Загуба на мирис/вкус вообичаено се подоцни симптоми на КОВИД-19. Би рекла дека си во подоцен стадиум на вирусот односно дека најверојатно се поминати оние критични денови кога постои висок ризик од пренесување на истиот. Во секој случај, во присуство на вакви симптоми, треба да се тестираш во најскор можен период, да ја известиш матичната, да започнеш со терапија (макар и витаминска штом немаш други симптоми), да се изолираш додека не добиеш резултати и да ги известиш сите оние со кои си била во контакт последните 7-10 дена. Исто како тебе наеднаш снемав осет за мирис и ова се советите од матичната кои јас ги добив, секако најдобро е да ја контактираш твојата матична за понатамошни иструкции. Со лесно!
Маж ми е со прележана корона пред точно една година, уште не може да стави во уста јајца(предходно му беа омилени), кромид и лук, месо, краставица, сега по малце вели може да јаде ако се зготвени во јадење, ама свежи никако, кромидот чинам преку фрижидер го осеќа. Многу голема мака е, беше и со терапија спреј и некои апчиња, и тоа со портокал го пробавме и ништо. Мајка ми не може да јаде само краставица, други луѓе на месо исто ми се жалеа и маслинки. Огромна последица е ова на која не се обрнува толку внимание, не е сериозна ама многу е иритирачка, плус година дена без подобрување не е малце време.
Вчера изгубив и мирис и вкус. Како ве читам, изгледа чоколатцето twix од локалниит киоск ќе биде последниот вкус на којшто ќе се сеќавам.
три и пол месеци не мирисам ништо ко што треба Ленор златен три пати ставам,не ми мириса доволно во алишта.
Вака, јас од средата имав симптоми на корона, а вчера правев тест. Вкус и мирис немам овие 2 дена. Единствено вкус имам, ако е нешто мн јако лимон пример. Затната сум цела. Носот ми е затнат и глава ме били, ама не толку мн колку што беше на почетокот.
Epa vaka. Korona prelezav vo noemvri. Izgubiv vkus miris i mi se vrati za nedela dena. Arno ama sega posle tolku vreme nekoi raboti mi mirisaar kako na cigari, cad, benzin, sulfur...Dali nekoj ima ista maka?
И јас бев без мирис и вкус една недела, и пред некој ден ми се вратија и сега кафето ми има многу лош вкус, не можам да го пијам, со други работи не сум осетила разлика, само што не чувствувам мирис со ист интензитет ко порано.
Месец ипол подоцна уште не ми се има вратено нормален мирис. Сега веќе не ми смрдат стварите екстремно, некои ми мирисаат нормално, ама некои имаат скроз променет мирис. Чистев нос постојано, капки ставав цел овој период, џабе. Со тек на време се надевам целосно нормално ќе мирисам, и веќе нема да осеќам смрдеа.
Исто. Кафето ми е . Немам пробано со друго кафе ама турското ми е бљак. Друго се можам да јадам/пијам исто како претходно ги осеќам вкусовите. Ама ова Инаку само 2-3 дена немав мирис и делумно вкус.
За турско зборам и јас, ич не го можам сега, ептен лош вкус, друго кафе и јас немам пробано, не знам како ќе биде со друго.
4 месеца од коа прележав многу работи како кромид, лук, зачини, антиперспирант, месо ми мирасаат на изгорена гума шо ме нервира у пм
Слушнав дека имало некое сретство што го давале матичните за се испровоцира враќањето на мирисот, точно е или дезинформации?
Маж ми кафе направил, јас мислев какао пиеме, уште па му викам лелее една недела кафе не сум се напила Ми се изнасмеа, па вика сеа го пиеше.. Тоа со портокалот печен два пати го праиме, ништо не делува. Спреј оригано секој ден.. ма јок. Се враќа ли воопшто мирисот?
Звучи и изгледа смешно, но знам неколку лица кои ова го пробале и им помогнало: "Трикот" почнува на 1:18
Ист случај како тебе, мирис на кафе одвратен, кромид, пушено месо, не може ни да се опише мирисот, ми се чини таков не постои во природата, а од се по нешто може да биде кога ке ги измешаш состојките што ги наброја
Дали користите некои спрејови? 5ти ден денес веќе ги губам и мирисот и вкусот, многу неубо чуство со помим да е кај сите.