Здраво, 3 месеци после прв симптом на корона сеуште сум без целосно вратен мирис и вкус и одредена храна ми мириса различно и не можам да ја јадам. Некој со слично искуство?
Јас и сопругот имаме ист проблем, карикирам 80% вратен мирис, и соодветно на тоа вкус а крај на Октомври бевме болни. И порано ми се има случено исто при настинки да загубам мирис, и требало неколку месеци да се врати сосем. Меѓутоа немам одбивен вкус на нешто, бар немам приметено. Верувам дека ќе ти помине во догледно време, за себе не паничам зашто дежа ву ми е ова.
Јас изгубив целосно мирис со короната, и ми се врати минимално. Можев да осетам мирис само нешто ептен под нос ако ми е. Ама еве веќе неколку дена имам скроз нова промена. Сменето ми е скроз сетилото за мирис и вкус, јаките мириси ми станаа екстремно непријатни, се ми мириса како на скапано, мувлосано и не можам ни да јадам. Пријатни мириси скоро и да не чувствувам. Се јавив на орл специјалист, ми рече за бактерија да проверам, ама најверојатно ништо нема да има, туку е последица додека да се нормализираат олфакторните неврони. Чистам нос секој ден со neti pot, капки ставам ама на моменти е неподносливо.
Позитивна бев ноември изгубив мирис и делумно вкус тогаш. По 10тина дена ми се врати мирисот, ама чувствував само ако нешто ми беше ептен под нос, на далеку ништо не мирисав. И сега од пред некој ден ми е вака со непријатни мириси и вкус.
Вкусот ми се врати целосно, а мирисот и после 3 месеци сеуште не е вратен во нормала. Мирисам само многу изразени мириси, но тоа трае краткотрајно и на второ мириснување не чувствувам ништо. Понекогаш имам чувство како одреден несекојдневен мирис кој го осетам да ми стои долго време во нос. Не знам како да го опишам чувството?!
Јас веќе 2 и пол месеци сум со изгубен мирис и вкус. По моја проценка само 8-9% чувствувам интензитет. Многу силни и интензивни мисиси како доместос, парфеми, прајмер за нокти, ацетон ги чувствувам едвај само од многу блиску и само неколку секунди и тоа многу треба да се потрудам, за храна да не ни зборам, се ми е исто -безлично само текстурата на храната ја осеќам. Сите доктори советуваат секојдневно вежбање со различни мириси и вкусови, како и зачинување на храната. Немам некоја одбивност кон храна тоа само во првите 2 недели. Исто, незнам дали некој има вакво искуство, наутро и навечер имам поголемо чувство за мирис (може да е и до положбата на телото). Колку ке трае агонијава незнам, ама посакувам на сите брзо опоравување
Поминаа скоро 9 месеци откако прележав Корона и мирисот и вкусот сѐ уште не ми се во целост вратени. Чудно е што е што интензитетот варира на неколку денови. Повремено е се ок, повремено 90% од чувството за вкус или мирис ми се губи. Има храна и пијалоци што повеќе не ми се допаѓаат, голем дел од парфеми, креми, средства кои сум ги користела и порано сега ми мирисаат одвратно... Бев на орл, ми рекоа дека проблемот е невролошки и треба да бидам трпелива. Кои храна, пијалоци или мириси особено не ги чуствувате или пак ви имаат различен мирис и вкус после Короната?
Maјка ми изгуби мирис и вкус во ноември, но до ден-денес иако поминаа скоро 3 месеци не и се вратени. Пред некој ден до комшии се чувствуваше миризбата од ручекот, а на нејзе до нос и беше и не почувствува. Јас исто во ноември изгубив и мирис и вкус, но само 2-3 недели. Едно време почна да ме фаќа паника што сетилата не ми реагираа се до една вечер кога прегладнета не знаев што попрво да ставам во уста, мешав страшно јаки вкусови и оппп... одам во мојата соба, ја доближувам пижамата до нос и чувствувам мирис ПОЛУДЕВ од среќа. Се знае веднаш после тоа се нацртав пред фрижидер колку за тест и пробав маслинки (први ми се најдоа пред очи) - го почувствував и мирисот и вкусот.
Па на пример парфемите веќе го немаат тој интензитет како пред короната, а различен мирис ми имаат кромидот, празот и јајцата
Хахаха го знам чувството, кај мене така беше скоро месец дена навистина е неубаво да не чувствуваш ништо
Мене пак сетилото за мирис ми е најизразено во текот на денот,а насабајле скоро ништо не чувствувам се надевам што поскоро ќе не биде
Исто, мене парфемот ми мириса како нешто благо недефинирано а не аромата на парфемот како што си е, вкус имам мирис немам.
После 6 месеци уште не ми е вратен мирисот како што треба, со вкусот мислам дека сум океј, али мирисов тапа Мислам дека секое јадење на кромид ми мириса, ништо друго не осеќам
Јас го сетив мм дека не осеќа мирис баш најдобро. А се нема пожалено, ама пример нешто јас мирисам, тој не. Пред некој ден тоа малото за варење кафе на плин почна да пушта, јас од друга соба осетив, него не му замириса на плин воопшто. Масло маслиново ми се истури, едвај исчистив за да се изгуби мирисот, тој пак не сети ништо.
Луѓе мене исто 4 чисти месеци сум без вкус и мирис и има 20 дена се ми мириса на кромид, не како мирис преку нос (зошто не мирисам) туку во грло во секој залак од било што и вода кога пијам исто во грлото ми е мирисот.. незнам што да се прави ова не е на добро
Ми го препорачаа спрејот Силвертус за оние што се уште се соочуваат со загубен мирис после КОВИД-19. Наводно мирисот се враќал за 3-4 дена по интензивно користење на спрејот. Би требало да го има во сите аптеки но не сум сигурна. Јас лично немам потреба од истиот бидејќи мирисот ми се врати за една недела но можеби ќе му користи на некој/а од вас.
Читам и се чудам, се пронајдов скоро во секое мислење. Во ноември снемав мирис и вкус, од тогаш вкусот ми се врати, чувствувам благо, солено, луто, но мирис никаков лошите мириси ми мирисат исто, пр кромид, марула, зелка, пиперка, праз, краставица, јајца, во последно време преголема одбивност кон истите.