Добредојде во клубот, симтомите ти се типични за гастритис, со кафето дополнително си ја влошила состојбата. Избегнувај зачинета, пржена храна, цитрусно овошје и се што е по кисело, кафе никако, мораш да се ставиш на режим во исхраната некој период. Треба да се открие тригерот на гастритис, да не е случајно хеликобактер. Доколку не ти се подобрува состојбата ќе треба да ти препишат терапија и ќе ти се смири. Чај од нане мене најмногу ми помага, мешавина од кантарјон и ајдучка трева, камилица.
И јас имам потреба да одам на Гастроскопија. Ама ми е страв Башка сега со коронава ни термини не може да се најдат ни ништо Мојата болка не е во желудник, туку упорно од десна страна на стомак 10 цм од папок. Ехо на стомак беше чисто, гинеколошки проблем нема Стварно не знам од што може да боли, ама не е пријатно ИЧ
Мораш да најдеш термин, да те прегледаат, крвна слика да ти направат, да не е случајно слепо црево, не знам какви болки имаш но треба да се прегледаат на специјалист.
Ти благодарам на советите , веќе почнав со исхраната ,кафето го исфрлив , гравот исто , едноставно јогурт ,млеко ,чаеви и варено месо Исто зедов и наплаза од 40 мг за сваки случај да не ме стегне мн јако Слушнав дека и мастика помагала , не ракија туку мастика И јас се слушнав со матичната она ми кажа дека препоставува дека е гастритис но и е страв да ме пушти на снимање бидејќи врие таму од корона , ми рече со исхраната да сум средила а и кафето да го исфрлам , и за секој случај наплаза , ако не ми е подобро ќе мора на снимање
Дали имаш некаква анксиозност или стрес во периодов? Оти јас моментално сум по стрес и имам анксиозност ... не можам уста да отворам за да каснам нешто ... многу грдо ... стомакот ти се стега и кркори за храна .. немаш сила а немаш желба за никаква храна....
Јас имав страшна болка 10 дена и повеќе во десната страна на стомакот горе и слезината ... на ехо се во ред ама многу воспалена урината и утре ќе ми прават урино култура... дали провери крв и мокрача ?
Да ова е стресен период за сите нас , и јас не можам уста да отворам за јадење ми се гади од све Прв пат слушам за овие , дали треба рецепт ? И колку се поефикасни од нопаза ? Бидејќи ранитидинот го исфрлија од употреба , а порано само него го користев ,а со другиве не сум запознаета
Епа тоа е причината ... Мора некако начин да најдеш за да се смириш ... Јас сабајлево станав со нагони за повраќање од стрес .. и осеќам како пулсирање во пределот на стомакот... мислам дека е од анксиозност и од стрес ... јас имам и оток на заб па и немам апетит .. се трудам да се смирам .. знам тешко е .. ама мора да се држиме
Не треба рецепт. Има и од 20 мг и од 40 мг. Мене пример Нолпазата многу лошо ми делуваше, а од овие ми беше топ.
My bad. Левата страна, не десната Не е слепо црево Јас се сомневам на проблеми со црева зашто имам проблем со тешко варење на храна. Т.е отсекогаш сум го имала ама периодов е многу лошо станато Подуен стомак исто Се јавував во Гасро топ, најверојато ќе одам таму, само ќе чекам да направам крва слика прво па после Фала ви на сите за одговорите
Болката од левата страна, може да е од тврда столица и мене ми се случува да имам болка на левата страна, сепак најдобро е да појдеш на лекар. И мене само еманерата ми помогнаа, нолпазата немаше никаков ефект.
Веќе некое време имав болки во желудникот, според симтомите наликуваше на ГЕРД, па променив исхрана и го намалив стресот па сега сум подобро. Но, последниве неколку дена имам болка во горниот лев дел на желудникот, под градите.Болката се јавува после јадење и ако спијам на лева страна. Што може да биде?
Хроничен гастритис најверојатно, но треба да направиш гастроскопија за да се потврди дијагнозата, доколку не поминува потребна е и терапија со ппи.
Здраво,јас чуствувам слабост од левата страна ,ми се дуја стомакот и одвреме навреме како да ми прави такихардија на срцево исто и ме заморува поготово кога ќе ми се надујан,имамманксиозност и во последно време сум под стрес,некој др со вакви проблеми?
Decki da prasam sega primetiv deka pod gradata od leva strana do zeludnikot imam kako poduvano nesto na kraj na rebroto e me plasi sto moze da e?
Ако гледаш и ти како мене хахаха тревога кренав на крај докторот ми вика па ова е ребро само е мало и како топче изгледа на допир
Istoto i jas haha mi rekoa od nervoza se stvaralo ne e nesto strasno jas citav ushte so ne od pamet se izvadiv