Потполно иста ситуација,позитивна крај на ноември со изгубен мирис и вкус,после еден месец ми се вратија минимално,но ништо не е исто како претходно,некое оштетување е сигурно,многу работи ми мирисаат на изгорено посебно месото,не можам да се осетам како мирисам јас,мирисот во просторија,а убавите работи како парфем,шампон и сл ми мирисаат сите исто со нота на кисело јаболко
Скроз исто сум и јас, многу јадење кои ми беа омилени сеа не ни можам да ги поднесам, ми мирисаат на изгорена гума. Се надевам некогаш ќе се управи мирисов
Да не ве разочарам, ама пишав и предходно, година дена откако бевме болни, маж ми уште е со проблемов. Додека е време идете да ви дадат некои спрејови и апчиња ако треба, минимално ќе ви се подобри ситуацијата, тој многу време чекаше да иде на доктор може затоа толку трае.
Јас да го прогласам за умрено мирисот на кромид Претходно бегав ко ѓавол од крст, нит сецкав, нит пржев јас. Работа на господинот беше. Епа вчера и го сецкав и го пржев и викам шо чуден вака кромидов не мириса изгледа дека аспираторот на макс и прозорот отворени, ме гледа мојот и вика како не мириса бе, главата внатре ја ставив скрос малку осетив кромид Мислам оти се радувам малку така бидејќи не ја осеќам кромидовата арома.
Исто и мене кромидот не ми мириса на кромид мн гадно и јајјцата слично мирисаат и навечер како прегорено нешто да се готвело неможам да опишам веќе 4 мрсеци прележана
Исто како што ми мириса кромидот така и пота мириса не постои таков мирис бидејки кромидот не мириса на кромид туку многу ужасно
Се соочувам со истиот проблем. Вкусот не ми е ист за некои работи. Пиперка не можам ни да помирисам, а не пак да вкусам. Некој ужасен мирис, неописливо е. Денес истото го почувствував со печен компир. Кромидот, вкусот не ми е ист како порано. И уште некои слични работи. Корона прележав во ноември. Дали кај некој се вратил вкусот во нормала?
На маж ми уште не, еве точно година од прележување. Инаку и многу се поти, а предходно буквално никогаш не му се познаваше испотено.
@mjay.yyy @TheDongerino @1209 Потполно истата состојба изгледа. Малку истражував на интернет и оваа состојба се викала паросмија. Наводно биле оштетени нервните завршетоци на нервите што се одговорни за мирис и поради тоа се случува ова, кај најголем дел се обновувале и се враќале работите во нормала. Не знам колку е точно, ама најискрено се надевам дека е така. Советуваат секој ден по 15 секунди да се мириса лимон или некои пријатни цветни мириси, наводно помагало. @1209 истиот проблем со потењето, ужасно многу се потам.
Прво се плашев дека сум единствена и дека ми се случува нешто невидено до сега. Корона прележав декември. Мирис и вкус немав околу 12 дена и потоа ми се вратија. Искрено не знам дали 100%, можеби се навикнав со помалку да функционирам. Пред некое време јадев ајвар, што цело време го јадам дома и ми беше чуден. Викам ај нешто таа тегла. Потоа јадев полнети пиперки , пак чудно, викам ај пиперките не биле убави и од тогаш навака сум немала "средба" со пиперки како што се сеќавам, се до вечерва. Си направив свежа салата и ја пробувам пиперката животот ми се згади. Истиот вкус како со ајварот и полнетите пиперки. Сфатив дека имам проблем со пиперка За други јадења не сум приметила вака, но ова стварно многу гаден вкус , не знам како да го опишам.. Чудно ми е зошто баш на пиперка... Имате ли вие проблеми вака со некое јадење конкретно? Се надевам дека ќе помине само побрзо..
Еве колку месеци поминаа уште истиот проблем го имам. Ми препорачаа аланерв апчиња, пиев, меѓутоа немам никаква промена. Јадам неколку работи што не ми сметаат толку и се надевам ќе се подобри со тек на време, друг избор немам
Тренирање на сетилата препорачано од доктори: rose, lemon, clove, eucalyptus (роза, лимон, каранфилче, еукалиптус) Се мириса секое посебно по 20 секунди. Се концентрираш на миризбата. Мислиш и си замислуваш како било пред да го изгубиш чувството. Постапката се повторува по неколку пати дневно. Се препорачува да се почне веднаш откако некој ќе забележи губење на чувството. Колку подоцна се почне, толку поспори резултати ќе има. Важно е да се повторува секојдневно.
Океј темиве корона обично ги избегнувам оти ми се извор на стрес ама ко ја видов морам да прашам. Мајка ми имаше негативен тест, ама и таа и татко ми изгубија мирис и вкус добри 2 месеци, почнувајќи во Ноември кога мајка ми пројави симптоми ( се изолиравме сите, своеволно покрај негативен тест). На мајка ми по околу месец- два се врати мирис, вкус порано. Татко ми исто околу два месеци мирис, вкус скоро цел му се врати тогаш ама уште, веќе сме Јуни, одредени работи шо ги уживал сега не ги сака. Конкретно има забележано за пиперки, кромид и други зеленчуци шо претходно ги сакал. Посега по нив и после жали како не се исти на вкус, гадни му биле, а посегнува дека многу ги уживал. Опишва дека мирисаат на скапано и вкусот им е лош. И то мајка ми имаше јаки симптоми, татко ми само мирис и вкус шо изгуби и немаше други симптоми али вака од после премногу долго го "држи". Читав за стимулации на мирис враќање, дали има и за вкус или шансите се дека има одредено оштетување? Прво ќе прашвав дали е нормално, ама шо е нормално денес.
Истото чувство на истите производи пиперка зелена, ајвар, лук, кромид, сусам и др има, мирис неопислив, се има вкус на скапано,после јадење страшен проблем во устата па се до желудник. И јас и сопругот и неколку пријатели. И ние бевме позитивни ноември. До кога ќе трае не знам, ама дека е непријатно и тоа многу, да им верувате.
Да и ајвар, лутеница, онака производи со пиперка неќи. Лукот го сакал претходно ама уште ете тој му остана, ама кромидот не. Секое јадење посегнува и се туфка дека е гнасно и расипано. Со овошки/ месо немам забележано да се жали, туку само се жали на одредени зеленчуци.