е на мое име. Имаме причина за тоа, не дека јас или мм сакаме така. И сето ова го пишувам затоа што е анонимен форум, овие детали ги знаат само нашите родители. Никој друг не знае точно колку плата зема мм, знаат дека е висока ама точна сума, не. Не се работите црно-бели секогаш. Јас и мм сме 10 години заедно, сме поминале буквално и сито и решето. Имавме период кога он вложуваше во себе, односно му се пружи шанса, тогаш само јас работев за минималец, скоро цела моја плата ја дававме за него, негови полагања, обуки, сертификати... Колата што тогаш ја купивме, ја исплаќавме од платата што тогаш јас ја земав. Се случувало да одам на работа од сабајле, плин во колата на минимум, а пари во новчаник уште 50 денари. Сум се молела да не ме остави на сред пат, зашто немам пари да ставам плин. А се надевам дека дента ќе пуштат плата, па да можам да се вратам до дома. Нормално дека еднаш се случи да не пуштат, па ја оставив колата на работа и си отидов дома со автобус. За толку имав. Не ми паднало никогаш на памет дека ќе го злоупотреби тоа. Од прв ден како сме заедно знаевме дека имаме исти цели, знаевме дека јас и он сме си најдени за цел живот. Ништо не е совршено, на сметка на се тоа, мм е многу отсутен од дома, ни недостига премногу, таа плата никој не ја дава со 8 саати од 8 до 4. Ама да сме здрави и живи, се надевам дека тоа ќе се промени за брзо. Според постовиве овде, сега претпоставувам како луѓето околу нас, роднини, пријатели, комшии, не гледаат мене и мм. Тој работи, она даде отказ, сигурно овој е љубоморен. Дури може и ме жалат. Што од моја гледна точка, далеку сум јас за жалење. И пред да ме прашате, ќе ви кажам дека имам и јас цел во животот да почнам нешто мое, имам желба за свое катче, само тоа ќе биде понатака кога малово ќе ми пркне и ќе бидам послободна. Сега на таа плата што мм ја зема, јас да работам за минималец и да се фалам колку сум јас независна, не само што е смешно туку би било и трагично.
За едно сме сите согласни,а тоа е дека никој нема право да и го забрани на жената да оди на работа. Конкретната тема е причини и освен љубомора ништо друго не би ми паднало на памет. Е сега кој ќе работи е ствар на договор во семејството,се прават компромиси. Најчест пример е кај спортистите.Они немаат одредено место на живеење,имаат одреден број на тренинзи во денот,патувања,чести селења и сл.И тогаш жената прави компромис,за мажот да успее,му дава целосна поддршка,чува деца дома.И знаат дека тоа вечно нема да трае,зошто си имаат одредена старосна граница до кога ќе може да се бават со спорт.И онака млади одат во пензија,па отпосле жената може да си брка кариера и сл.Ама се тоа е ствар на договор,компромис меѓу нив двајца.А кога станува збор за забрана тука нема ни што да се дебатира.Тоа не е нормално.
Темата беше за мажите кои што им забрануваат на жените да работат. Не знам како 95% забегаа од темата. Едно е да ти забранува друго е заеднички договор. Во темана за едно дете Реин одма ги построи сите да нема оф топик, во оваа нема кој. Треба да се смени насловов на темава и да се отвори нова за мажите кои им забрануваат на жените да работат.
Јас на темата прочитав само едно единствено мислење од членка која си кажа лично нејзина ситуација дека маж и и забранува да работи. Се друго е комшиски муабети, на сватот братучед, па вујна негова. Затоа и изнесов детално мој личен пример. Зашто и на сватот вујната може е како мене, ама од страна луѓето друго си мислат и зборат. Затоа реков, не е се црно-бело и сигурно некој нема да се правда на комшиката Перса зашто не работи и дали маж и и забранува. А Перса може се да каже и прекаже, дали е вистина, никој не знае.
На анонимен форум? Премногу сериозно си го сфаќате интернетот. Не верувајте на се што ќе прочитате, не мора да значи дека е вистина.
А што е поентата да се објаснуваш или еве и да лажеш на тема што нема врска со твојот пост? Насловот е доволно јасен, а ти си веќе втора што се објаснува зошто не работи? Ако немаш мува на главата, не си ја шикај
не смее некој да сподели позитивна приказна? или само за лошите мажи што забрануваат треба да читаме аманте или ќе е фалбаџика или неработлива или неамбициозна, ама никако различно сфаќање не се признава
Објаснив погоре зошто го напишав мојот пост. И толку, не мислам повеќе да се објаснувам. А и не гледам дека ти пиша нешто во врска со темава.
Сите што пишавме некои примери, не лично наши, пишавме затоа што сме знаеле, не од претпоставки. Сигурно нема да лупаме без врска. Јас пишав пример моја колешка, значи жената на телефон со мажот се расправаше, нервозна 8 саати и кога даде отказ по околу една недела, сигурно тоа од своја волја дека мажот заработува доволно било и супер им е. Само вие со примериве ваши се' знаете.