Овој ли е ? http://zdravstvo.gov.mk/team/d-r-vladimir-andreevski/ Многу млад ...но чим ти посветил толку внимание и ти помогнал како што кажуваш, ќе отидам деновиве се надевам и на мене ќе ми помогне и конечно ќе го решам проблемов
Хахаа да тој е. Отиди нема да згрешиш. Ако нема термин земи си приоритетен упат ќе те прими. Во петок е во амбуланта, за други денови не знам ама можеш да си прашаш по тел.
Здраво друштво, Дали некој од вас имал симптоми на пецкање на дланките и стапалата како последица на гастритис? Имам гастритис веќе 5 години, последниве 3 години сум на Nexium. Бев на докотор, направив по втор пат ендоскопија, ми кажа дека имам умерен гастритис. Слабокрвна сум, но железото ми е добро. Б12 е океј, немам проблеми со глукозата и тироидната функционира како што треба. Ама ова со пецкањето ептен ми е чудно и ме загрижува. Не ме чеша толку колку што ме пецка и ме нервира. Најчесто се појавува кога јадам благо, пијам кафе или алкохол, мрсна храна, или на празен стомак. Комплетно ги исфрлив сите овие намерници, но пак се јавува... доволено е да седнам и тогаш дали од притисокот врз стомакот одма се јавува...
Како се викат апчињата од грција против болја во желудникот, можеш ли да пишеш, зошто не ми ја отвара сликата.
Здраво на сите, ја видов темава за проблеми со желудник и сакав да го споделам моето искуство. Со денови имав болки во желудникот, киселина, подуеност после секое јадење. Најчесто повраќав за да ми се олесни. Никогаш предтоа не сум имала никакви проблеми со желудник. Работам прилично стресна работа и помислив дека е можеби од нервоза и стрес. Секој ден симптомите се влошуваа и решив да отидам на доктор. Живеам во Америка и тукашните прегледи се повеќе консултативни, здравството е луксуз, па одкога ги кажав симптомите ми препишаа Pantoprazole да пијам 3 недели, наутро. Крвна слика и останати прегледи и тестови единствено ако ситуацијата не ми се подобрела . Докторот ми кажа што да јадам - буквално месец дена живеев на млеко, јогурт,кисело млеко, сирење, двопек, печена риба, печен и варен компир, чаеви без шеќер, грисинки , по малку печен леб... Никако јадење кечап, паста, маринара сос, зачини, месо, пржена и брза храна, алкохол, сок од портокал, чоколадо , банани,лимон, исто и пиење лекови што содржат ibuprofen - се ова ми предизвикува огромни болки и повраќање. Веќе не ги пијам апчињата пантопразол, ми препорачаа на сабајле да пијам чаша пресно млеко, и уште еден домашен лек што се пие насабајле 7 дена по ред- 1 белка од јајце, правшеќер и една лажица маслиново масло . Мириса ужасно но помага, тие што имаат мака да пробаат обавезно.
Дали некој слушнал за кила на желудник? Дали е нешто сериозно и дали има простор за паника? Дали би се влошило во иднина и на кој начин? Дали се оперира?
Оди си на лекар. Нека те снимаат со сонда. Имаш снимање преку хранопроводот и преку аналниот отвор. Јас се имам снимано преку хранопроводот. Така ке си знаеш што треба да правиш.
Здраво пред 3 недели пијев премногу антибиотик и ибопрофен и од тогаш имам страшни болки во желудникот и стеганје во градите отидов на лекар тука во Германија и ми зедоја крв и ми рекоа дека ми е се ок и рекоа дека е гастритис.Пијам веке две недели Pantoprazole но се уште ги имам овие болки и кога мислам на тоа некако повеќе ги имам тие болки и се се плашам да не имам нешто друго инче сум 15години
... внимавај што и колку јадеш во еден оброк, почести и помали оброци, избегнувај љуто, кисело, премногу ладно, многу вруќо! инаку јас би одбрала омепразол наместо пантопразол!
