1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријателство по врска

Дискусија во 'Врски' започната од Dragonfly, 13 јуни 2010.

  1. buli4snow

    buli4snow Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Моите бивши дечковци вртат глава кога ке ме видат во град :^) мислам културно е едно здраво да се каже?! :P Пријателство не може да има , затоа што барем едниот би имал некакви очекувања :D
     
  2. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Не, не и не!
    Не можам да се замислам со некој со кој што сум се сек*ала, да седнам да пијам кафе и да глумам пријателство, без разлика колку и да сум на чисто со чувствата спрема него, а и тој исто така..
    Со бившиот имам само едно коректно здраво и искрено супер ми е така.Тој со својот живот, јас со мојот и тоа е тоа.
    Е сега, во комуникација сум дооолги години со дечко со кој што се имам смувано неколку пати и не е од мојот град, а јас секогаш бев на чисто со моите чувтсва спрема него и он знаеше дека јас со него врска нити можам да имам, нити ЌЕ можам да имам. Комуницираме по негова иницијатива, имаше прекини во комуникација, бидејќи одамна се знаеме, и тој упорно инсистираше дека ако не на друг начин барем како другар сака да остане во мојот живот и јас прифатив бидејќи освен наивни бакнежи и држење за рака на клупа во парк друго со него не ни имало. Знае да ми се најде некогаш, не велам не, меѓутоа од негова страна чистиот другарски однос многупати изостанува, па знае да ускочи со некоја фраза од типот
    - Ако нека ти прави сега тој така, со мене ќе уживаше и ако не друго барем ќе знаеше дека си сакана-
    или евентуално во моменти на лудило да ми рече да се омажам за него( фала Богу последниот ваков ексцес беше лани лето, оваа година немало :D ) ,така да едно големо НЕ за пријателство после врска...
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Не, благодарам, духови од минатото не ми требаат па макар бил и френдли гоуст-Каспер...
    Крај си е крај, не сакам после тоа кафиња, разговори, па некој нешто погрешно сватил, па уште надежи...Па дури и да нема никакви емоции, не би се чуствувала комплетно слободна, сакам да знам дека приказната е завршена...Ако раскинам со некој а после го викнам на кафе тоа би било единствено ако сакам нешто повеќе, или имам некои 'задни' намери, но за пријателство сигурно не...Здраво, како си и толку...
    Разбирам дека може да постои вакво пријателство, би можело и кај мене да функционира, но јас одбирам-не...
     
    На lovely91 и eli25 им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    хахахахахахаххааааааааааааа
    изинете ама морам да се изнасмејам бидејќи вакво нешто невозможно е според мене какво пријателство ќе биде тоа што здраво ќе си велиме само или ќе си се дружиме ќе си ги кажваме проблемите ќе си помагаме ? :?: о мај гад нема шанса значи
    пријателство пред тоа ДА а после тоа НЕ благодарам :x
     
  5. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    по мое, нема зошто да не останеме во пријателски односи. Се разбира, има и случаи кога го пронаоѓаме најдобриот пријател во некоја врска, па ако не ни оди со љубовта би било трагично да не останеме пријатели... Во нашето друштво, како се најдовме сите да се засакаме, сите си сме по парови.. жалосно би било ако еден пар се скара па друштвово да ни се распадне затоа што тие несакаат да останат пријатели..
     
