И јас од колоквиумски си го пореметив цел желудник. Мене многу ми помогна, за цел абдомен е, на роднина и гастрит му смири.
Под спуштен мислиш на хиатус херниа? За киселини избегнувај зелка, грав, а повеќе зеленчук, посебно ориз и морков.
Да, така пишува, хијатална хернија, елонгиран? желудник. Капсуливе денеска ги земав Нолпаза. А што да правам јас на пример? Од тоа исфрлање/избегнување на се што ми смета спаднав само на - риба, месо, павлака, паштета, кисело млеко, ориз, компир,... а за пиење само вода. Кој може така да живее?, сакам се да си јадам нормално, денот не можев да си го замислам без овошје и благо а сега? Нити пијам кафе, нити пушам, нити се дрогирам, газиран сок и алкохол се немам напиено 7-8 години од кога почнаа проблемиве со стомаков, мрсно (бурек, мекици,...) исто... Чаре?
@bile454 Кога имаш болен желудник нема јадење нормално Јас сум со хроничен гастритис. Некогаш кога ќе ми се иритира имам таква болка што одам подгрбавена и ништо не ми помага. А во некои случаи од блка добивам и вртоглавици. На јајце не смеам да помислам, јадам ама после тоа си трпам болка додека да се свари, патлижан исто така, ајвар, некои тестенини потешки како бурек, питулици. Некни на чиа семе ми изреагира. Недај боже домашни колбаси да јадам или праз или па кромид. Ќе ме убијат киселини. Немаш раат кога си имаш проблематичен желудник. Ова ти го пишувам за да вииш дека и другите се соочуват со проблеми. Како што читав наназад ти си поекстремен случај ама ако немаш гастроскопија направено прво тоа да го направиш. Па неки тестови за интолеранција на храна зашто ова што го читам не ми изгледа само како желудникот да прави проблеми. Ти посакувам да си најдеш решение за проблемот што побрзо зашто знам колку е мачно кога си ограничен со исхрана.
Пак јас , сакам да прашам дали има некој правено тест за нетолеранција на храна ама државно и како иде тоа и колку време се чека и дали све опфаќаат глутен/фруктоза/лактоза... зашто предолг е списокот со работи што ми сметаат.... а за приватно немам(е) повеќе пари за фрлање...(сега во април треба и друга интервенција да направам приватно а не е поврзано со проблемиве со стомаков). Уште ова ми остана после гастро и колоноскопија, ехо, крв, урина, столица,...при што ми најдоа само киселини и пијам апчиња за тоа но не гледам ефект исто како со тие за варење што ги пиев 2 месеца зашто проблемот со стомакот и натака постои , ми велат од стрес ми е блабла, а тегобите (многу болни грчеви кои траат и до 3-4 дена, подуеност, гасови, пролив) мене ми се јавуваат секогаш одма после јадење (или пиење) а пред некој ден добив грчеви и додека го шетав кучето со другарка ми тоа стресна состојба ли е?....А и советот што ми го даваат да избегнувам све што смета не можам не е само 2-3 работи...
Problemi so stomakot- Na ,pocetokot bese koga vo lezecka polozba disenjeto mi bese mnogu tesko prosledeno so tahikardii i pritisok i bolka vo gradive ( kako da me gushi i srceto kako da mi zastanuva). Ovie simptomi traea 3-4 dena od koga primiv nekolku infuzii i pocna da mi se stabilizira malce sostojbata Napravivi rengen na zeludnik na koj se bese normalno osven sto bil elongiden(izdolzen) terapija lanzul i malce se stabilizira situacijata posle 2 nedeli ja prekinav terapijata. Simptomite se povtorija za mesec i pol isto taka strasni, bolki pod gradnata koska, nemozev da zemam dovolno vozduh i spienje mnogu tesko skoro nevozmozno, po 10 pati stanuvav navecer da setam niz doma da mi se stabilizira disenjeto i plus mi se duese stomakot. Pak infuzii i sledno bese gastroskoija so dijagnoza Hijatalna hernia so erozii i hronicen gastritis. Terapija Nolpaza 30 dena 2x1 i posle uste 30 1x1. veke primam 10 dena Nolpaza ama povtorno mi se javuvaat bolki i pritisok vo zeludnikot i bolka pod rebrata od desna strana, kako kamen da imam i od vreme na vreme znae da mi se podue cel stomak. Vnimavam kolku mozam so ishrana , izbegavam se sto ne se preporacuva, jadam vo pomali obroci, posle jadenje osekjam tezina i kako da ja gubam cela energija. Ve molam za sovet nekoj so slicni problemi , kakvi simptomi ima kolku vreme trae i dali se povtoruvaat simptomite?
