Имам болки тапи во желудникот како да ме боде нешто. Кога ќе го притиснам стомакот ме боли мсм цел стомак. Оперирана сум од слепо црево,а од левата страна доле кога ќе притиснам исто болка. Левата страна подоле од срцето исто како мала болка. Три дена неможев да одам во тоалет,а денес имам дијареа. Воедно ми касни и менструацијата...Моментално живеам во Германија..
Земи си еманера месец дена по едно на гладно верувај дека ќе ти помогне. Јас имав две години страшни проблеми со желудникот, кај не бев, што не направив еманерата ме спаси. На многу пријатели им ја имам предложено и на сите им има помогнато. Пробај
Ве молам адреса од стручнак за подигнување на спуштен стомак Ќе ви бидам многу благодарен. 076 355 835 Јован глутен?????
GastGal ne mi se poznati ama Gastal se najdobri za zeludec. Jas gi zemam koga imam maka, tie se smukaat ili grickaat ne se pijat naednas celi tableti.
Девојки што пиете за болки во желудник? Не знам што е работава сите апчиња ги повлекоа од продажба по аптекиве. И ранитал и улкодин еве денес барав ранитал и тие се повлечени.. Фамосан не ми помагаат.
Здраво девојки Маж ми има проблеми со желудник веќе подолго време,се лечи и во Македонија и во Германија,нашиве му велат чир на желудник, овие во Германија му викат немаш ништо освен гастритис, што ли само нема испробано и со терапии и со алтернативна медицина ништо не помага болката ја осека под желудникот и реброто десно,испитано е и со сите други органи се е ок а сепак болка си има,и е на посебен режим на храна препишана од лекар,ве молам за совет искуство што е минал низ слично да сподели или лек што му има помогнато благодарам на сите
... зависи кога ја има болката, дали е постојана, после јадење, на гладно? болката како ја имаш описно може да биде од присуство на камче во жолчка или песок или можеби воспаление, најчесто потенцирана после јадење на тешка сварлива храна, обилен оброк, јајце, брокула! ... инаку не би рекла да мора да биде некој посебен режим во исхрана, туку начинот кога, како се внесува исхраната, не смее повеќе од 4ч да биде гладен, било што да се касне дури и еден залак е доволно да ја неутрализира желудачна киселина, оброците треба да бидат помали и почести, да не се пие вода додека се јаде... ... дури и постојан стрес знае да биде одговорен за преобилно лачење на желудачна киселина, да се иде со терапија на релаксирање и смирување, па ќе се повлече и болката! ... треба да се направи лабораториско испитување на Хеликобактери пилори бактерија која и те како е една од причините на тегоби во желудникот... така да џабе е терапија, ако не се знае точно која е причината на таа постојана болка !
...пак ќе кажеме, причината на болката не ти е позната, не се пие така лекови без да се одреди од што е болката, како и да е една капсула омепразол и пола таблетка бускопан можеби ќе ти заврши работа моментално, но пак ќе кажам стресот, неправилен начин на исхрана си го прави своето, антациди од тип на Гастал, Рутацид (Рупурут), Компенсан, Таблетки во чиј состав има сода бикарбона се само еднократни, моментални неутрализатори на желудачна киселина онака во полесен облик, но не за постојано користење! ... поради стресните ситуации како во државата, дома, училиште, факултети, па и љубовни разочарувања се едни од условите на зголемување на титарот на Хеликобактери пилори во желудникот, да МОРА да се направи такво лабораториско испитување со што ако е високо позитивно се пие тројна терапија две недели и завршувате со тегобите...а не вака напамет пиење, болката е знак дека нешто не е добро ниту лечено, третирано како сакате... ...гасовите во дигестивниот тракт и те како се збунувачки, безопасно е и препорачливо во тој момент земање на пробиотик, еден Линекс, Лиобиф, ќе заврши работа... инаку треба да се има навика да се има во исхрана „ферментирани продукти“ како што е јогурт, кисели краставички и зелка кои и те како знаат да ги фаворизираат нашите „добри лактобацили бактерии“ кои поради разни причини во моментот се намалија, (антибиотик,пролив) , па и со тоа самата дигестија е пореметена и се појавуваат тие гасови со што се едни од причини на болки, лево, десно, горе, подоле, а да не знаеме од што би можело да бидат тие болки па на свешто мислиме, а посебно ако го притисниме стомакот болката е чудесно јака..
