1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријателство по врска

Дискусија во 'Врски' започната од Dragonfly, 13 јуни 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Многу тешко. Зависи од врската и колку е била сериозна. Искуството ми е, колку посериозна врската толку помали шансите за да останете преијатели, зашто во тој случај на тој што е повреден ќе му е многу тешко да ве гледа, може дури и да ве презира и да ве мрази, (особено ако поминува преку тешки моменти и депресии), а ако не е било ништо сериозно, без проблеми може да останете другари !!!!
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.322
    Пол:
    Женски
    Јас лично не верувам во пријателство после врска.Ако со некој сум била подолго време,сум била вљубена во него, како да го гледам како пријател?После раскинувањето најчесто останува еден од партнерите со скршено,срце и повредена гордост,многу малку врски завршуваат на мирен начин(да речеме со договор дека веќе не иде)секогаш има кавги,расправи,депресии,разочарување,тага,болка...оној кој остава не значи дека не е повреден исто и него може да го боли и да е тажен,постојат различни причини за раскинување.Со некого ако си бил во посериозна врска како би можел да седеш во негово друштво и со неговата пример нова девојка и да не почуствуваш непријатност,немора да значи дека имаш уште некои чувства за него,да тој може е минато и сега си среќно вљубена во друг, но никогаш нема да го гледаш бившиот со исти очи како и другарите,тоа не може ако некогаш била чиста, искрена љубов да прерасне во другарска љубов.Или веќе нема да постои љубов воопшто или тоа ќе биде задушена,скриена љубов,останата од завршената врска.Оној кој завршил со скршено срце на пријателството ќе гледа само како начин да ја обнови врската,оној другиот кој оставил(ако е сигурен во својата одлука дека сака конечен крај)на тоа пријателство ќе гледа како товар.Таквите другарства никогаш не завршуваат добро,секогаш постои некоја скrиена искра,страст или нешто слично кое кога тогаш избива на површината и тогаш повторно некој останува повреден.Мене не ми било сеедно што дечко ми беше е во исто друштво со бившата,никогаш на тоа не гледав како нешто од кое ќе произлезе нешто добро.Бившиот или бившата треба да останат во минатото,таму им е местото,ако биле за ова време немало да бидат тоа.Доволно е едно здраво чисто од почит кон врската што сте ја имале, а не од почит спрема него/неа.Ако си решил конечно да завршиш со некој,да ставиш крај и да продолжиш понатаму без него/неа,нема потреба од пријателство со дотичните,тие нема да ти помогнат да се кренеш,да ја преболиш завршената врска,нема да ти ја намалат болката,нема да направат ништо добро за тебе.Ако е крај нека е крај.
    П.С.Ова сеа беше мое мислење,лично јас не би можела на дечко ми ако раскинеме да гледам како другар,во никој случај,ама не велам дека ако некој веќе е другар со бившиот или бившата дека треба да го прекине тоа пријателство,браво за него штом успеал да остане на тоа. :)
     
  3. peackata

    peackata Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    зошто да не...јас сум многу добра другарка со мојот бивш дечко.секој ден се слушаме на телефон и се си е нормално како да не сме имале ништо..и плус му ги раскажувам моите љубовни проблеми и добивам совети од него...дури и еднаш ми ја спаци врската со сегашниот...нема ништо лошо во тоа да бидеш другар...не сме се колеле или беселе за да не се дружиме..сме се сакале но веке љубовта не постои и тоа сме го претвориле во повторно пријателство и воопшто не се ни присетуваме на тие денови кога сме се сакале и кога сме биле заедно
     
    На 2505 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gjavolceto

    gjavolceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    тешко тешкоо.. останав другарка па пред некој викенд се обиде да ме смува.. и од тогаш се немаме видено, не знам дали и кога ќе посакам повторно да го видам..
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Мислам дека е тешко после врска да има пријателство.Барем тоа е моето мислење.Може едно здраво ама добро пријателство не.
     
  6. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    Па имам еден пример вака... ко помали двајца мои другари( кои се малце повозрасни) си беа во врска.. се им одеше супер.. ама ете им дојде крајот.. и ќе си останиме другари... ама ете испадна на крај дечкото 2 години во себе збирал збирал и на крај испука.. не можеше да издржи да и каже колку ја сака а таа која очигледно го сметала само за другар му кажа да си останат на тоа.. и ете тој се пијанчеше со денови и се тоа.. и испадна после некое време како да ја преболи.. ама ете сега се јавија чувства кај неа.. па таа го побара.. и ете после 2 години тие се пак во врска и добро им оди.. и искрено јас многу многу не верувам во машко- женски пријателства а не камоли после врска.. :)

    Za bivse ljubavnike noc je teren opasan!!!
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
  8. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Според мене, не може да има пријателство после врска, па макар и несериозна или мување.

