Со сите поранешни сум во добри односи...со некој повеќе, со некој помалку! И мислам и дека така треба...Нема да бидеме најдобри другари, ама сме поминале време заедно и тоа е вредно за почит
Со тој прв што ми беше решивме да останиме пријатели , но ми се налути за нешто и сега е во странство не знам ни дали би го поздравила ако го сретнам..... , а со вториот си контактираме и си разменуваме совети само тоа
Не верувам во пријателство по врска, особено ако се работело за сериозна врска, бидејќи за таквите да се раскинат треба да постои силна причина. Едноставно не гледам простор ниту за комуникација, а уште помалку за пријателски односи со бившиот. На крајот му се става точка и тоа е се.
Не верувам во пријателство по врска, и ќе си останам доследна на мојот став. Ниту сакам да ме цитираат, секој си гледа од своја страна и искуство. Ќе кажам за „моето“. Нити сум имала врски од питај Бога колку години, нити пак тие што сум ги имала биле сериозни, траеле по недела, 2, месеци 2-3, а и тие што сум ги имала биле крајно непродуктивни, лицата со кои што сум била ни вредни за споменување. Со тие со кого сум била во врска, не комуницирам, не ни ги гледам, и не ми требаат да ги гледам. Со овие „лапачиве и разменувачи на плунка“, сум ги видела некогаш, со некој сум на „Здраво, како си, што има ново?“, со некого одминување.
Гледам дека пред некое време сум пишала дека не е возможно пријателство после врска но сега го имам сменето мислењето и верувам во пријателство после врска,но сепак се зависи и тоа колку имало емоции во таа врска.Еве јас со последниот дечко што бев во врска останавме другари имаме заеднички другари излегуваме заедно пиеме се журкаме си делиме совети еден на друг и ништо не е сменето во нашиот однос освен што ги нема допирите бакнежите.Се разделивме на многу културен начин и одлучивме дека подобро функционираме како другари отколку како пар а и немаше некои силни емоции помеѓу нас освен симпатизирање и привлечност.
Да верувам во пријателство после врска. Ама се си зависи од самиот карактер. Јас искрено несакав да го изгубам како личност ниту пак тој мене, беше тешко ама се изборивме да задржиме нешто од нас. И еве сме сега пак заедно, ама од пријателска гледна точка Тешко е не дека не , ама ако се сака се може.
Вчера се уверив дека нема пријателство после врска. Дефинитивно. Посебно ако тие двајца се сакале и биле долго време заедно. Испади на љубомора, глупости разни. Се обидов, не успеав. Полесно е со расчистени сметки.
Мислам дека тоа не е можно.Може да се прекине врската на добар начин и потоа ако случајно се сретнат да си кажат едно здраво но повеке од тоа не е можно.Не е можно со некого кој си била во врска по раскинувањето ти да му зборуваш на него за се што ти се случува ма јок бре
Не не не и не! Какво пријателство, какви тортури! Не вреди да си трошам живци за некого кој не го заслужува моето внимание. Пријателство после врска, би било исто понашање како во врска само што не сте во врска...
