Пријателство после прекин Со својот поранешен партнер сте делеле некој убави моменти, заедно сте се смееле и плачеле. Но во еден момент ќе слушнете„ Можеме да бидеме пријатели! Но дали навистина можеме да останеме пријатели со поранешниот дечко. Ретко која врска завршува со „спонтан прекин“. Едната личност обично остава, а другата пробува да го преболи раскинувањето со недели, месеци. Не е лесно да прекинеш врска со некој со кој на вас ви било добро ( или лошо но барем сте имале друшво за тоа). Тој што остава, за да си ја смири совеста или да ви се доверува а немора да биде врзан со вас, ви нуди пријателство за замена. Сепак, многу грашат мислејки дека со тоа што останале блиску до бившиот како пријатели, некако ќе најдат начин да бидат повторно со старата девојка или дечко. Односно прифаќаат компромис но на себе си направиле лоша услуга – што подолго се пријатели, толку повеќе тоа негативно ќе се одрази на нивните чувства. Правење на монструм Со тоа што ќе ја убедите оставена страна дека не е се така црно помеѓу вас бидејки сакате да останете пријатели ја охрабрувате дека нема да мора да продолжи без ваше присуство и и давате надеж дека помеѓу вас повторно ќе се вратат старите чувства. Оставениот може мирно да спие и да иде на кафе со својата поранешна љубов кој за возврат, може да има покрај себе невнимателен посредник кој ќе му го скрши срцето и ќе го потсетува на пријателските мејлови и пораки. Ваквите пријателски излегувања не траат многу и неретко се полоши од самиот прекин. Зошто поранешните мораат да бидат поранешни. Иако можно е да имате секс без обврски со пријателите, во повеќето случаи за одржување пријателска врска откако сте имале интимни односи е многу тешко. Секогаш ќе имате пред очи слика од него без облека, а ќе се сеќавате и на парфемите, допирте или музиката која сте ја слушале додека страсно сте воделе љубов. Нема доверба Можеби вашата желба да останете пријатели е јака, но како на поранешниот партнер ќе му објасните дека се гледате со пресладок дечко кој сте го запознале во теретана пред некој ден? Како ќе му кажете дека таа насмевка на лицето неможете да ја симнете како резултат на неверојатниот секс кој синоќа сте го имале со него? Дури доколку сте во ситуација сето тоа да му го раскажете на поранешниот партнер, новите врски или дечковци ќе бидат проблематична тема. Дали вашата гордост може да поднесе на пораншниот да му раскажете како тој сладок дечко од теретана ве возбудил? Статијава е превземена од порталот http://www.otvori.com.mk (http://otvori.com.mk/?p=388) - линк
Искрено мислев дека може да постои пријателство после врската и сакав да одржувам контакт со бившиот, ама се покажа токму спротивното. НЕ МОЖЕ. Посебно ако едниот или двајцата се уште чувствуваат нешто... Тој не сакаше, затоа што му било тешко и не можел да ме гледа само како другарка.
Ние сме пријатели, кога бевме во врска бевме деца, и нормално беше пак да продолжиме да се дружиме. Бевме друштво и не можеше некој да се двои после тоа. Пак ќе речам дека голема улога играше тоа што не бевме интимни, додуша мали бевме , ама денес и на тие години паровите се поинтимни од порано , порано никој на 14-15 години не размислуваше за секс. Ние се зближивме многу ама не емотивно туку како пријатели кои се сакаат и си останавме еден на друг, секогаш кога ќе си затребаме. Еве сега може два - три месеци го немам видено , ама знам дека кога и да дојде и што и да му треба јас сум тука за него како другарка, исто и тој за мене. Па и врската ни беше таква, повеќе другарска.Тој е единствениот со кој сум останала не пријателка, туку другарка. Кога пораснав врските со дечковците станаа поинакви, со повеќе емоции, интимности и нормално дека со друг дечко не сум можела да останам пријателка, туку само на едно здраво. Еве дечкото од средно нема шанси да ми биде пријател, секогаш ќе постои некоја емоција која чека да се разбуди.
