Истото ми се случи и мене на почеток.Затекнав колешка која се понашаше супериорно над мене,сигурна сум дека и позади грб ме омаловажуваше.По извесно време замина од х причина .Секое сретнување се фалеше како шефот и викал за тебе место ќе има кога и да посакаш.Времето покажа дека сум далеку поспособна .Во неколку наврати се упикуваше да се врати,а шефот само си преќутуваше. Ако си во приватен сектор и навистина се трудиш,сигурно нема да останеш незабележана.
Да во приватен сектор сум, секако од повисоките инстанци сум веќе забележана, и добивам пофалби од нив ама од шефот не.
Ако си од повисоки инстанци забележана да не случајно му го загрозуваш местото на шефот што така се однесува? Или можеби колешката ако е пред тебе подолго време шефот мисли дека е поспособна ,како што беше во мојот случај.Мојата откако замина сам си увиде дека не е така.Еве повеќе од 20 години сум таму.Биди стрплива ,верувај се ќе дојде на свое место,само продолжи да работиш посветено.
Можно е и тоа што го кажуваш не знам, јас си работам професионално и така ќе продолжам, фала ви на советите.
Не е подолго време од мене ама ете како повеќе да ја смета за способна од мене од некоја си х причина.
Едно прашање, може не е за во оваа тема. Колку се наплаќа за креирање на пост за социјални медиуми. Значи да се најде слика, смисли текст, ако треба и обработка на сликата.
Можеби само знае подобро да се наметне од тебе.Немој само да си ја рушиш самодовербата.Биди смирена,кога ќе ти се даде задача покажи сигурност, со љубезна насмевка речи ,да шефе веднаш ќе го завршам тоа. Недостатокот на самодоверба некогаш прави да изгледаме смотано а не сме.
Јас и не сум наметливи по природа , но секогаш кога добивам задача си ја завршувам како што треба. Сметам дека знаењето е моќ и дека на крај квалитетот испливува.
Здраво. Во фирмава немам сеуште направено 6 месеци, имам земено боледување еднаш нз точно дали 5 дена или повеќе. Е сега, настината сум ( сите ќе речат овде, мн си нежна, настинка имаш и одма бараш боледување) имам огромни трески. Дали смеам да земам боледување? Дали ќе ми земат од слободните денови или ќе ми кратат од плата?
So ima vrska kolku si tamu vrabotena Ako si bolna zemaj boleduvanje i iskoristi go..70% e plateno. I ne zemaat denovi od odmor
6 месеци треба да поминат за да добие право на одмор, а боледување се зема по потреба и кога матичен лекар ќе ти издаде, сигурно никој не планира да се разболува.
Имам проблем со љубоморна колешка! Што да направам за да не ми прави проблеми? Чуствувам оваа го прави само за да напуштам од работа. Многу таков карактер има, само јас и никој друг, што во одредени мерки го прифаќам тоа но сепак нејзиното е екстремно. Ми крши и краде од работа ствари, ми зборува погрдни зборови кога ме најде на само. Го наговори шефот да ми оттргнат некои функции за кои се борев многу време сама за да ја добијам таа задача. Се здружи со шефот и сега веќе се ми е земено. Исто се чуствувам како да сум на почеток кога се вработив. Многу ми е мака што вака ми се дешава и ве молам за совет!
Да си ги седнеш колешката и шефот, да им кажеш да си го соберат паметот, во спротивно она ќе биде пријавена за кражба и психичко малтретирање, а он за мобинг. Е така. А таа ако не се со шефот, да ме плукнеш..Идиотизам бе. Ќе најдат мирна добра душа, и удри по нив.Или почни да и` одвраќаш.. а да ти крши и уништува нешто твое СОПСТВЕНО..моеш да ја пријавиш бе Лопужарка мала
Не сакам да се карам, башка и сама се вработив, без врски. Нема кој да ме заштити. Не знам дали ќе застани некој позади мене. Не знам ни каде да пријавам за мобинг. Ќизнај што ќе направи тогаш. Па згора на сето ова пробува да ги сврти сите колеги против мене. Не знам што стратегија ќе и беше ова, ама одвратно е многу!
Не ти реков да се караш.Ја ако ти кажам ја како би постапила..ова твоево ќе им е најдобро што може да се деси. https://mojtrudmoiprava.mk/mobing/ има и страна на мио ама... не работе хеххе како и се` друго овде Епа од тоа врските скапани сме до ова дереџе доени, а и ти вклучително. Не барај врски, не ти треба ,,грб" Земи пријави и не ќути.Се глеа дека се у тандем, ако не сопреш сеа, и на други може да им се деси а таа мочлата може си има комплекс на нижа вредност, па се лечи на тебе.Ретард Неќе бе не работи страната.Ај прочепкај овде, или прашај. Еве @BoaVista ќе ја тагнам, во случај да знае повеќе. https://forum.femina.mk/threads/Мобинг-на-работното-место.2951/ ај луѓе помогнете и`
Земи си слободно боледување, (за тоа време што си на боледување пр. 5 дена платено ќе ти е 70%), што значи многу малку ќе ти се скрати од плата, а сепак здравјето е најбитно. Јас имам колешка што 4 пати во годината си зема боледување за да шета по "други бизниси" (плус и на соц. мрежи се фали стално), а не па човек кога е навистина болен да не земи боледување.