За хеликобактер да се пие прополис 20% по 20 капки пред јадење во рок од 10 и пол месеци. Во лажичка да се избројат 20 капки и со малку шеќер да се голтне. Јас ќе почнам од утре да пијам, па ќе видам дали ќе има резултати. 10 и пол месеци не е некој голем период во зависно од тоа дека ја носам оваа бактерија во мене толку многу години. А и подобро ова што е на природна база, отколку разни лекови.
vak ve citav site i sega da napisam i jas nesto okolu dva meseci imam probvlem so zeludnikot da kazam me boli ama neznam kaDE TOCNO DA OPISAM NA LEVATA STRANA POOD GRADATA POD KOskata osekam kako tezina toplina i bolka golema sto me tera na gadene i pozadi grbot me bole pa za sto stanuva zbor pisete
Не мора да значи дека ти е желудникот ,можеби станува збор и за жолчката ,најпаметно ќе ти биде да отидеш и да направиш крвна анализа и едно ехо така ќе си знаеш најдобро што ти е
Наутро повеќе овошје а за ручек и вечера зеленчук и домашно приготвена храна без запршки и слични глупости. Благо не. Газирано не. Преработена храна јок. Нема да има нит подување, нит бутур. Препорачливо е наутро на празен желудник да се испие сок од цеден портокал/лимон со едно лажиче ленено/маслиново масло, за да се обложи слузницата на желудникот, да ојача. Исто ок за гастритис се и чај од кантарион или таблети кантарион. Од искуство
Ох бре Зоце! Ти знаеш тебе што ти е, на нервна база ти е се. Нели си анксиозна и сугестијата тие голема ... Ништо не тие само треба еднаш да решиш да се средуваш од анксиозноста. Земи опушти, се занимавај се со нешто, посвети се на семејството, излегувај не мисли на болести, на др негативни појави .... Барај терапија ако треба. Биди борбена и гледај да ја средиш состојбата во која си. А ако продолжиш така, тогаш да знаеш дека навистина ќе се појави болка некаде, е тогаш мисли му ја.
Пред некој ден на тв гледав ( канал-24 вести) беше гостинка една жена , што на природна база прави лекови , и знаеше за се што ќе ја прашаа. Кажа лек и за желудник - диво нане (бар така ја разбрав) да се измели и секое утро да се зима од него по една лажичка , за кратко време желудникот се стабилизирал . Извините што не сум 100 % сигурна за инфото , но запишав телефон од жената, па доколку некој е заинтересиран нека прати приватна порака да му го напишам бројот. Поздрав !
Старбакс да не те лажел некој во врска со прополисов? За хеликобактер потребна е сложена тројна терапија во времетраење од неколку недели. Мислам дека прополисот нема шанси да ја уништи. Ако ја имаш долго уште помалку. Месец ипол бе, со прополис. Пф
Петра Панка и Тинкербел татко ми се јави на таа истата жена и му кажа за прополисот дека се користе против Хеликобактер. Но, тој прво ми кажа дека се користе 10 и пол месеци, а потоа само месец и пол, а можеби и јас погрешно сум го сфатила. Ја пиев тројната терапија, но немаше ефект. А, прополисот има и антибактериско дејство покрај другото, па веројатно индикација е и хеликобактер. Јас и’ верувам на жената, знае многу лекови за разни болести и има логика во она што го кажува, се гледа дека е паметна и начитана
Јас имам проблеми со желудникот,прв пат ме фатија такви болки во желудникот значи како да ми гори и никако не ми поминува ни со апче,сум вриштела на цел глас.ме однесоа на дежурен ми стави инекција и ми помина.После 2 месеца јадев кикирики почна истата болка како првиот пат незнаев што да правам ми рекоа да повратам,откако повратив ми престана одма болката,и еве вчера јадев лешници и пак истото,.незнам што е многу ми е страв,денеска неам јадено ништо од што ми е страв да не боли пак. Планирам да идам да идам на лекар ама се плашам да не ми најдат некој чир или недај боже нешто полошо мајка ми вика дека е гастрит дека ми сметале јаткасти плодови..нз што да правам
кики и јас имав сличен проблем и долго го игнорирав додека моите не ме натераа да одам на специјалист.Се информирав што пречи од храна и ми рекоа дека за секого е индивидуално но во основа сметаат јаткасти плодови(дури и семки од сончоглед во леб и др бели пецива), цитрусно овошје(мандарина,лимон,портокал),кафе,луто,грав,кисела зелка,грашок,боранија се што тешко се вари.Еден месец се придржувам до овие правила и немам никаква мака.Најтешко ми паѓа тоа што не пијам кафе ама и без тоа се можело.Се надевам дека ти помогнав
Фала на информациите,јас денеска правев испитување за хелиобактери па нз што ке биде, а иначе се ми забранија за јадење само супа јадам еве веке 3 дена и денеска каснав еден пудинг од продавница и пак почнаа болките, се напив апче и ми помина, а тебе што ти открија ?? од што те болело?
Ми правеа гастроскопија(со камера влегоа до желудникот) и утврдија дека имам чир на дванаестпалачно црево(поклон од факултетот) .Вчера ги земав резултатите од helicobacter pylori и беше позитивен но за среќа докторот ми даде терапија уште пред 15 дена и сега немам никаков проблем.Кои апчиња ти ги дадоа да ги пиеш и колку време?Кога имав болки ми помагаше чај од нане,кисело млеко и геврек.Само тоа можев да јадам.Се надевам дека терапијата ке ти помогне
Ми рекоа прво хеликобактери да испитам денеска чекав во болница ми рекоа дека не испитувале и утре ке одам во приватна,иначе само супа можам да јадам се друго ми смета,еве сеа моментално имам болки од што јадев пола кришка леб и јогурт,се напив ранитал и чекам да ми помине а тебе од терапијата ти помина и сеа све можеш да јадеш? извини ако не е тајна колку години имаш?
имам 31 година, не е тајна Испитувањата за бактеријата ги правев во воена болница - 8 септември по ново и кошта многу помалку.Терапиата се состои од 2 антибиотика кои се пијат 7-10 дена и 1 лек кој го намалува излачувањето на киселината од желудникот кој се пие 30 дена.Јас од моментот на прегледот -18 ноември немам никакви болки и можам да јадам што сакам но ги избегнувам оние работи што ги наброив во претходниот пост.И јас порано пиев Ранитидин на своја рака што не е исправно но ми помагаше многу(само гледај да биде од некоја поквалитетна фирма ,немој од нашиве)
Фала ти многу мила на информациите, ке видам што ке направам,дајбоже да оздравам зашто ослабев 5кг за 1 недела тнх
Здраво девојки.. Блиска личност има големи проблеми со желудникот па решив еве и од вас да побарам совет.. Година дена страда од дијареа и по сите можни испитувања на крај се воспостави дијагноза прекумерно лачење на киселини и нивно слевање во цревата што веројатно ја предизвикува и самата дијареа. Чаре? пробано е со милион лекови сите можни испитувања се направени... но нема напредок.. би ви била многу благодарна на било каков совет... Поздрав!
Мајка ми има книга со лекови од билки утре ке ти пишам дали има нешто за желудникот...ке и се јавам утре и ке ја прашам...позз