Пријатели со бенефиции на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од artemis.612, 28 септември 2017.

  1. artemis.612

    artemis.612 Нов член

    Се зачлени на:
    28 септември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дечкото го запознав сосема случајно, во рок од една недела излеговме, неколку пати имавме секс, излегувавме и во друштво онака опуштено и сосема другарски. Уште од самиот почеток двајцата констатиравме дека сме само 'friends with benefits' затоа што јас апсолутно не барам сериозна врска, а колку што можев да заклучам од разговорите исто и тој, дури и му кажав дека досега никогаш не сум била заљубена. Таа недела навистина бевме само пријатели што после дружба имаат и малку забава :)
    Јас живеам во друга држава и веќе си заминав, првите денови се допишувавме најдругарски, тој беше тој што ми праќаше негови слики сл., но потоа од чиста мира на моето најобично прашање направи само 'seen' и не даде никаков одговор веќе 2 дена. Проблемот е што не знам дали претерувам, дали едноставно заборавил да ми врати и тоа е тоа, од друга страна па не ми е сеедно зашто можеби си помислил дека премногу се зближуваме и пробал да се оттргне што мене ми е сосема во ред, ама не на таков начин, врати, кажи чао и тоа е тоа! Е сега не знам дали да му напишам една убава порака дека нема потреба да се грижи дека може да се случи нешто повеќе, дека сакам да сме само другари кои кога ќе се видат малку се забавуваат и дека сето тоа останува во спалната и дека нема потреба да се меша со другарството или па да ја оставам ситуацијата таква каква што е па да го барам дури за неколку месеци кога ќе се вратам дома. Ако навистина заборавил да врати не сакам да испаднам параноична и полна со делузии и да го исплашам, но барем ќе му кажам се искрено и директно во мој стил, особина што ми кажа дека навистина ја цени. Од друга страна па не сум толку приврзана за него, едноставно не сакам да изгубам другар поради нерасчистени сметки.
     
  2. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Oh lord, here we go again. :) Ако читам меѓу редови во напишаново, гледам дека се обидуваш да рационализираш, демек не ти е гајле што не ти одгворил, ама очигледно е дека ти е. Другар, неможе да ти биде, од причина што и во сексот има емоции и порано или подоцна ќе се приврзеш за личноста. Мое мислење, не му пишувај и не го барај. Сега му е набилдано егото дека има имал секс без обврски, па има самодоверба подиректен да биди и со други девојки. Машка психологија, ако добил лесно на едно место, ќе се проба и на друго. Затоа и не ти пишува.
    Борец сум за женски права и во никој случај не би судела. Убаво е што ги следиш инстинктите и немаш табуа, ама да си признаеме, емоционални суштества сме и се чуствуваме повредени ако недобиваме доволно внимание.
    Продолжи си со нормален живот и може тој ќе те побара. А ако не те побара, пак не е крај на светот. 8)
     
    На Troi, BabyStyle, boo3 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Не постои такво нешто, пријатели со бенефиции. Секогаш женското се заљубува, а кога нема да добие повратен одгвор, кога нема да врати на порака, кога нема да се јави, сето тоа завршува со солзи и со сомнеж во самите себе. Пријатели со бенефиции е термин со кој дечкото си кажува дека ќеф му е да се плесне неколку пати, а после тоа може и да се фали дека се плеснал или не, зависи од човекот и никогаш да не ти се јави. Зошто ? Зошто само за секс е, за ништо друго.
    Нема ни п од пријателство каде сексот царува, ако ти се другарува не си требала да имаш секс со него.
     
    На hermosa, mira.mira, AURUA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    Изгледа сепак си се приврзала а не сакаш да си признаеш самата на себе, па бараш изговори демек не сакаш да го изгубиш како другар, а тебе ти значи малце повеќе.
    А тој ? Сакал секс без обврски тоа и го добил, сега си далеку па не гледа причина за да контактира со тебе.
    Ќе те бара тој следниот пат кога ќе разбере дека повторно си вратена.
     
    На celineparis, AURUA, Arthur и 7 други им се допаѓа ова.
  5. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.602
    Пол:
    Женски
    ^бре,бре колку лесни испаѓате вака.Типот се омрсил убаво баш му е гајле ти како го доживуваш и дали требал барем чао да ти пише. Поефтини од парче месо у месара се праите и после не ти пишал ништо. Па нит јас на негово место не би пишала. Побогу зошто? Што муабет ќе ти терам кога те гледам како дупка за секс а? Ај не се бламирај и продолжи си со животот. Искуство плус ќе те научи како во иднина со божем секс без емоција. Тоа нема,освен ако си дрво пијана или на тешки дроги.
     