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    1.597
    Не фала :shake: . Зашто :^) ? Бидејќи ако била вистинска врската(со чуства итн) нема шанси да се остане другар. Пр. пар раскинува и остануваат другари и оној кој вистински сакал никогаш нема да престане да го сака другиот ако се пријатели, ако се гледаат, секогаш едната личност ќе има лажна надеж за повторно почнување на врска. Ако некој предложи после раскинување да (ми) остане пријател ќе знам (ако јас сум му раскинала) ќе сака да ме врати или никогаш не ме сакал искрено ИЛИ пак (повторно ако јас сум му раскинала) ќе сака да ме има, како пријател ако ништо повеќе. Така да тоа со пријателство после врска го сметам како лажна или посакувана надеж и како сваќање дека личноста никогаш не ме сакала (се зависи до ситуација). Пријателство го сметам како вистинско пријателство, а не само едно ''здраво'' и толку. Бидејќи ако со само едно ''здраво'' си ''пријател'' со личноста тогаш со сите бивши сум останала пријателка. Не ја гледам целта во дружењето со бившите освен тоа што кажав погоре. Со сите мои бивши имам едно ''здраво'' сепак сме луѓе тоа што се случило се случило секој си продолжува со свој живот не мора да се избегнувам како да бегам од убиец. Како што пишале предходно пријателство пред врска ДА :up: , пријатество после врска НЕ :Down: . И една моја реченица секогаш ја викам ''во пријателството после врска секогаш има скриени намери''.
    иако има исклучоци во се ова :!: :D
     
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    5.840
    Пол:
    Женски
    Мене обично ретко ми успева со бифшите да си останам другарка. Највеќе нешто што може да се случи е да си кажеме здраво колку да не вртиме глава низ град коа ке се видиме. Единствено што сум останала другарка со бифши е со тие што и пред да се случи нешто сме биле другари, па сме пробале нешто сме сфатиле дека не иде и сме се вратиле пак по старо. Тоа е тоа :))
    Има една изрека: Ако 2ца што биле заедно останат пријатели или никогаш немало љубов меѓу нив или сеуште има ! ;)
     
    На teletabis4e и sandra.92 им се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Јас и дечкото со кој одев година чат-пат правиме муабет, и тоа ако он прв почне, инаку не..
    Шо знам, мене ми е грдо кога ќе се разделам пак да се враќам и да зборувам со некој и слично.
    Едно Здраво и Како си на улица да, ама тоа е веќе друга ситуација, а договарање кафиња, глупости, не благодарам... :)
     
  9. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Ааа не!
    Не успева од х причини. Можеби би било ок доколку двајцата сфатат дека не им оди и треба да прекинат. Иначе, ова она, вамте тамте, молење глупости, па еден крив, па навреди... Не, не може после тоа пријателство. Може само едно здраво, а некогаш ни тоа. А и незнам на кој дечко/девојка не му смета ако неговиот/та љубен/а е пријател со бившиот. Глупо е. Ќе ги запознаеш? Е како? Со овој го делев кревтот претходно, со овој сега. Јок. Не ми оди.
    А таков ни е менталитетот, незнам. Доколку се заврши мирно зошто да не ми биде пријател, ама ако и после раскинувањето од една страна има сеуште чуства не може да биде тоа пријателство. Секогаш ќе се гледа поинаку.
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Реално имало врски во кои не сум била доволно внесена емотивно. Има врски кои траеле многу кратко, време за кое е невозможно со некој да се поврзеш, за потоа да ти биде криво.
    Ваквите врски завршија со пријателство, кое воопшто не ми смета . Искрено личностите од тие врски не ни можам да ги гледам поинаку освен како пријатели.
    За врсите кои траеле подолго имам сосема друг став, всушност и таму сум пробала да бидам пријател, зошто ми е бедно да му вртам глава на некој со кој сум поминала одреден период во животот, меѓутоа кога видов и сфатив дека другата страна не ме гледа мене како пријател, се оддалечив и така заврши се.
    Значи во целина немам ништо против пријателство после врска, но само доколку истото е искрено.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ова е секако точно, со тоа што таа љубов е заснована на почит и другарство.
    Јас многу го сакам мојот бивш дечко, но како другар и пријател, го почитувам неговиот карактер и особини кои ретко ги поседува вистински човек денеска.
    Ваквата, еве ќе ја наречам платонска љубов не вклучува страст, сексуални побуди кон него и аспирации од таков тип.
    Тој ми е пријател.

