Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Podarok, 10 март 2011.

  1. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    5.992
    Да :(
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Девојки (јас сум тапа со медицина) значи точно под градиве ужасно добивам болка . Уште пред неколку денови добивам ужасна болка , но нема гадење , повракање , киселини... Во последно време не јадам многу , минимално внесувам храна ..
    Но сношти во спиење повторно ме разбуди таа ужасна болка што ме остава без воздух....
    Што може да биде ова чудо ?
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги обавестам сите членови на форумов кои имаат желудечни тегоби, да не одолговлекуваат, да не се мачат да трпат болки, слободно без страв да одат на гастроскопски прегле и да знаат сто процентно од што боледуваат.

    Минатата недела направив гастроскопија, верувајте дека фаќав врски за да ми направат ургентно оти имав толку големи болки во желудникот, печење како солна киселина да сум се напила, најмногу во средишниот дел во градите... Болката се ширеше и во плешките, мислев прво да не е срцева болка, но екг ја исклучи таа можност.
    Језива беше болката која беше додатно зголемена и со една стресна ситуација...да не тупам веќе, поентата ми е дека гастроскопијата не е воопшто страшна, дишев длабоко на уста, два три пати ми се поткрена дијафрагма, но ништо страшно и не пројдоа ни триесет секунди а веќе докторот ја вадеше сондата...краток преглед и дијагноза гастритис.
    Повторувам, не се плашите, не е страшно, нема повраќање, нема лигавење и трае помалку од минута.
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Ма бабо радо јас му станав на докторот заради тоа цревото што сакаше во уста да ми го стави па до желудник.... Јас погрозно нешто не сум видела , нека измислат нешто друго , некоја друга опција за снимање на желудецот
     
  5. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    neznam luge veke sto da pravam kaj da odam samo sakam da si umram vo maj ovaa godina se operirav od zolcka predhodno imav zocni napadi sto se verujtemi strasni i sega nemam zolcka a pak imam bolki vo toj del vo gorniot del od abdomenot nez sto da pravam ako nekoj imal slicni problemi neka pise ili negov blizok imal takvi problemi ;(
     
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Мила моја, па ти си се испаничила без потреба, верувај ми...Јас бев толку смирена, психички се испрограмирав дека можам да издржам една минута за да дознам точна дијагноза и да почнам да се лекувам...легнав на столот опуштена и смирена...
    Паниката и стравот се безразложни, трае помалку од минута.
    Постои снимање со видео капсула, малецка камера, минимално зрачење.
    Капсулата се проголтува и се исфрла нормално надвор.
    Мислам дека го има во неколку држави но кај нас ќе дојде тој метод на снимање за едно десетина година.
    Зошто се мачиш, оди направи едно абдомен.ехо, ќе видат каде е проблемот...а можно е болката да ти биде и од промената на времево.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.752
    Допаѓања:
    169.006
    Пол:
    Женски
    Краток е прегледот со сонда?
    Од Пон треба да се закажувам и малку ми фуфка за преглед со сонда ...
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Немој, не се измачувај, само кажи си на себе дека ќе издржиш храбро една минутка, ќе стиснеш песница ако треба, земај длабоко возух како кога сакаме да се опуштиме и...толку, биднало...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.277
    Пол:
    Женски
    некаде прават и со целосна анестезија.Прашајте,ако ви е тоа полесен начин
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Нема потреба за целосна анестезија, бадијала фрлање пари а и знаеме дека анестезијата е штетна, па треба да одиш со некој друг..и спрејот анестетик за грло не е пријатен, неможеш да голташ, тоа е па појезиво...
    Штом баба издржа, ќе идржите и вие.
     
    На Justicija, Oscar Lady, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Ааааа, не е, ааа аа а а, а а а а а... :shake:

    Каде имаш правено?
    Јас поодамна правев во Филип Втори, без анестезија и е најлошото нешто што може да ти се случи. Не ме сваќајте погрешно - кога се мора - се мора, ама страшно е, дави и викаат дека не боли ама боли, три недели модрица носев позади на грлото каде што се превиткувало цревото.
    Инструкции за дишење?
     
    На Justicija и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Какви модрици жити бога?
    Ниту боли, ниту е страшно.
    Инструкциите се да голтнеш првиот пат за да влезе цревото, да дишиш нормално и да не се стегаш и мрдаш.
    Кој касап ти правел тебе такво мачење?
     
    На saren_petel и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.277
    Пол:
    Женски
    и паниката е штетна која може на момент и те како да те стрефи.Татко ми во Штип правеше со целосна затоа што качува мн висок притисок при стресни ситуации.А за него ова беше ете стресно.Будна и јас не би :doh:
     
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Затоа и реков, од мое искуство, плус напредната е техниката, компјутери подобри, сонда потенка, побрз преглед. Вечерта пред прегледот се изнагледав на јутуб гастроскопски прегледи, се изначитав разни искуства и бев тотално охрабрена.
     
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Јас неколку пати имам одено на лекар за чудово...
    Болки до несвесница.
    Фамосан 40мг го пиев 40дена и ми се среди. Продолжив со чај од маточина, наутро и навечер.
    Треба внимавање со храна, многууу!
    Плус и стресот си го прави своето. Кај некој се одразува со покачен притисок, шеќер и сл. кај мене на желудникот.
    Лани имав пак проблеми па бев во Гастротоп на ехо...
    Докторот ме праша: Пиеш кафе?
    - Да! Пушиш цигари? -Да
    Епа кога ќе ги фрлиш овие две работи, нема да те боли, ајде сега гитла. Ваква бев :o
    Си се присетив дека имам се ова оставено пред 8год. кога прв пат си дозволив од факултет да ме боли желудник. Страшно! (facepalm)
    Не дека сакав да не пијам кафе и да си запалам цигара, ми се гадеше од самата помисла.
    Пред да одите да се снимате со тоа грдото црево, пробајте со Фамосан,маточина, Гастогард... е сега за кафе, цигари од вас зависи.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.752
    Допаѓања:
    169.006
    Пол:
    Женски
    @Petra777 кај мене е психички проблемот и ми се повторува при стресни и реално, не толку стресни ситуации, а кафе ретко пијам зошто не спијам после тоа дооолго, а цигари не пушам. Е кога ќе се надразни мора на се да пазам. Многу работи сум пробала и најдолго сум била без болки од масло од кантарион. Вчера зедов пак зошто ми се повторија болките ... Сега Понеделник одам да закажам за тоа со сондата, па да се надевам ќе биди подобро после само нека не боли, аман... :(
    @baba Rada јас пак колку читам толку повеќе паничам. А сакам да знам што да очекувам. :D
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Олеснување мила моја, тоа ќе дочекаш...ајде храбро машки... Триесдтина секунди...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Епа затоа потенцирав чај од маточина. Тој има и седативно дејство, опушта, смирува... Кај мене е 50% стрес/нервоза , 50% храна+цигари+ кафе.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.752
    Допаѓања:
    169.006
    Пол:
    Женски
    Јас пак немам мака од храна ако претходно не се изнервирам па да не можам после да јадам ... Ама ајде ќе видам од Понеделник кога ќе ми закажат, па да собирам сили ...
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Каде ќе правиш, во која установа?