исто баш исто,само што потта ја сеќавам ,а прележав лани во август ,чаре и до кога вака незнамисто и тахикардии ,а со желидникот ми помина само од себе проблемот ,го имав вајда 6-7месеца
За месец ќе се направи една година откако изгубив мирис и вкус и остана сетилото пореметено. Цела една година некои мириси уште не ми се како пред тоа. Изгледа нема да се опоравиме. Добро, некој лек, нешто нема што може да помогне, колку толку?
Исто. Јајца и пилешко. Не секогаш, а и не знам од што зависи. Очекував да попушти до сега, ама изгледа предизвикала некој траен ерор со сетилата. Немам чаре ни јас, колку толку привикнав и се помирив. Матичната ми велеше, ставај лимон, ментол, силни мириси под нос, ама тоа беше кога скроз игубив. Ова е веќе пореметено.
Јас немам поголеми проблеми со вкус и мирис. Со вкус сум ОК единствено јајцата малку поразлични ми се чинат. Кафето долго време се прашувам дали е со лош квалитет или машината за кафе е за чистење, ја чистев исто е.. А со мирис сетилото уште ми е остро, јајцата малку полошо ми мирисаат и алкохол што и да помирисам ми мириса на хемија се исто. На вкус ги разликувам. Маж ми од друга страна како anosmia да има. Едвај осеќа дека малиот се искакал, многу од јадењата тврди дека му мирисаат поразлично и полошо. Вкус колку и да е интензивен послабо од мене го чувствува. Пробавме со протеин од чоколадо кој го пиевме порано, доста силен вкус, јас го чувствувам исто како порано, он како разреден да е.
Јас не изгубив мирис, но некои работи, како јајце, пилешко, итн се уште лошо ми мирисаат, веќе два месеци подоцна.
точно една година како ја прележав ама само 80% ми се врати осетот со тоа што за некои намирници од храна мирисот и вкусот ми даваат чуство на гадење. Едноставно лошо ми мирисат
Слично и кај мене, иако прв пат прележав Корона пред 2 години, се уште не можам да поднесам некои мириси и одредена храна.
Здраво дали некој како последица од короната има проблем со мирис, долго време немав мирис 2 години, постепено ми се враќаше но имам проблем што не можам ништо благо да јадам многу ми смета миризбата...
Јас забележав дека откако се оперирав, како да се ресетирав. На 29 јули 2022 гледам сум пишала во темава, неколку месеци после тоа правев операција и од тогаш сосема ми се среди мирисот и вкусот. Што чудо ќе беше, не знам. Ама најмногу пиперките ми беа со чуден мирис. И кромид.
И мене ми е гаден вкусот на чоколадо,кока кола исто така.Не ми е вкусно секое кафе,а и со какаото исто.Куркума,ѓумбир,бибер,жалфија,лук,кромид,вино...сите ми мирисаат некако чудно. Сетилото за мирис ми остана пореметено за многу ароми.Сеуште има парфеми од кои ми се гади,а некогаш ми биле пријатни...јас имав многу изострен мирис и вкус,бев човек кој уживаше да ги користи сетилата готвејќи со различни зачини...сега за жал повеќе не можам да уживам во тоа. Но не се откажувам,упорна сум во употребата на се што било составен дел од моето секојдневие. Црната чоколада на најлепше жеље ми е ок на вкус и мирис. А какао за колачи употребував едно полско па го снема и сега на Краш (откако ги пробав сите опции). Кога сум настината чаша со вода ми мириса на влага како од бара да пијам вода. Напредокот е многу бавен,прочитав многу други слични искуства од цел свет по групи за постковид и лонгковид.
Пијте витамини и минерали и вкусот и мирисот ќе ви се вратат многу брзо. Истиот проблем го имав и јас со вкусот и мирисот, но си пијам витамини и минерали веќе 10 години.
За кои витамини и минерали зборуваш ? Ако мислиш на цинк,селен...кај мене немаа никаков ефект,а имам прочитано и позитивни искуства конкретно за цинкот. Кај мене единствено озон терапијата (озонирање со аутотрансфузија) даде најголем резултат и ме спаси од агонијата со бесконечни болки и покачена температура две ипол години. Во прва прилика кога ќе можам да издвојам средства повторно би отишла.Еден третман чинеше околу 5иљади,а јас тогаш направив 17 третмани со 6 месеци пауза после десеттиот третман.