постои пријателство после врска,зошто да не времето поминува а некои спомени си остануваат во минатото.така да со моите двајца бивши сум пријателка не блиска бог знае како ама блиска да разговарам и да се поздравувам
Ако двајцата имаат расчистено со чувствата,зошто да не останат пријатели?Па и ако од една страна љубовта сеуште трае,на никого нема да му се исушат устата ако каже едно здраво!Сепак партнерите имале поминувано убави моменти заедно.Не сум имала кој знае колку дечковци,но со тие што сум ги имала стојам добро.Со некој само здраво со некој и повеќе муабет си правам,никој не не тера да бидеме најдобри другари-неразделни,но пријатели може.
Да!!! Јас сум жив сведок. Се уште контактираме, иако се разделивме пред многу време...Постојано ми пишува, се интересира како стојам со животот, дали сум добро...тоа се случува бидејќи и двете страни сакаат да останат во контакт и заедно да си се навраќаат на убавите моменти...но, пријателство може да се одржува само тогаш кога ниту едната ниту другата страна не се повредила и нема намера да го продолжи минатото.
Речиси невозможно! Не верувам дека тој однос помеѓу бивши партнери би можел да премине во пријателство, во заедничко пиење на кафе, во водење на нормален разговор, одвивање на нормална комуникација! Со бившиот дечко не може ништо да се одвива нормално освен едно ,,здраво,,! Се друго би било неискрено комуницирање! Особено ако се прекинала врската на болен начин (што е чест случај во врските), или ако еден од партнерите излегол од врската со силни чувства кон другиот, се прашувам како тогаш ќе се одвива пријателство помеѓу тие бивши партнери???? Можеби има исклучок, кога и двајцата биле деца и немало никаква подлабока интимност помеѓу нив, тогаш е возможно кога ќе созреат да се гледат себе како пријатели смеејќи се на детските спомени... но кога станува збор за возрасни луѓе кои имале нормална врска... после таа врска ги прати неуспешен обид да градат искрено пријателство!
Ако згаснала љубовта од двете страни, а останало пријателството и блискоста, зошто да не. А ако врската прекинала по желба на едниот партнер, а другиот сеуште има чувства, нема шанси да опстои такво пријателство. Заљубениот секогаш ќе се надева и тоа ќе му биде мотивот за дружење. Ако пак се испокарале нешто ептен, треба мноогу време да помине да се смират работите и да се заборават навредиуте, па евентуално да се продолжи со пријателство ако имаат заеднички интереси, слични се, но не се за во врска за ради некоја ненадминлива разлика на пример... Тогаш мооожеби!
Ние сеуште имаме некои чувства еден за друг, но кога учи веднаш до мене и им е најдобар другар на сите мои другарки и другари, како да не оддржуваме контакт? Но сеуште не му простив за тоа што ми го направи. Еден ден откако раскинавме се смува со мојата најдобра другарка -.- Нејзе и простив, но сепак пак те боли срцето кога ќе ги видиш заедно како се бакнуваат. Секако ќе посакаш да бидеш на нејзино место и ќе ти се вратат спомени.
Не верувам во пријателство после врска! За мене тоа е нешто речиси невозможно. Без разлика дали сум била повредена или не, никогаш ,а ама баш никогаш не сум останала ниту пак сум сакала да останам приајтелка со бившиот. Ако нашата приказна завршила, нека биде крај.МОжам само да го поздравам кога ќе го видам, ама да контактирам не доаѓа во предвид! Не знам како да се изјаснам за да ме разберете..ама многу глупаво ми делува јас сега да правам пријателски муабет со некој со кој сум била во врска, сум делела интима и сл. Тоа е само што постојано ќе те навраќа на минатото, туку дава впечаток за лабилна личност. Имам другарка која настојува да остане во добар однос со бившите, па се случув на кафе да ја викнат...и да, она ќе отиде. И каде е дечко и во ситуацијата? Каде е нејзината гордост? Каде покажува дека цврсто стои за своите одлуки? Никаде... Нема, едноставно нема смисла другарство со бивш дечко.