Jas imav skoro dve godini bolki vo zeludnikot. Proveriv helikobakteri (negativno), potoa bev na toa snimanjeto koga pies kasha,se bese navodno ok. Nekako me ubedija da napravam gastroskopija i ispadna deka imam gastrit i kaskaden zeludnik.. Primav skoro godina dena terapija (emanera, donperidon, gastrogard i posledniot mesec ranitidin i gastogard). Na ishrana ne mi kazaa da vnimavam. Dodeka bev pod terapija nuti ednas ne me zabole, raat si bev. Sega nekolku meseci sum bez terapija, znae da me fati nekogas ama ne bilo strasno, se do zavcera koga me fatija tie nenormalni bolki. Od apcinja za smiruvanje bolka pijam ranital, obicno tie mi pomagale do sega (ako znaete podobri preporacajte mi), no ovoj pat ne mi pomognaa. Bev na dezuren da me bocnat, no i toa ne pomogna i potoa otidov na infuzija (ranital) i toa me smiri. Imam uplav od bolkive zosto ne znaete kolku se imam iznamaceno so zeludnikov i mnogu mi e strav.. Doktorot sto me vodi e momentalno na odmor, vo avgust imam zakazano termin, no ne znam dali do togas na svoja raka da si zemam terapija, taa sto ja koristev ili sto da pravam... Ne mozam da podnesam uste ednas takva bolka
Да пробаш со ланзул или нолпаза. Некогаш и сируп еглонил помага но не е за честа употреба, само по потреба. Мене многу чај од ајдучка трева ми помага. Исто имам слушнато дека и чај од кантарион помага или маточина. Штом имаш гастритис примети која храна ти пречи, зашто сигурно пречи некоја. Примети како реагираш на патлижан, пржено, тестенини, јајце.
Од храна имам приметено што ми пречи и не јадам тоа.. Сепак на своја рака си ја земав повторно терапијава зошто за неколку дена одам на одмор, се надевам раат ке бидам зошто ако ме фатат пак болките ке ми се упропасти цел одмор.. Нолпаза ми препорачаа, си купив за не дај боже.. Па господ нека ми е на помош.. Фала ти
Против киселини јас јадам банани, исто компир убаво варен ама без зејтин или било каков зачин. Јогурт од баланс плус е океј, ама не мора. Само пази со бананите во секојдневна исхрана немој многу да претеруваш, содржат калиум доста, прават аритмии.
Пиј лажичка кантарионово масло пред секој оброк. Ова ми го кажа матичната, се преродив со ова. Кога и да ме боли пијам на утро обавезно, после ако не заборам, и многу помага. И во упатство пиши дека помага за желудник, ако немаш со оваа опција пробано - пробај! Edit.Последмата фирма која ја користев не ми се допадна, никако не ми текнува како се викаше, многу ретко беше. Јас користам од Галафарм. Малку грозно е ама се трпи за да нема болки.
Jas nekako se srediv so Nolpaza. Vo slucaj da imam maka so zeludnik posle jadenje pijam caj od nane dodavam dzumbir vo prav i samo nekolku kapki limun. Ne veceram i ne legnuvam so poln stomak. Kupiv kapki od Pasiflora tinktura gi jma vo DM na priroden proizvod, mislam deka deluvaat mn dobro na zeludnikot iako se koristat za nervna napnatost i za opustanje isto taka.i zeludnikot go opustaat. Spazmex obicno za pojaki bolki se pie ili eglonil( kratko se koristi , kaj zenite moze da dojde do pojava na mleko).
Дечки татко ми правеше испитување на желудникот ве молам доколку сака и знае некој да ми каже што значи дијагнозата. Резултатите од брис ќе ги земеме другата недела.
Здраво на сите членки...Исплашена сум многу и ми треба совет и мислење , мислам дека пишувам на право место ако грешам исправете ме... Имав хелико бактери пиев еднаш терапија и ме пратија на ендоскопија пошто имав десно под реброто болки , ми рекоа некоја содржина ми лачел жечудникот и пиев апчиња , едните не ги испив до крај , но сега тоа што ме плаши е што имам ретка стплица 6-7 месеци, немам други симптоми освен од време на време болки околу стомакот, ме плаши многу несакам да одам на лекар стеав ми е да не ме пратат на колоноскопија ве молам за совеет
Zdravo.Veke dve nedeli imam problem so zeludnikot i so krkorenje na crevata jadena nejadena celo vreme mi krkorat i podzdrignuvam ponekogas dali ima nekoj so vakvo iskustvo