    Кој умее да ги разграничи овие работи, ќе си има дополнителен другар во животот (вистинските никогаш не можеш да ги имаш премногу). :)
    Работата е што - ретко кој од бившите бил човек во права смисла на зборот, а не ѓубре, to start witn...
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    како да е можно кога не е... :tmi: во врска сум веќе 7 год а со него бев 3 или нешто повеќе баш до пред некој ден мислев дека веќе ништо не ми значи и :@буммм ме бараше до пред некој ден а праѓеска го видов со друга 1 пат по толку години :envy: и ми се скрати животот на пола |( ахххххххх како е можно еееј поминаа толку години а јас љубоморна :fubar: оооооо маааај гад мо го расипа цел ден :sweat: :!: Е не е можно пријателство барем за мене можеби затоа што ми беше прва лјубов аааааааах...
     
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Нема потреба од пријателство ни близина.
    На некои луѓе во животот им ставам икс. :)
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Со бившиот што ми беше пред овај сега, имав прекрасна 4 месечна врска, ни еднаш не ме навреди, нити па јас него, ни еднаш не повишивме тон, се решававме со муабет, онака полека, а не на сила, го сакам и го почитувам како другар, имаме муабет, додека со другите бивши немам воопшто контакт.
    Ама со овај е поинаку, испадна човек, за разлика од другите.
    Не сме да речам ептен блиски, држиме некоја дистанца а и двата знајме дека неможи да биди ништо како порано, не бевме судени да бидиме заедно, тој сепак заврши со друга, јас со друг.
    Му ја посакувам целата среќа на светот, помина се низ животот едноставно Ја заслужи. :)
     
  15. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Досега не сум имала сериозна врска, но според мене, онаму каде што некогаш постоела вистинска љубов, после неа нема место за пријателство. Кога веќе еднаш се ставило крај, не ја гледам смислата во повторното дружење. Можеби едниот од бившите партнери сеуште не е начисто со чувствата, тогаш што?!
    После врската да останете во пријателси односи (Здраво, Како си?) зошто да не, не гледам задни намери во тоа, но пријателство во права смисла на зборот (Излегувања, кафиња, кажување на проблеми и делење совети) не.
     
  16. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Кај мене барем не успева.Едноставно неможеме,кога сме во близина да се однесуваме другарски,навистина на нашето ставивме крај одамна ама уште се сакаме :( Така да поарно да не се познаваме,него "другари" ;)
     
  17. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Според мене е најнормално после врска да се остане во контакт со бившите. Ама само ако причината за раскинување не било неверството, бидејќи јас на тоа гледам како толку малку сум му значела, толку леснозаменлива сум му била па дури и додека бил со мене успеал да ме замени и да биде со друга. Во таков случај ама баш никаков контакт несакам со таа личност. Но ете ако дојде до раскинување поради други причини, не гледам зошто не би можело да останете барем другари :) Сепак додека сте биле во врска, тој ви бил најдобриот пријател и вие исто така нему.. Така да, не би сакала пријателството да го загубам. Можеби би имало еден период каде што нема да се гледате баш со пријателски очи ама со тек на време и чувствата ќе оладат па ќе го имате како пријател до вас :)
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mjauuuu

    mjauuuu Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пријателство со бивши

    Откако раскинав со момчето станавме најдобри пријатели, но сепак јас имам сеуште чувства кон него.. Зошто е така? Зошто неможе да биде како порано? Ви се има ли вака и на вас случено?
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Пријателство со бивши

    Зошто времето не се враќа, сте раскинале од добри причини и ти не го гледаш како пријателка. Што подалеку од него толку подобро. Никогаш нема да биде исто како порано.

    Ако сакаш да немаш чувства води си свој живот подалеку од него.
     
  20. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Пријателство со бивши


    да вака да направиш...ОСВЕН ако не сте станале повторно најдобри пријатели зошто и он сака така односно има уште чуства спрема тебе :!: :?: