Уште не знам, знам само дека треба да одам кај матичната Понеделник и да ме упати, закажи и се тоа. Ако не Понеделник, Вторник најкасно ќе одам да закажам и зошто не сум упатена оставам на неа да ме насочи каде мисли дека е најдобро.
Ми имат правено гастроскопија и без анестезија и со целосна анестезија. Ама бев мала 15,16 год. Без анестезија бев во Штип, имав закажано во 9, а докторката дојде дури во 12. Јас мртва гладна. Кога ми го ставија цревото имав чувство како да се гушам, а само требаше да дишам со нос. Исто и многу ми се лачеше плунка. Среќа што е краткотрајна интервенција. А во Ск со целосна анестезија бев, ништо не осетив, баш убаво си поминав.
Здраво на сите, имам еден проблем со желудников подолго време 4 месеци скоро, имам чуство на подуеност ко да имам топка голтнато инаку немам болки а имам и киселини кој ги имам подолго време а о прилично сум млад 21 година а сето ова ми се деси после тешко пијанство бев на болница ми препишаа ланзул ми се намалија киселините ама подуенста не некаков совет
Направи CLO тест може имаш helicobacter pylori или некое воспаление, или пак да се испита желудочниот сок.
Здраво, имам голем проблем, од храна скоро све ми смета а и од пијалоци, само вода пијам... Одма (значи не после 15, 30,...минути него ОДМА) после јадење имам болни грчеви кои понекогаш ми траат и до 3-4 дена... 2011та ме испитуваа за хелико бактери преку столица - ништо, крвта нормално све, на ехо и колоноскопија ништо... Лани 2017та пак истите испитувања ги направив зошто месец дена немав нормална столица туку течна, и 3 недели имав по цел ден гасови и грчеви, и пак ништо не ми најдоа... 2011та само мрсна храна, газирани сокови и алкохол ми сметаше, ама од 2017та почна да ми смета и од благо СВЕ дури и оние интегрални суви глупости, и сладолед, овошје, обични сокови дури и шумеќи и цедевита, и чаеви (и топли и ладни),...и крем и мармалад, салами и кашкавал,... Од оваа година и јогурт почна да ми смета и сирење и све више упм, само вода пијам, а за јадење не ми смета само- месо, риба, паштета, павлака, ориз, супа, компири,... Друго све што и да јадам или пијам, одма добивам болни грчеви понекогаш и пролив...и стомакот ми се дуе понекогаш и ми тежи... Дајте ми совет каде и што да испитам??? зашто и во воена и во државна не ми го решија проблемот и тотално беа незаинтересирани гледаа само да ме откачат
Како што разбрав ехо и колоноскопија ти правеле само, а гастроскопија? Доколку не, под итно да си направеш, симптомите укажуваат на улкус (чир).
Немам правено гастроскопија. Што е тоа, она кога ти пикаат црево у уста? (И зошто не ми го предложи тоа да го направам "специјалистов" у воена него ќутеше ко мутав за на крај да му текне да ми даде да пијам едни апчиња 2 месеци а кои немаа никаков ефект...Ах бе ) Што ако искочи дека Е чир, која е терапијата? Ќе можам ли пак да јадам нормално све?
Со ехото не можат да се визуелизират шуплите органите, колоноскопијата е за визуелизација на цревата, која во твојот случај е добро што е направена за да се исклучат заболувања на истото. И кога веќе е установено дека се тоа е чисто, не ми е јасно зошто до сеа не ти е направена гастроскопија, оти очигледно е дека проблемот е од таму. Иди кај друг доктор и барај му гастроскопија, а ако искочи дека е чир потребен е посебен режим на исхрана и терапија, но со соодветна терапија многу ќе ти биде полесно и подобро.
Оддамна го имам истиот проблем. На лактоза сум алергична, што значи тоа на страна. Млеко или јогурт = превртување. Тестенини ни под разно. Знам мнооогу ретко да јадам, спремна за последици. Горе-доле храната што ја наведе, слични работи ми пречат. Кафе ми пречи страшно, ама преврено со цимет па некако го поднесувам, ама на гладно никако. Бев во Гастротоп пред 2години и тоа не заради желудник, друго нешто, па си викам патем ај нека види докторот кога веќе сум тука. Со Фамосан од 40 смирував се, но не може цел живот со апчиња. Само ме праша дали сум пушач и дали пијам кафе. Нормално да. Добив одговор кога ќе ги исфрлам овие работи, ќе се среди се. Инаку и јас хелико преку крв правев, нема ништо. Кај мене е сепак од стрес некој вид гастрит од 2009 па навака, но сега со чај го контролирам. Ако си заинтересирана ќе ти кажам за кој чај се работи.
