Не знам дали некој имал проблем како мојот - прележав во април, изгубив мирис и вкус тогаш. По неколку недели почна да ми се враќа, можеби не целосно, ама си мирисав, си осеќав вкус. И сега, од пред 2 недели пак почнаа да ми се губат постепено, а денес веќе ништо не осеќам На коренот на носот скроз како затната, а проодни ноздрите Не знам дали е нормално и да почекам или да одам на преглед? Ако имате искуство, совет...ве молам пишете.
Јас го прележав крајот на јануари И со мирисот сум ужас,ништо не ми мирисат како порано,нека се ми имат некој чуден едноличен вкус на нешто грозно Се надевам ке се средит за брзо инаку не се трпит појке
Јас го поминав вирусот ноември, ми се враќаше мирисот постепено, но кон крајот на јануари почна се да ми мириса чудно и неубаво како на бензин е дури сега можам да кажам дека ми е добро.
Мислам дека е денес 5ти ден како немам вкус и мирис. Вкусот малку по малку како да ми се враќа, но мирисот не. Читам коментари поназад, зарем навистина месеци ќе бидат потребни за да се врати во нормала? Дм прележа почетокот на годинава, нему за отприлика една недела му се стабилизирал и мирисот и вкусот.
Ух и мене не ми е 100% вратен мирисот, се случува да ми речат дека одредена особа има body odor a јас уопште да не приметам иако сум била многу близу. Се нервирам, ама тоа е
Во Јануари позитивна, асимптоматски. Не изгубив ни мирис ни вкус, буквално никакви симптоми...но во наредните месеци и сеуште има периоди кога се ми мириса на грозно, изгорено, труло. И тоа трае неколку дена па ќе се нормализира. После некој месец од нигде никаде истото Читав на интернет дека може да се јави како последица поради оштетување на нервите во носот, но веќе се поминати 9месеци а мене сеуште од време на време ми се случува истото
Дали некој добил терапија која делувала за оваа проблематка. И јас сеуште немам мирис и вкус и едната ноздра ми е постојана затната.
Спреј од диво оригано помага за одзатнување. А за враќање на мирисот ќе почекаш некое време. Јас од почеток прскам и Тафен Назал по препорака на докторот, инаку мирисот почна да ми се враќа на осмиот ден од прв симптом, сега после 20 дена ми е скоро целосно вратен. Ама секојдневно мирисам маст од еукалиптус, потоа кафе, кокос, каранфилче, зачини што имам по дома... читав дека помага во враќање на мирисот.
Jas veke eden mesec od kako bev pozitivna ima pominato. Koristev septonasal ama podobruvanje ne vidov. Isto provociram so poteski mirisi ama pak nema efekt.
Здраво на сите Еве и јас да си прашам исто како P.S.love во август бев позитивна иако имав негативен тест, имав симптоми и изгубив мирис и вкус. Ми се вратија после 7-8 дена вкус малку повеќе ама мирис слабо. Еве сега веќе два дена како да сум настината затнат нос ептен и едвај го чистам и празнам ама како пак да не чувствувам мирис. Дали е тоа од затнатоста и секретот или е последица од ковидот т.е оштетени нерви? Дали има некој со такво искуство?
Те молам сподели искуство како се справи со ситуацијата, затоа што и мене сега ми се случува истото, а до прес само еден месец да кажам само што се оправив.
Инхалации со масло од диво оригано. Ама упорно секој ден. Болно е затоа што маслото е јако ама за кратко ќе ти се врати мирисот. Се надевам ќе ти помогне.
Јас еден период бев болна, мислам дека прележав корона а вкус немав само 3-4 дена, фала Богу сега имам
Од каде да купам масло од диво оригано? И како точно ја правеше инхалацијата? Во жешка вода капнуваш од маслото и после инхалираш над водата, или.. ?
Маслото од аптека, а инхалацијата да на тој начин. Загревав вода и капнував една капка( немој повеќе ќе те изгори) и инхалирав. А можеш и на шеќерче две капки и да пиеш секој ден. Тоа за вкусот. Во упатството пишува по колку капки дневно за пиење зависно за што ти е. Но е премногу јако па повеќе од 2,3 капки мачно е П.С Правилно маслото се пие на лажичка маслиново да капнеш од ориганото и да го испиеш, но мене ми беше премногу гадно и пиев капнато на шеќер.