Најде ли некој спас за враќање на нормален вкус и мирис? После 6 месеци имам и вкус и мирис, ама сѐ ми е измешано
Кај мене потраја околу пола година, односно постојано сто и да каснев или пиев ме навраќаше на тој грд вкус, по пола година се нормализира но мало и психата ја олабавив мислам дека и тоа ми влијаеше, додека мирисот по месец дена ми се врати во нормала
Ја до сеа 6 месеци и си бев лабава и шали на своја сметка си правев, ама не иде веќе, почна нервоза да ме фаќа. Мене уште по 2 недели до месец ми се врати и вкус и мирис, ама или ич неубаво ми мириса или воопшто не е тој мирис како претходно. Исто така и вкусот.
Ги исчитав сите страни не се многу. И читам сите со сличен проблем . Некој да се пофали дека 100%се вратил на старо? Април со позитивен тест. После подолго време малку ми се вратија мирис и вкус ,и отпосле подолг период се појави непријатниот мирис и вкус на одредени намирници па и парфимирани препарати. Пиперка , краставица, кромид праз лук јајца чадено месо ,дури и антипресоирантите и омекнувачот ми мирисаат исто и грдо Плус нешто што ужасно ме нервира е константно една затната ноздра ,со синуси сум немала проблеми ниту за време вирусот немав кашлање растечен нос или слично. Пиев неуробион капки од диво оригано ,е спреј не сум користела ниту инхалации. За носот понекогаш многу ретко прскам оперил ,една прска пред спиење . Ама не ми решава ништо ,тогаш за тогаш . има ли нови промени кај вас ??
На мене после 2-3 дена од изолацијата ми дојде вкусот и мирисот. Сега има еден месец како го прележав вирусот и со вкус и мирис сум ок како и порано.
Kaj mene se vratija vkus i miris bez odredeni neposakuvani modifikacii. Spored mene klucno bese masloto od divo origano.
Баш ме радува што читам дека се се средило. Само го пиеше или и инхалации правеше? Читам и спреј имало . А затнатата ноздра се реши и тоа?
Мене кока кола, пепси, ми се одвратни после прележана корона. Со месеци веќе. Како метал ми имаат вкус. И некогаш ако лежам знае пред нос да ми замириса како на нешто да гори, сега поретко, но се случува. Викаат ќе се регулирало со тек на време.
Ништо ново кај мене, се исто, од крај на март позитивна и еве до ден денес како што кажуваш исто е и кај мене со мирисот, само не ми е затнат носот. Веќе почнав да губам надеж дека некогаш ќе се врати се како што било...
стегање во градите и грбот како да не можам да дишам изнемоштеност болка во мускулите а и сопругот недела претходно беше позитивен.
Еве ќе се самоЦитирам , инаку искрено првиот месец се осеќав многу лошо ,а проблем на снимки и прегледи и анализи не пронајдоа. Вториот месец почнаа симптомите само да ми се намалуваат , ама не исчезнаа сите, дури и ми се случија драстични промени во организмот , па сега еве сеуште лутам по доктори инаку почеток на Април бев позитивна и до продолжена изолација од 3недели