Со сите бивши сум за здраво и ништо повеќе, освен со еден. Неможам да бидам пријателка со некој со кој што сум делела се. Ај оние врски кога сме биле деца, ок, освен бакнежи ништо повеќе немало, па ај да останеме пријатели. Но, со дечко со кој што сум имала апсолутно се, не би можела. Што треба да му кажувам кој ми се допаѓа, со кој сум била, па и тој мене? Не! Имам бивш во иста група сме, но не контактирам со него. Мислевме ќе можеме да бидеме пријатели, пробавме недела дена од кога раскинавме, но непријатно ми беше кога зборуваше за други девојки, сигурно и нему му било. Но, можеби се зависи и од тоа каква била врската.
Не сум за тоа.Пријателите се пријатели,бившите се бивши.Не ми е битно како се завршила врската,дали по обострана иницијатива,или само по желба на едниот.И воопшто да не ме интересира повеќе,настојувам да има дистанца,може некогаш здраво во некоја ептен неизбежна ситуација.Тука не ги вметнувам детските љубови,онакви какви што се наивни и невини,не мораат понатаму да придонесат за целосно дистанцирање
Јас не верувам во пријателство по врска, лично од моја страна не можам да гледам некој како пријател кој сум го сакала, сум имала врска со него, сме делеле толку работи... Нема да можам да го гледам а да знам дека се тоа што сме имале изчезнало, мислам дека и луѓето кога се во врска се поинакви, потопли, а со пријателите се однесуваат поинаку.. Можеби по подолго време кога чувствата што сме ги имале ги снема и од двете страни би можело да постои некакво пријателство ама не знам
a soto da ne ostanime jas so bivsiot sum drugarka i toa ne razdelna po cel den sme aedno i zaedno si izleguvame toa sto sme imale pominalo drigarstvoto ni ostana i sega sme bliski kako nikogas dosega postoi ljubov no samo dugarska nisto poveke [mod-kirilica:y30833l7][/mod-kirilica:y30833l7]
Заедно пораснавме ,тука нешто се заплетка и станавме повеќе од најдобри пријатели. Се случи спонтано и верувам беше природно , крајно предвидливо. Не беше другарство , љубов не беше , можеби симпатија можеби нешто измеѓу. Изгледаше логички. Но не и правилно , сега кога гледам назад. Иако строго односот го дефиниравме како љубовна врска , тоа не беше тоа .Повеќе бевме пријатели од љубовници.Така и завршивме,и до денес сме добри другари , знам дека на него можам да сметам во секое време. Љубовната врска може да прерасне во пријателство , само ако има искрен компромис и желба од двете страни , ако на истата се ставил мирен крај ...ете едноставно се случува ама ретко.
Тоа пријателство го предложува оној што не може да го преболи раскинот и сака да остане во контакт со партнерот/партнерката. Пријателство после врска мислам дека не може да опстане. Една моја другарка кога раскина со својот дечко пробаа да останат другари и тие продолжија да комуницираат а тој почна да и префрла зошто таа се гледа со друго момче, зарем не го сака повеќе (па со кое право?). Мислам дека најдобро е кога двајца ке раскинат да го направат тоа на смирен и културен начин и секој да си тргне по свој пат, секако не треба да се мразат и да се вреѓаат секогаш кога ќе се сретнат на улица, доволно е само едно здраво како си и таков бош муабет.
Ако била вистинска љубов,во која и двајцата многу се внесиле,не постои пријателство после таква љубов. Ако не ви значел многу,сеедно ќе ви биде дали сте на здраво или продолжувате да бидете пријатели. Не можеш да бидеш пријател со некој кој своевремено,ти бил се во животот. Јас само со оние кои не ми значеле многу сум во добри односи. А со Тој.. Сега да ме прашувате,би сакала да бидам пак другар со него.Неповторлив е како другар. Сакам да бидам пак другарка со него,дека го заборавив.Ама да го сакав сеуште,нема теоретски шанси. Тоа е...
Мене не ми се допаѓа пријателството по врска. Мислам дека можеш да бидеш на едно здраво со бившиот, но за пријателство или блиски пријатели сметам дека е малку глупаво .
Од пријателство да премине во врска -да... али после врска пријателство кај мене неможе да функционира тоа