Неможам да замислам пријателство после врска, едноставно тоа е невозможно .... !!!! Лично искуство .... 1-ва причина :- Си била со него си делела се и сешто ...... и пријателство после тое НЕ 2-ра причина :- Можеби тој тебе ти бил се, и сте се разделиле бидејки на еден од вас му се изгубиле чуствата . 3-та причина :- Секогаш се тешиме самите себеси со тоа ИМА НАДЕЖ, НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА .... што значи едне од вас секогаш ке се надева на нешто .... 4-та причина :- На крајот еден од нас е разочаран и дури тогаш свака дека залудно се надевал, така да .... според мене мое мислење и искуство е дека после врската не постои пријателство колку и да се трудиме, самото негово видување у град ке ни ги наврака спомените, а недај боже да го видиме со некоја друга, тогаш пукаме .....И опааа ... пријателството исчезнало ... Поздравче драги феминки
Пред сегашната врска бев само во уште една и тоа пред неколку години. Со тогашното момче сега имам муабет, не сме нешто ептен блиски, но не сме и на тоа кога ќе се сретнеме да не се познаваме. Сега не чувствувам апсолутно ништо кон него, можеби затоа што нашата врска траеше премногу кратко. Да си нешто многу близок другар после врска не верувам дека е можно зошто барем кај едниот кога-тогаш ќе се појават чувства и надеж за нешто повеќе, или пак ако некој од двајцата влезе во нова врска не верувам дека би му било пријатно на новиот дечко/девојка да ве гледа со бившиот. Лично мислам дека со бившите не е ништо страшно да имаш едно здраво (секако ако мирно сте се разделиле), сепак, некогаш сте биле заедно и сте имале нешто...но повеќе од тоа не ми изгледа како добра идеја
невозможно е ова барем за мене, ок е да си имате едно здраво, да си кажете како сте и ништо повеќе. ако сум ја оставил би ми било незгодно пред нејзе со сегашната да покажам колку сум среќен и такви некои работи, а искрено и сум бил оставен и не би ми било пријатно да ја гледам со друг или за друг да ми збори додека јас умирам по нејзе у себе. ова е жива вистина, едно девојче ме остава ради некоја си смотана причина што ни јас до ден денес неможам да си ја разјаснам и со таа ајде демек да пробаме да останеме другари и се договоривме на кафе да идеме. отидовме и вака уз муабет приметив дека око не тргна од мене дур почна глупаво да ми паѓа и ја прашав што ме гледа така постојано и ми вика сакам да те бацам и јас и реков па баци ме и за на крај пак да ми рече извини погрешив нетребаше тоа да дозволам да се деси...и јас пак со стапот у раце да си останам? затоа не фала не ми требаат такви пријателства повеќе
Ах засега ми успева бар со двајца, еве со малото одкога се разделивме не комунициравме еден период ама почнуваме пак, а со Д секогаш се смееме и се блесавиме кога ќе се видиме. Да со него не знам зошто ми успева и е секогаш на некој комичен начин. Случајно го сретнав во Менада со некоја девојка излезен, знаев дека ќе кажам грубоИќе ја откачи) за да се видиме да правиме муабет и да се смееме. Е ни се чудеше дека воопшто сме биле заедно, ама кога се зезаме бик и бик и страст се увери.. Мислам дека секогаш постои веројтаност за пријателство.. иако е малку потешка варијанта, искрено мене ми е драго што си го задржив како пријател..
Mozhe da ima prijatelstvo posle vrska ako vo vrskata ne se sakale iskreno ... pa dvajcata reshile da ostanat prijateli ... ) [mod-kirilica:37js06xo][/mod-kirilica:37js06xo]
какво пријателство бре чеда бојжи јас со мојот сегашен бивши кретен кога раскинавме,се договоривме како демек ние ќе останеме пријатели,добро ајде си реков,зошто да не пиеме едно кафе да си муабетиме ко луѓе бре ! е после две недели токмакот си фати женска бре,една како да ви објаснам небаре лепотица,чунки девојка со стил, мрсна коса,несредена во тоа ликот .. абе што да ви кажувам ( не ми беше ова муабетот) и како сега јас со него да бидам пријател ? ма дајте луѓе какво пријателство после врска,зошто ми е тој како пријател,па нели дечкото на една страна пријателите на друга,ова не ви е познато? никако,бар јас сум против ова