Ahm okej fala ti neznam tka mi recer doktorot eve gi pijam veke 1.5 nedela ama seuste imam blagi bolki i se se plasam da ne imam nesto drugo ama cim ne pokaza nisto na krvta msm deka e toa
Гастритисот не е заебанција и не се лекува преку ноќ, јас имав и бев година ипол со терапија со по три вида на апчиња..
Okej fala ti mnogu sega zavrsiv so ovia apcinja i bolkata mi pregina do od vcera poca pak i nekak grbot i gradite me stegaat neznam dali da odam povtoro na lekar ama mislam deka mi je i psiha posto pred 1 nedela ispitav krv ekg se bese ok
Како викаат: "прашај паталец не гаталец" па зато јас одма кај вас. Долги години имам проблем со стомакот, поконкретно со чести киселини, чуство на оган во желудникот и најтешкото за мене, надуеноста. Не сум манекен, имам зголемена телесна тежина но не до степен кој би бил опсен итн. По години поминати по лекари од каде што добив инфо дека имам високо всаден желудбик, негативни тестови на хеликобактери (не сум проверл повеќе од една година), диети дадени од лекар и што уште не. Еве денес при ручек, по испиена една чаша швепс се надував како балон, па после ова што и да каснам или напијам (па макар и вода) состојбата дополнително се влошува. Едино спас најдов за киселините, пијам ЕМАНЕРА која ги контролира киселините ама надуеноста, страшно. Кога ќе се погледнам како да имам 10 кг плус во стомакот. И тука се проблемите со тешкотии при работа, при дишење, нема рат седење по шо ми се чино дека стомакот ми иде горе. Ако некој имал ваква состојба и нашол решение молам да ми помогне со совет.
Девојки, дали некоја имала чир на желудник и ако може симптомите да ги споделите? Читав на нет, ама сепак сакам да слушнам од од искуство....Фала
Здраво отакако се породив еве веќе три месеци имам тегоби во стомакот... Насабајле ми е подуен имам гасови и подждригнување... Правев тест ми покажа дека имам Helicobacter pylori бидејќи дојам не ми дадоа никаква терапија само режим на исхрана... Ме интересира дали некој ја решил бактеријава со јадење.... Без терапија и дали знаете некој чај или хомеопатски лек што нема да ѝ пречи на бебка
Последните неколку недели имам болки под левото ребро надолу во вид на штипење,како затегнување.Пред 2 год.гастроскопијата покажа рефлукс гастритис.На почеток бев со Ранитал и Рупурут,последната година со Нолпаза. Ми помагаат освен кога ќе јадам нешто што не треба. Ми уклучија сега и Еспумисан поради кркорењето и гасовите. Но,во последно време ме плашат овие болки. Си викам чир да не е За неколку дена ќе правам испитување со каша.Крвна слика проверив,ок е. Овие дена ќе проверам и Хеликобактер. Во однос на храната,се скарав со се што ми правеше киселини,а со тоа и болки - домати, кајсии,праски,тесто(интолеранција на глутен имам) итн... Од чаеви пијам кантарион,нане, а пред некој ден почнав и од иѓирот,добар бил за желудник и црева. Се надевам дека нема да испадни нешто страшно. И ако не најдам тука решение, ќе го побарам докторот што го пофали @Darlingzz Некој со слични симптоми? Мислење,совет...?
Мене ми открија чир после лекување од хеликобактери... Кога сум под голем стрес имам реакција голема болка во желудникот, киселини, гадење и нагони на повраќање и мн ми сметаат мириси. Во тие денови си помагам со апчиња за намалување на киселините и секако мора да се внимава на храната никој нема да може да ти каже што треба да јадеш а што не сама ќе откриеш што ти смета
Здраво.Имав стомачен вирус, ми траеше 5 -6 дена,после тоа , од диетски режим и мн лекови имам страшни болки во желудник. Нс гости сум во Германија, и мн се плашам да не ми е нешто, сум станала хипохондрик....Иначе пијам Нолпаза 20 мг и лижам Гастрогард ..Ама некако Нолпазава 2 дена ми помага 2 не..