  6. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    2.218
    Си развила чувства и тоа е тоа. Едноставно почекај неколку дена, пиши му пак некој општ муабет таму за што и да зборите и ако не ти врати избриши го од животот и друг пат не се впуштај во вакви френдс бенефитс ситуации.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.511
    Допаѓања:
    125.948
    Пол:
    Женски
    Јас под пријатели со бенефиции подразбирам да си со некој бивши, знаеш си била со него и пак ве влече страста, нема емоции само привлечност.
    А со некој нов го гледам како чекор погрешен, те заболело што те оставил на сеен па сега бараш изговор да му пишеш.
    Ти си далеку, на типот му било чудно два дена а потоа си продолжил со животот а најдобро и ти да го направиш истото.
    И дајте со тоа лесна ова она веднаш осудите, не дошла да бара осуда туку совет.
    Нејзин си е животот што сака ќе прави, вас сигурно нема да ве праша.
     
    На Michelle*, MariFZF, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.115
    Пол:
    Женски
    Не му почнувај со исповести. А ако сакаш да го натераш да разговара со тебе, секогаш има начин.
     
  9. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Prvo da kazam opsto.

    Prijateli so beneficii e edna od najpogresnite vrski, poradi nekolku faktori koi voopsto ne se za zanemaruvanje.

    Emocii postojat, kolku i da se negira. Sekogas, ama sekogas edna od dvete strani custvuva (i se nadeva na) nesto poveke, za na kraj da izvisi, ostanuvajki bez nikogo i bez vremeto koe go potrosila, a vremeto ne se vrakja.

    Da gi spomneme - spb, onoj koj odlucil da ima seks bez obvrski so edna licnost, moze da ima vo ist period seks bez obvrski i so nekolku drugi licnosti, so nekoi so zastita, so nekoi bez zastita, taka sto samo po sebe promiskuitetnoto odnesuvanje nosi visok rizik.

    Se postavuva i prasanjeto, sto vo slucaj na bremenost? Sto moze da se ocekuva od drugar so beneficii? Ke iscezne ili ke ja odnese drugarkata da abortira, kako abortusot (bez ogled dali e nesakana bremenost) da e odenje na kafe?

    Drugarstvo so beneficii, vo koe ednata strana e vo brak, sto ako bracniot partner doznae i dojde do raspad na brakot? Vredi li samo zaradi seks da se unisti semejstvo?

    Tocno e deka i vrska od ljubov moze da zavrsi neuspesno, moze da ima nesoglasuvanja i problemi, no barem vo najgolem del od normalnite vrski se znae koj so kogo e i zosto e, taka sto bez ogled po koja osnova ima nekakva sigurnost i kaj dvajcata.

    Ne e dobra nitu opcijata, da se bide drugar so beneficii so poranesen partner(ka). Ako vrskata bila vo red nemalo da zavrsi, taka sto ako ne mu cinela ili ne i' cinel dodeka bile zaedno, posle za seks moze da cini? Toa e ponizuvacko gledanje, koga kako sto rece nekoj prethodno, edniot vo ocite na drugiot e parce meso.

    Sekoj moze da bide necie se', a koga veke moze da bide necie se', ne mora da se potceni so toa da bide necie nesto.

    Sega za konkretniov slucaj.

    Od edna strana sakas vrska bez obvrski, a od druga se prasuvas zosto si ostanala na "seen".

    Koga si tuka e toj, a koga si nadvor od drzavava tamu e nekoj drug? Se prasuvas li kade si ti vo se' toa?

    Najdi si covek, so koj ke imas vrska na koja vredi da si go trosis vremeto, bidi necie se'.
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На Dark artist, hermosa, molikaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    758
    Пол:
    Женски
    @artemis.612 Нема да ти давам совети и да ти кажувам прикаски, ама прочитав многу коментари какo таква врска не чинела, дека он те гледал само за секс и бла-бла (што можеби е и вистина зашто не го знам човекот), но еве како за пример: еднаш одамна и јас почнав една таква врска базирана на секс и пријателство затоа што јас бев таа која што не сакаше да има никаква врска, преку глава ми беше и од љубов и од заљубувања и едноставно сакав само да си имам fun и многу јасно уште на самиот почеток му дадов до знаење дека меѓу нас нема да се случи ништо повеќе од тоа. Секако, ни он немаше ништо против тоа.