Јас со бившиот, го именувам вака не зашто е единствен туку затоа што таму имаше емоции, а другите ми беа пролазни, немаше скоро никакви чувства, па со сите имам здраво, нема зошто да немам, нели, ама со овој бивш бев најдобра другарка, учевме заедно до 8-мо, ме сакаше цел живот, уште од забавиште кажувал дека сум му девојка , и средно се фативме, бевме заедно 4 години, и уште една постојано заедно, се гледавме цело време, не можевме да прекинеме, и мислам до пола година од врската со маж ми, нели тогаш дечко, ние се гледавме .Едвај, ама едвај се разделивме, и верувајте останавме другари! После тоа, се слушавме на телефон, излагавме на кафе, на пиво, ама никогаш веќе не се смував со него. Имав чувства уште кратко за него, па исчезнаа, ама уште со топлина во душата, и покрај се, зборувам за него. Мислам дека тој уште ме сака, до пред 3 години имаше моменти кога ќе му се испушти, но ги запознав со маж ми, неколку пати и заедно бевме излезени, и прекина, мислам потајно се надеваше, чекаше да раскинам и да ускочи, ама јок, не доби таква шанса. Јас премногу си го сакав маж ми. Контактот поредовен прекина откако сум мажена. Не дека маж ми ми брани, тој секогаш знаел кога излагав со него, никогаш не му криев, ама има доверба во мене, туку бившиов се повлече ептен, како тогаш да се свести дека е крај. Од тогаш 3-4 пати на интернет правиме муабет, ама баш онака километражен, и се договараме да се видиме, ама не излезе ништо, и он демек се заозбили сега. Во мојот живот секогаш со насмевка ќе се сеќавам на него, времето со него, зашто стварно ме сакше, а и јас него, а ми беше и прва љубов, нели . Во секое време би можела да бидам и пријателка, и најдобра другарка со него, уште повеќе што знам дека немам чувства, а знам дека му е гајле за мене, и сака да ми е добро, исто и јас на него. Сума сумарум, ниту еден бивш не ми е промашај, немаше да биде трагично со кој и да завршев, ама немаше ни да биде вака совршено како со ова човече што го имам сега .
Според мене не е можно.Барем од мое искуство.Исклучок кога се раведени двајцата па заради детето е добро и треба да се има убава комуникација,некој вид пријателство. Со бившите мои не зборам,може некогаш едно здраво ако се најдеме во заедничка средина.Причина-секогаш врската се раскинува заради нешто нели,и едната страна е секогаш повредена,скоро секогаш.Па нормално е таа страна да не сака комуникација а не пак пријателство со тој што ја повредил. Еден мој бивши јас го повредив и не ми зборува,друг ме повреди пак мене и тоа не лош начин или начини е добро да кажам,па не сакам да го видам зошто ме враќа на лош период во животот а не пак да комуницирам со него Имав еден дечко ама ни јас незнам зошто се фатив со него одевме 3,4 дена а тој ептен да ти бил пе*ерастичен бе ми беше смешен и освен еден бакнеж кога ми се удвараше таа вечер друг немаше он сакаше муабет да си прави,абе чуден беше...а наводно многу ме сака.Му раскинав,и еднаш кога се сретнавме се смевме на нашата врска,без веза.Мислам со него дека ќе комунициравме,да не се фатеше о моја блиска другарка која изгледа му забрани комуникација со мене а не знае дека нема на што да биде љубоморна,е*ате врската што ја имавме,али гајле ми е
Со сите сум на едно пријателско здраво, па дури и кафе да се напиеме и да си помуабетиме мене лично не би ми пречело и не гледам ништо трагично. Луѓе сме, а една работа во овој живот што ја научив - никогаш не знаеш кој може да ти притреба. Се обидувам да не држам горчина кон моите бивши, биле фер и коректни со мене, зошто јас да бидам нечовек? Животот е прекраток за тоа. Еден од моите бивши ми остана многу близок пријател. Скоро најдобар другар. Ние сме начисто со чувствата и секогаш е тука кога ми е потребен. Безрезервно. Јас му објаснив на мојот дечко што и како е. Дури и ги запознав, за да увиди дека нема никаква конкуренција, па и баскет играа заедно. Јас јасно и гласно кажав дека не сакам да бидам доведена до состојба во која ќе бирам помеѓу бившиот како другар и мојот дечко. Тој треба да ме познава доволно, да ме почитува, да ми верува и да не ја прави таа катастрофална грешка и да ме донесе пред свршен чин за да бирам помеѓу пријателство и љубов. И од мене го има истиот фер третман. Ако има навистина некоја бивша која ја чувствува како другарка, НО и од другата страна да биде така, бујрум. Не ми пречи. Можно е пријателство после врска. Ако сте на чисто со чувствата и минатото, и сте продолжиле понатаму, ова е веројатно едно скалило повисоко во еволуцијата на човекот.
Хм, Мислам дека пријателство не,но здраво,како си,што си.. секако дека е можно. Ако веќе имате расчистено со вашите чувства и сте продолжиле да си го живеете животот..