Имам ненормални болки во желудник а сигорно некоја од вас пие наусолвит капки , кажете ми од денот на отварање на капките колку денови траат ?
Zdravo, Pred okolu 2 nedeli bevme kako na piknik so drugari(pievme,jadevme), i od togas koga se vrativ, nokta me zabole stomakot epten, mi se vrtese i mi idese na povrakjanje. Bev na doktor mi prepisa, rangal i ranitadin i nekoi elektroliti(gi piev 3 dena i jadev polesna hrana). Posle edna nedela, imav kako tapa bolka i uste mi se vrtese vo glava, pojdov pak i mi go prepisa istoto, samo ranitadin mi zgolemo doza i plus apcinja za crevnata flora(Dr. Woltz). seuste mi se vrti. Zapek imam i kao poduen da mi e stomakot. Dali mi zgresile dijagnoza ili e nesto drugo neznam. Dali ima nekoj nekoe vakvo slicno iskustvo?, pa da mi objasni nesto plus.
Од ова што го кажуваш , можно е да имаш гастритис. Каква храна си конзумирал (дали била премногу зачинета и во големи количини) и дали си пиел алкохол заедно.Премногу зачинета храна и алкохол може да доведе до гастритис односно воспаление на слузницата на желудникот кое се карактеризира со надуеност , болки во стомакот итн... Мој совет доколку терапијата не ти делува земи упат од матичниот за Гастроентерохепатолог , па да видиш што ќе ти кажат
Здраво да ве прашам. Неколку пати ми се дешава да имам како напади, многу силни болки во зелудникот и десната страна кај грбот, ама толку силни да не се трпи, и тоа секгаш почнуваа навечер и траат до утро. Испитав золчка, бубрези, крвна слика се е ок. Сега останува само уште зелудник да проверам. Дали некој има слчно искуство и што би мозело да биде?
Гледам дека на темава се спомнува Алое Вера сок, на што се мисли на оние во Тинекс што ги има? и кој од нив зашто ги има повеќе... Друга работа, како најбрзо да се ослободам од гасови? зашто ми стојат во стомаков и се осеќам многу тешко во тој момент еден огромен притисок како да ќе експлодирам...а откако конечно после неколку сати ќе ми дојде да ждригнам или да испуштам гасови, одма се осеќам многу подобро полесно...
Е да беше така едноставно... Гастрогард и Гастал имам пробано и не ги можам ме иритираат дека се со пеперминт и ментол. Земав едно време Рупурут и ми помагаа ама почна и од нив да ме боли стомакот и тоа од само пола апче
Имам пишувано на форумов...сите можни испитувања и тоа и по 2 пати ги имам правено...не е од сега проблемов 8-9 години го влечам...лекари, овие државно се неспособни и незаинтересирани да ти го најдат проблемот а овие приватно се заинтересирани ама не да ти помогнат него само како што повеќе пари да ти земат и ти посветуваат најкратко можно време. Ти што проблем имаше и кој е тој докторот?
...а пробиотик никој не ти препорача? една капсула Линекс ќе те среди тројно, ем ќе ти ги тргне гасовите, ем ќе помогне во дигестијата, ем ќе ти го среди проливот!
Јас гастритис , но додека ми го откријат каде не бев, умирав од болки, 500 терапии за ништо и на крај отидов кај Владимир Андреевски во државна и стварно сум презадоволна, ми погоди и терапија од прва и плус како човек е супер. Сега фала богу сум раат, 4 месеци без терапија и немам болки finally.
И јас така...оди ваму, оди таму, пиј ова, пиј она, стомаков едно време ќе се потсмири и после пак болки еден период кога ќе ме фати...Баш ми е мило што си си го решила проблемот. Може да пишеш уште само што терапија земаше?
Првите месеци зимав еманера на гладно, гастрогард 3 на ден и едно донперидон. Потоа останав само на еманера и на крај последниот месец по два ранитадин на гладно. Траеше скоро цела година, ама такви се терапиите за желудник.
Јас никако да го оправам желудников, ама последниве денови ми е неподносливо. Многу ми отекува пределот на стомакот, ко трудна да сум, имам опстипација и симптоми на гадење/лошење. Бев на еден лекар, ми кажаа дека гасови имам во желудникот, ми дадоа апчиња, но ништо не се промени. Утре пак ќе одам на лекар, ама не можам да издржам мислам дека ќе пукнам. Некој со слични симптоми? Што да правам?