    Денес, 10 години подоцна сум среќно мажена за истиот тој човек :inlove: и воопшто не се каам што ја почнав врската на база пријателство и секс. Ете само како пример дека не е се така црно како што се пишува и дека во љубовта нема правила.
     
    На Dark artist, Michelle*, Bankarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    4.103
    Пол:
    Женски
    Стави го ти на игнор, и ќе видиш дека за некое време он ќе ти пише прв.
     
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.978
    Допаѓања:
    12.492
    Пол:
    Женски
    Имав и јас еден другар со бенефиции од туѓина. Кога беше тука се гледавме, се беше топ. Кога беше таму, едно "шо правиш како си?" Одвреме навреме и толку. 2 лета траеше тоа, на 3тото веќе си имав дечко.
    Зборот ми е, не очекувај којзнае каква комуникација сега. Можда не ни сака воопшто.
    Батали го, ако ти пише арно. Ако не, здравје.
    Самата далечина ќе си го направи своето и ќе се заборавите.
     
  13. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Зашто да му пишуваш? Нели сакаш секс без обврски? Тогаш нема потреба ни поента да му пишуваш. Сте се договориле, сте разговарале што како ќе биде и тоа е тоа. И без врска е сеа да си праиш филмови за глупото seen. Не ти вратил, не ти вратил, тоа е тоа. Нема обврска да ти врати, не сте у врска, сте се сексале и тоа е, немора да има никаква друга комуникација освен за договарање за секс. Коа ќе се почне со муабети со бла бла ствари веќе тоа секс без обврски добива друга димензија и оној на кој не му одговара тоа става кочница. Биди ти мангупка стај ја ти кочницата и не се замарај дали ти пишал или не.
    Не е точно. Не секогаш женското се заљубува. Јас па имам неколку обратни случаи кои ми се десиле лично на мене. Сакам секс без обврска, се гледаме неколку пати и типот почнува да ме замара, да ме чуел како сум, шо праам... мислам дај олабави, иам кој да ми се јавува на тел и со кој да искачам да пијам кафе и ред други работи, ти си ми за секс и не ги мешај поимите. Исто и со друг, се сексаме 2-3 пати по ред, четвртиот пат се договараме, он доаѓа ме зима од дома и ми вика „Кај сакаш да идеме на пијачка?„ На пијачка бе, алооо за секс се договараме, каква пијачка? Другарките ме заебаваат дека јас сум ко мушко у работиве хахха. Ама со другари не се сексам, со другари можам да искачам, да се смеам, да шетам, да се дружам, да си се доверувам и немам ни физичка привлечност ни ништо. Тој што е за секс е само за секс и за ништо друго, значи несакам после да се допишуваме, па ми врати, не ми врати не бреее, да бил добар немал да ми биде само за секс туку ќе ни идел и муабет и се, вака треба да се поставвуа јасна граница.

    А ти па многу тешка ќе испаднеш ако го мафташ некој 2 месеци пред да легнете? Типот се омрсил, а она што напраила, на неа тешко да не и било? Само тој имал задоволство демек? Читаш ти убаво дека девојката пиша дека она така сакала да биде само на секс, а не врска и глупости? Ама ете, она почнала така ама сакала и да се дружат да си пишуваат, што не иде, а тоа не значи дека девојката е поефтина од кило месо, сексот со некого не те праи поскапа или поефтина или не значи дека машкото поише или помалку ќе те цени.
    Сум имала и ќе имам сексови без емоции СВЕСНО, тоа не ме праи мене дупка за секс сфаќаш? Ако ти себеси се доживуваш и си се вреднуваш како дупка други девојки не го прават тоа. Како се гледаш и како се вреднуваш себеси така и другите ќе те гледаат.
     