Кај мене се познати, имам гаститис и две години бев под терапија од доктор. Кога ми ја прекина терапијата ми кажа во случај на болка да пијам ранитадин па го повлекоа, па ми даде фамосан и тој не можам да го најдам веќе, затоа прашав тука не можам на секое да одам по болнициве.
Здраво , утре со керката имам закажано за гастроскопија. Девојчето има 16 години и 2 години се мачиме со утринско повракање, малаксалост, грутка во желудник кое трае некои 5 дена после се смирува и така нареден месец или следен истото 10-11 дена пред добивање и тоа се потенцира и страшно изгледа во летен период обавезно завршуваме по инфузии.Зимен период е стабилизивано веројатно со друг начин на исхрана повеке готвено...нема нешто сто не испитавме до магнети до се остана само гастроскопијата. Многу сум исплашена има ли некој искуство што правел да сподели мислење и да ме посоветува дали со анестезија дали без Ве молам за помош за што однапред ви благодарам !
Јас правев гастоскопија, не е воопшто страшно, јас со години се мачев не сакав да правам и кога направив си викам што чекав волку. Правев во државна болница, кај др. Владимир Андреевски. Без анестезија. (не ми ни понудија таква опција) Легнуваш на страна, ти ставаат во уста како една пластика да ја држи устата отворена и докторот многу беше нежен, полека го стави цревото, друга сестра ми ја држеше главата да не ја мрдам и тоа траеше 10 секунди, тера малку на повраќање во грло ама не е ништо страшно, многу е брзо. Јас во желудникот го осетив цревото, но не беше болно, како скокоткање осетив. И толку. Воопшто да не се плашите, јас се плашам од стапче матичната грло кога ми прегледува, ми доаѓаат нагони за повраќање и мислев дека ова ќе биде страшно и болно ама воопшто не е. Ке ви кажат, предходниот ден од 19часот до моментот на гастроскопија не смее да јаде ништо и да пие затоа подобро ви е што порано да закажете сабајле зошто е малку тешко на пеколов да не пие течности. Со среќа и со лесно.
Mnogu ti blagodaram za spodelenoto iskustvo, se nadevam na dobar rezultat nesto beznacajno i konecno resenie na problemot bidejki vaka ne ide
Овој проблем ми почна пред точно 2 години. Но, ми се јавуваше многу ретко, пример еднаш во 6 месеци а сега почна да ми се јавува често. Почнува како мала болка, која потоа засилува. Во пределот на желудникот е. Осеќам како да ми се дува, оди накај градната коска болката и назад во грбот. Не се хранам добро и многу нередовно, во последно време сум повеќе под стрес. Кога ме фати вака прв пат, правев ехо, ок беше. Дали ова асоцира на желудник?
Да. Ама мислам дека кај тебе е стресот како што кажа, желудникот најмногу реагира на стрес. И тоа што не јадиш редовно. Треба почести и помали оброци да земаш. Повеќе пробиотици. Зачинето, луто, не. Помалку благо. Чај од кантарион, маточина, камилица.... Пробај со млеко на гладно. Ако се поголеми болки, со таблети ќе треба.
Пијам понекогаш Нолпаза,ама ако почне да боли па да се напијам, џабе е.... Да, јадам многу благо и тестенини, знам да не јадам по цел ден, па наеднаш да јадам и така со години му правам шокови на желуднинот. Ќе мора да внимавам повеќе....Се плашам да не е нешто пострашно, но како што чирам сите овде минувате скоро низ исто. Плус ова со коронава веќе ме полуде, секојдневно под стрес дека сум со мало детенце
Од стрес може да се појави гастритис (како кај мене). АКО САКАШ на своја рака земи ЕМАНЕРА по едно на гладно секое утро месец, два нема никогаш да те заболи. Мене само тие таблети ме спасија (препорачани од доктор) помагаат за сите болести на желудник и до сега на многу луѓе сум им кажала и им помогнало. Само ти давам совет, не сакам да ме напаѓаат дека не се земаат таблети на своја рака, ама сега со коронава не е ни за да одиш по лекари
Ова асоцира на Герб (гастро езофагеален рефлукс). Има таблети Алгорал кои можеш да ги пиеш при болка, или пак Еманера како терапија од месец дена, ама тие се јаки, мораш прво со доктор.