    Гледам повеќето напишале „зависи од должината на врската, од блискоста, од причината за крај ... “
    Јас мислам дека без оглед на сите овие критериуми, едноставно не може да се биде пријател со некој со кој претходно си делела емоции, страст, кревет, јазик :D

    Треба да се има еден коректен однос, едно „здраво“ ако се сретнете некаде, можеби и „како си?“ ако сте се разделиле на мирен начин, но не повеќе од тоа.
     
  9. ragazzamacedone

    ragazzamacedone Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Јас би можела да останам пријателка со бившиот не би ми сметало, но тоа ке трае само до почетокот на новата врска бидејќи новиот дечко нема да сака да имам никаков контакт со бившиот (што е и многу нормално, и јас не би сакала тој да е близок со бившите, нека си кажат здраво нека има некоја почит сепак, но не и нешто повеќе) па така да тоа пријателство како и да е ќе биде само краткотрајно (ако воопшто биде) :lol:
     
  10. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Нема шанса да сум другарка со човекот кој некогаш ми бил се...и потоа да го гледам со друга како ништо да не било
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    со мојот бифши дечко сме во многу добри односи.. нормално дека не ни е сеедно ама многу повеќе го сакам како другар и му делам совети како на мој брат и воопшто не чуствувам дека сме имале нешто.. едноставно чуствата избледеа и тоа е тоа.. сега ми е мило што останавме во добри односи..
     
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Јас велам дека може да има пријателство после врска, ама се зависи од тоа каква била врската.
    Неколку месечна НЕсериозна врска може да премине во пријателство ако тоа го сакаат и двајцата и ако нема љубовни искри помеѓу партнерите
    Е во врска каде што едниот партнер секогаш бил тој кој сакал повеќе, не може да остане пријател од причина што боли да гледаш како некогаш саканата личност е среќна со некој друг и + ти се фали за тоа.
    Од моите бивши немам многу блиски пријатели, само едно здраво, како си? И толку
    Не сакам ептен да се зближувам и на некој погрешен начин да давам надеж дека можеби сакам втора шанса
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Со сите бивши сум во добри односи.. со некои дури и сум многу блиска другарка (нормално, врските не беа сериозни). Меѓутоа со оној со кој бев во сериозна врска сум само на здраво. Се друго(со него) би ги поминало границите
     
  14. rosie

    rosie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    32
    Не верувам во пријателство по врска. Кога ќе се видиме да се поздравиме, два-три реда муабет да, но сепак пријателство не. Секогаш на крај на врската има една личност што страда и со не згаснати чуства, така да ... :)
     
  15. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Па мислам дека многу зависи од врската и причините за раскинувањето.Ако е тоа взаемна одлука и така е најдобро,мислам дека е можно.Ако е тоа некој со кој навистина си имал убави моменти и ти значи сеуште на некој начин,штета е да го изгубиш и исклучиш од твојот живот.Е сега,ако одлуката е само од едната страна,а другиот е повреден,многу е тешко и речиси невозможно.Ова беше мојот случај и кога ке го видам сега тој човек,како никогаш да не сум била со него.Кога гледам слика од нас заедно,како некој да не монтирал,едноставно се се губи...
     
  16. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Не ми успеало до сега, а искрено и не верувам. Во добри односи со повеќето сме, со еден само не сум :angel: Најнормално поздравување кога ќе се видиме и сл, ама активно дружење... не :?:
     
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Кога бифшиот ми раскина всушност еден на друг најмногу си помогнавме да се преболиме :rofl: и така останавме многу блиски до скоро, па и сеуште сме блиски.. и ми беше супер, раскинавме но тој сепак остана тука и што и да ми затреба е тука... едноставно го имам покрај себе иако не сме во врска ;) А инаку одам сега со еден негов познаник (далечен другар) и во нсегашниот сум 100% вљубена :inlove: (значи не ни мислам на бифшиот веке) така да знам дека она што биднало со предходниот е мртво, но мемориите се тука и тој останува во мојот живот како драга личност што е тука за мене :D
     
  18. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    Сите имаат различен однос. Според мене ако сакаш да бидеш само пријател со него ќе треба и така да го гледаш и така да се поставиш , ако си продолжиш со животот понатаму негледајќи го како бивши.. само како човек со кој си имала убави моменти :)
     
  19. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Со бившиот сме во супер односи, барем до сега за понатака нез. Добро се сложуваме можам да кажам дури дека и повеќе ни иде како пријатели-другарчиња од колку како пар.Кога бевме во врска постојано за нешто се расправавме, не велам дека немавме и среќни моменти но во глобала имаше многу караници а така за друга е супер и не сакам ништо повеќе од другар :D
     
  20. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    не ми успеало досега да бидам пријателка поселе завршувањето на врската едноставно јас сум таков човек не би мошела да излезам на кафе и да зборувам со него а до пред некое верме сне биел заедно сне делеле се и сешти и сме имале секс. не знам можеби зависи од личноста и начинот на разделување ама јас нема шанси