    Последна измена од модератор: 3 октомври 2017
    На Dark artist, Mr.Jack, Troi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    @Bankarkata браво бе женска ако можеш така да се плескаш, а да не осеќаш ништо. Тоа е предност. Јас не би можела, зошто изгледа покрај добро поминато време сакам и такви нормални работи што би ги правел нормален маж.
    Ретко да слушнам женско само за таква работа дека си има некој, јас не те осудувам напротив. Ако ти е убаво така прави си како што ти одговара. Сакаш да кажеш дека ако ти е погоден сексот, а почнува и дечкото убаво да се однесува нема да му дадеш шанса зошто си сакала само секс ? :)
     
    На emotivnadevojka и AURUA им се допаѓа ова.
  15. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Секој има потреби, а и неможам да се заљубам туку така во некого, па да чекам да се развијат емоции па тек тогаш да имам секс, ако можам одма да го обијам на многу поедноставен начин зашто да не? Ехее убаво пишав во една од темите дека секс може да се најде на секое ќоше.
    Да не ме сфатите погрешно, не идам јас од к на к да се плескам онака со некого, ама имало периоди кога само сакаш да имаш секс со некого и никакви други обавези ни замарање.
    Нормално дека и јас сакам и врска и разбирање и љубов, искачање и се бе, цел пакет, ама не секој може да ти го понуди тоа, т.е. може ама не сакам од секого тоа. Може некој е таков глупичок, а на физички излгед ме привлекува и е добар у кревет одма го ставам у класификација дека оне амтеријал само за кревет, а не за врска. Или налетувам на тип бомба, ми праи некои филмови, а го знам дека е тежок женкар исто он не е материјал за врска и не е тип за муабети, кафиња, искачања туку одма го ставам у амтеријал за телесни потреби хахах. Значи машките така функционираат, си праат и они комбинации која им е само за секс, а која е погодна за врска, така и јас.
    Секој дечко со кој што сум била и општо и само за секс се однесувал убаво со мене, како прво јас не дозволувам некој да не се однесува убаво со мене, секој знак на дрско однесување, глумење мангуп, курчење и омаловажување го сечам одма, значи како ќе си дозволиш така и ќе те третираат. Не велам јас дека неможе да се развијат емоции, секако дека може, ама ете мене не ми се развиле, најверојатно затоа што сум имала само физичка привлечност кон тие особи, а на друг план не ми се погодиле па затоа и не искочило нешто поише. Само јас не сум легнала со непознати што првпат ги гледам туку секако прво ќе се запознаам да видам што како е, не одам да ги бирам еј овој за у кревет овој за врска, треба да има комуникација да се запознаеш и се ама глеаш дека не го бива за муабети, з зезање, дека неможе да ти парира у разговори и други животни прашања па го ставаш само за издувување и тоа е. Нормално дека може да се развијат емоции, да видам дека покрај сексот и муабетот ни е топ и ми е убаво, ме смее, ме исполнува па да прерасне тоа у нешто поише. Ми се случило и тоа, всушност така беше со бившиот дечко, се дружевме некое време искачавме, легнавме, почнавме да се глеаме само за секс се се вртеше околу тоа и постепено прерасна во врска, година ипол бевме заедно и баш супер врска имавме ама еден кикс и толку е кај мене. :D
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.659
    Допаѓања:
    143.524
    Девојки, сексајте се со кого сакате и колку сакате. Не морализирајте и не наметнувајте ваши ставови..
    Искажете се и дебатирајте, но не се обидувајте да разубедувате членови дека вашето е точно...


    :)
     
    На emotivnadevojka, Michelle*, Troi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Машки
    Си добил тоа што сака. Секс, забава, материјал за фалење пред другари, а ти си останала заљубена како што се и случува со најголемиот дел од женскиот пол коишто практикуваат таков секс. Продолжи си со животот и заборави го.
     
  18. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.926
    Допаѓања:
    126.418
    Пол:
    Женски
    А која е разлика меѓу пријател со бенифиции и пријател со бенифиции на далечина? :^) Ај да речиш дечко, паси приврзан за него, ама нели со пријател со бенифиции е само секс. :wasntme:

    Конкретно за случајот на @artemis.612 јас да би била на твое место би му пишала уште еднаш. Ама буквално уште еднаш, како последна шанса. Баш поради причини кои ги велиш „не сакам да изгубам пријател ради нерасчистени сметки“, се ова што го пиша, да му го опишиш него, па да видиш на што сте. И ова пишуваното е доста одамна, па можеби до сега нешто се среди, или имате зборувано?
     
  19. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    837
    Пол:
    Женски
    кога ќе прочитам лесни сте зошто се впуштате во ваква врска коса ми се крева на глава
    па во случајот и тој е лесен нели? или само затоа што е машко тој користи.Па и таа го користи него за лични задоволства бог да чува од поштените
     
    На Bankarkata му/ѝ се допаѓа ова.