Е па тоа се нервирам, зошто ете не ми предложија/направија досега гастроскопија, зошто уште во 2011та пропуштија да го најдат проблемот а не "од стрес ти е, бркај работа" не ти веруваат те прават хипохондрик, и еве до кај дојде.. Предложи ми каде во приватниве да направам гастроскопија? Фала ти , ама не верувам дека тој чајот ќе ми помогне. Нити кафе пијам нити пушам. Јогурт до пред 2 месеци не ми сметаше, до 2017та благо и овошје слободно си јадев и наеднаш почна да ми пречи...ќе отидам да направам гастроскопија, се надевам ќе ми го дијагностицираат проблемот конечно, и ќе си јадам пак нормално... зашто вака само на вода и без овошје/благо не можам
Нема потреба од фрлање пари по приватни ординации..оди во државниве, земи упат од матичен лекар до гастро..еве на пр.јас правев гастроскопија во ГОБ 8 ми септември.
Здраво на сите. Имам проблем со желудникот негде 2 месеца. Имав киселини константно. Инаку имам 17 години. Е сега.. Поради тоа што сум голем паничар и секакви мисли ме јадат. Бев исто така анксиозна пред одреден период, што и верувам дека тоа е дел од причината за тие киселини. Освен тоа и нездраво се хранам. Завчера бев ма интернист. И ја објаснив ситуацијата и прво нешто што ме праша е тоа како се хранам. И нели нема потреба да ја лажам и кажав се како што е и мајками потврди. И докторката ваљда ме примети дека сум психички растеретена и ми вика "А тебе на психичка база да не ти е?" и и напоменав за анксиозноста. И кажав дека пијам еутирокс за тироидната и Јаз контрац. поради нередовни циклуси. И ми препиша Нопаза да пијам 2 мес па ако продолжат киселини на гастроскопија. Ама луѓе еве таман се средив со стресот и мора нешто друго да ме извади од такт. Како на пример што прочитав од киселино можело до рак да дојде. И толку ми требаше.. Ве молам за мислење и плус постари сте и поискусни од мене. Јас дури се изнервирав што докторката ми кажа дека исхрана и стрес најмногу влијае врз тоа. Баш сакав да ме прати на испитувања па дути и гастроскопија да е не ми е страв барем раат да сум а не вака ме мачат црни мисли.. Фала ви однапред..
Направив но во Гастротоп, 5500 беше. Ми рекоа нема ни чир ни кила. Желудникот "спуштен" и "многу токсичен" т.е. премногу киселини и од желудникот и од жолчката, барем јас така разбрав... Ми препорачаа тест за интолеранција на храна да направам понатака. Ми напишаа некои капсули за киселиниве треба утре да ги земам а и Рупурут ми рекоа, и еве пред малку добив наеднаш јаки тегоби од ванилици што јадев, земав Рупурут одма и ми го смири стомакот скроз за многу кратко време. Што треба да избегнувам од јадење за киселиниве? Приметив на пример во саботата дека од супа го осеќав стомакот после тоа како подуен ми тежеше...
Дај пиши ако можиш чајот. Едно десет год. имам мака со другаров. Додуша во последно не е нешто страшно, се средва со храна. Ама да си имам, за секој случај. Мене многу ме смирва масло од кантарион по лажичка пред јадење.
Нема потреба толку да се паничиш и нервираш. Докторката била во право, а ако така лесно се добивало рак од киселини досега којзнае колку луѓе ќе бевме заболени од рак. Понастрана од дијагнозите на интернет. Ако имаш желба за гастоскопија побарај и на докторката упат, ама ако немаш големи проблеми нема потреба да си правиш такви стресови. Сама ќе си одредиш кој храна ти прави киселини и ќе ја исфрлиш. Средиси ја исхраната, намали брза храна, мрсно, газирано, грицките многу знаат да влијаат на желудникот.
Чајов кај нас го нема, ама може да си го порача по некој, јас од Швајцарија го земам, го има и во Германија сигурно, секаде каде што има Мигрос маркети би требало да го има.
Фала ти! Мислам дека ќе можам да го најдам, вака со време оти мене на нервна база ме боли и допрва колоквиуми ќе имам и знам шо ме чека ...