Значи вака веќе некое време имам проблеми со дишењето. Не можам секогаш да земам воздух од длабоко.Што мислите во што е проблемот?
Може само да погодуваме, отиди на лекар и нека ти направат неколку испитувања. Крвна анализа, урина, капацитет на бели дробови, рентген на б.дробови и ќе се види во што е проблемот. Може да е некое воспаление, анемија, недостаток на витамини или нешто сосема трето.
oteznato disenje Sakam da prasam imam oteznato disenje,kako nekoja grutka da mi stoi vo gradite,ne mozam da zemam dovolno vozduh,isto taka koga pocnuvam da odam od pocetokot me gusi potoa se namaluva i otkako ke zavrsam so odenje vecerta poveke ne me gusi,me faka panika i so toa mi ubrzuvaat otkucuvanjata na srceto,posle 1 diazepam od 2 mg disam normalno se smiruvam inaku celo vreme sum nervozen,a i koga pijam alkohol ne mi se pojavuva oteznato disenje,inaku rabotam vo armijata i tamu sekoj den e poveke stresen od prethodniot.Nekoj sovet,nekoj da se cuvstvuval slicno,sekoj sovet e od pomos zasto veke 1 mesec mi e vaka???
Може да е од многу причини верувај, најдобро да посетиш лекар и да се направат сите потребни анализи. Може да се работи за проблеми со респираторниот систем(бели дробови, дишни патишта), може да е проблем со срцето, може да е од анксиозност, може да е од преголем напор/стрс и т.н. Најдобро да се направат крвна слика, спирометрија, стрес-тест, ЕКГ, сите основни тестови. Ако не се открие ништо тогаш подетални испитувања. Но за да се отстрани можноста за некое посериозно заболувања треба да посетиш лекар во најскоро време.
Под итно на доктор, вака ништо не можеме да кажеме. Може се работи за астма, може за некој проблем поврзан со срцето. Но никако не употребувај диазепам или лекови слични на него. Тие немаат никаква улога во дишењето и само можеш да постигнеш плацебо ефект и да се навлечеш на нив, како што знаеме тие предизвикуваат зависност. Но како што велиш дека постојано си под стрес, може отешнатото дишење ти е и на психичка база, но како и да е најдобро е посети си доктор, овде можеме само да погодуваме. Потруди се да не се нервираш, секоја работа/професија си е стресна сама по себе, но секако здравјето е најважно. Па ако имаш потреба, можеш да се консултираш и со психолог.
Без гајле, она што тебе ти фали според мое стручно мислење е недостаток на љубов и внимание. Се надевам сега ти е подобро затоа што привлече какво такво внимание. Со гушењето немаш проблем но задолжително треба да посетиш лекар додека е време. Луге пред да почнете да давате некому совет прочитајте го добро неговиот пост и поврзете ги работите за да не излезете насамарени, вие му помагате а тој всушност се зезал.
Јас неможам да дишам,да земам убаво воздух како нешто да не гуши,како да имам некоја грутка во градите и мислам неубави работи..Бев на лекар правев и ЕКГ и ЕХО,проверував крв но се е океј..едно време ми кажаа дека било од пубертетот но вака веќе 2 години..Ве молам ако сте имале нешто вакво помогнетеми!
Овие симптоми што ги имаш, наликуваат на анксиозност А и бидејќи си постојано под стрес, 95% тоа ќе да ти е. Ама сепак оди на лекар, и направи детални проверки
Последниве два дена отежнато дишам, како нешто да ме притиска во градите и не можам да земам доволно воздух... а кога земам длабоко воздух во ред е. Се случува многу пати во текот на денот, а кога мислам на тоа ме фаќа паника мислам дека нешто ќе ми се случи. Истово ми се случи за прв пат пред неколку месеци и траеше нешто повеќе од една недела. Тогаш отидов на лекар, мислев дека ми е нешто со срцето бидејќи претходно имав тахикардија, ме прегледа докторот но се беше во ред. Ми препиша само некои таблети за смирување но не ги земав бидејќи ми помина. Не знам дали имаше влијание тоа што докторот ми рече да не се плашам, дека тоа е поради стрес но се е во ред со мене затоа што после два дена од прегледот ми помина. Дали да ги земам таблетите на своја рака, бидејќи срам ми е да одам пак на лекар за ништо, а и тогаш ми рече да одам да разговарам со психолог. Не отидов ни на психолог. И да напоменам тогаш постојано бев под стрес, а ситуацијата сеуште е иста и не мислам дека нешто ќе се смени во скоро време.