Пријателство со бивши За мене да си пријател со бивши е исто како да го чуваш своето мртво куче ... така да...
^^^ Абе може така,и мојата врска почна од пријателство,тоа така е супер. НО од коа ке раскинеш да останеш пријател? со некого што си го сакал и си спиел со него и имало емоции да се дружиш? може да имам едно здраво,како си од чиста култура,ама да се дружам нема шанси.
нема шанси а познавам такви што биле во вркса 6 год и сега се другари па дури и тој кум на свадбата и беше
Пријателството да прерасне во врска може ама пријателство после врската доста тешко. Затоа што барем едниот од нив ќе му биде тешко и ќе се надева дека пак може да има нешто меѓу нив. Најчесто пред да раскинаат сите викаат Ќе си останеме другари ама повеќе никогаш не се бараат ни едниот, ни другиот!
ВРСКА по пријателство да а по врска не незнам на пример си имал секс со неа/него и како ке го гледаш и некаде одите заедно еве го другар ми или мојот ex-boyfriend како ке кажиш навистина?
Додека не бев искусила мислев дека е можно. Јас имав дечко одевме две години уште мали мали осмо - прва кога бев. Јас му раскинав и му реков дека можеме да бидеме пријатели зашто тогаш верував дека МОЖЕ ДА БИДЕМЕ ПРИЈАТЕЛИ ПОСЛЕ ЉУБОВНИЦИ, тој прифати но никогаш не се одесваше така. До душа ние и никогаш после разделбата се немавме видено но кога звонеше место да ме прашаше ЕЈ DUDE (така си викавме) ШО ПРАИШ, тој велеше ЗЛАТО ТЕ МОЛАМ ДА СЕ СМИРИМЕ... Значи пријателство може да има но не после секаква врска, не може ти некој шо бил твој целосно две три години, сега да го гледаш како другар и да му кажуиваш работи шо ги кажуваш на просеен другар... А зависи и од причината поради која што сте раскинале ....
Реално, јас не сум баш за пријателство по врска. Мислам дека кога ќе почнете пак да живеете, пак ќе се развијат чувствата. Нема да биде ништо исто како пред тоа. За ова зборувам ако сте имале сериозна врска, а ако така сте биле со некого, да не било ништо сериозно, зошто да не живееш со него? Не гледам никаква пречка во тоа. Имам размислувано на оваа тема. Јас на пример, ако раскинам со сегашниот дечко што ќе правам 2 години за 1 месец, јас не би можела да имам пријателство со него. Со него го доживеав тоа што никогаш не ми паднало на памет дека ќе го доживеам. И сега после тоа, јас да бидам со него пријателка? Хмм.. не, не ми лепе.
Со бившиот сакав да останам во пријателски однос, но тоа се покажа како лоша идеја. Најпосле и тој однос го прекинав. На никој не му препорачувам да биде пријател со бивши.
Со 90% од бифшите (независно дали сме биле во врска или само сме искачале) сум во супер односи и си кажуваме ,,здраво” на улица што се вика. Со другите 10% немам праено муабет кузнае од кога, нити па сум ги видела. сакам со сите да бидам во добар однос и да не вртам глава кога ќе ги видам.
Скоро со сите мои бивши сум океј,си викаме здраво,можеме да си направиме муабет и никакво да не ми е. Со едниот останав другарка и се е во ред и од моја и од негова страна. Често кажуваме како тоа ,,згрешивме,, што влеговме краток период во врска,затоа што баш тогаш ни почнаа проблемите.