Најверојатно хрноничен гастритис индуциран од стрес, но треба да направиш гастроскопија за да се види што е, само со ехо не може да се види желудникот.
Од стрес е, јас имам хроничен гастрит и при нервоза без разлика дали позитивна или негативна ми се влошува состојбата. Еве баш сега со ситацијава и плус други стресови ми е хаос. Чај од кантарион пиј и масло од кантарион не штети ништо. Мене ранитал најмногу ми помагаше ама веќе го нема во продажба за жал. Нолпаза ми помага ама не толку многу. И за киселини Рупурут.
Да се напив чај од кантарион, и после морљв да пробам со Диазепамот. Верувам дека ми е се собрано. Бев под голем стрес и јас изгубив мирис и вкус делумно, па без во исчекување што ќе биде сега. И сега кога малку се опуштив, стресот излегува...
Od stres ti ,I jas isto duri I mi se slosuvase ke padnev ednas,I na krajo mi prepisa eglonil doktorkata ,ama jas nemav bolki samo neubavo custvo kako nadraznet da mi bese ,I od eglonilo mn mi se podobri
Јас пијам ланзул, помалку зачинета храна јадам и полесна, повеќе вода и исто така намалив со млечните производи. А да одиш на детален преглед? И никако не зимај на своја рака лекови, особено Диезапам.
Ја имав истата болка ме држеше околу една недела,се виткав од болки а во грбот како со нож некој да ме бодеше. Пиев тие апчиња за желудник ама џабе беше. Фамосан,и Ланзул(капсули) болката стивнуваше но пак се појавуваше. После јадење и во текот на јадење сум се виткал како клопче. И јас одев на тоа мислење: Стрес и нервоза. Другар ми даде еден напиток Андерберг мало шишенце, пиев по една голтка,иако тој ми рече цело испиј го, по неколку дена болката исчезна. Не сватив што ми помогна или напитокот или само од себе. Еве линк од истиот... https://www.binvest-po.com/index.php?option=com_content&view=article&id=142&Itemid=698 Во Тинекс го имало. Да напоменам да си прашате стручен некој за истиот,јас го земав зошто мислев дека не е штетно а и не требало да биде на некој друг. Но сепак,прашајте пред да пробате,да не испадне се мешам во работата на стручни лица. Надри лекар.
Сега прочитав и споделив искуство. Па он од таму ми го купил. Околу 200ден било,дали го има на друго место незнам.
Веќе еден месец пост Ковид имам мака со желудникот. Не е болка, туку постојано чувство на жежење и тежина од грло до гради, и пред да почнам да пијам секој ден фамосан, знаеше да има градна болка која отпосле сфатив дека е од желудникот. За време на Ковид пиев нолпаза паралелно со антибиотик и пробиотик. Не се сеќавам како ми беше искрено. После престанав и тогаш почна маката. Земав фамосан. Ако пијам подобро е, ако пропуштам ужас. Какво и да е јадењето. Сабајле вечер пијам ама овие два дена секако чувствувам мака. Сега и подуеност, тежина на стомакот,што и да јадам имам чувство како да сум јадела тесто, месено и сл. Жежењето си стои. Ќе одам и кај матична и кај треба, но дотогаш може ли да ми кажете вие што имате искуство со ова, што смеам да јадам, а што никако не смеам? Читам пребарувам ама подобро некој што имал мака да ми каже. Или ако има некоја табела, листа со намирници? Благодарам многу!
Ова често се случува после терапијата со инхибитори на протонска пупма како и антагонисти на Н2 рецептор, јас од кога почнав да ги пијам не можам да ја оставам терапијата, истото ми се случува како што опиша. Пробај постепено да намалуваш земај ги преку еден ден една недела, па потоа два пати во неделата се додека постепено не ги откажеш, бидејќи таблети имаат ребаунд ефект. Или пак ако земаш поголема доза од 40мг треба прво да намалиш на 20 мг. Од исхрана треба да видиш што тебе лично не ти предизвикува мака, бидејќи кај секој е различно. Избегнувај пржена храна, зачинета, луто, цитусно овошје, преработена храна. Приготвената храна повеќе нека биде варена или печена.
Пијам фамосан од 40мг затоа што од 20мг немаше големо подобрување. Веќе една недела. Првите денови имаше реално подобрување и помислив дека го решив проблемот. Но секоја заборавена доза резултираше со истите симптоми. И сега не знам до кога со фамосан. Ќе одам на др сигурно ама периодов е хорор секаде па додека појдам и испитам што треба да си олеснам. Ме интересира конкретно која храна можам да ја консумирам односно што не смеам да комбинирам и слично. Ако има некоја табела да споделите би било супер. На пример чаша ладно млеко мислам дека ми помага(и реално ми доаѓа подобро), но прочитав млечни производи не. Дали тоа значи и млеко? А од друга страна треба да јадам кисело млеко јогурт како пробиотици? Зеленчук и овошје пожелно, а прочитав не зелен зеленчук?
Како што кажав, овие таблети имаат ребаунд ефект, а тој може да трае од една недела најчесто до 3 недели, а кај некој пациенти и до 6 месеци што е предолг период. Нормално е штом ќе прекинеш со таблетите да чуствуваш жарење, печење и да се вратат симптомите, поради тоа што киселината што била супрмирана наеднаш се излачува и прави проблем. Тој период треба да се надмине со регулирање на исхраната, антициди и постепено намалување на дозата. За исхраната верувај дека нема правило што и да пишува, ако тебе не ти годи некоја храна одма ја исклучуваш, важно е да не е пржено, зачинето, луто, кисело. Еве јас на пример од овошје само банана јадам, друго ми смета, свеж зеленчук не можев да замислам да јадам, сега јадам салати но без оцет. Житарици и се тоа ми смета ми ствара дополнителна киселина. Нема правила за исхраната.
Ве молам да му кажите каков кантарион пиете жолт или црвен? Исто и за маслото, какво користите и како го пиете? Ви благодарам
Ako e akuten gastrit mnogu pomaga ceden sok od sveza zelka, 40 dena na gladno od sabajle. Za hronicen, postojano vnimavanje na hrana. Treba da vidis sto licno ti smeta i da go izbegnuvas. Mene najmnogu mi smeta belo testo vo kombinacija so jogurt ili mleko i toa voopsto ne jadam. Isto kiseli salati, kisela zelka, mandarini, portokal, kolaci, smoki, cips, blago, kafe. Primer jadam isklucivo leb bez brasno i kvasec ( tonus ili ist takov od furna dime), salata od sveza zelka, morkov i cveklo samo so maslinovo i sol, za gricki pukanki, crno cokolado max eden red, domasni bombici, humus, kakao, mandzite site osven podvarok i grav, voda pijam saat i pol posle obrok itn. Inaku skoro godina dena od sabajle pijam aloe vera gel i stvarno gi namaluva kiselinite. Od pred dve nedeli posle saat vreme od aloe gelot pijam i limon so mlaka voda i mislam ovie dve raboti najmnogu mi odgovaraat. A vo tekot na denot pijam edna casa caj otstoen od vecer od meleno leneno seme, neven i kamilica.
Чај или рефус што се продава во Билна аптека или во кесички од кантарион од алкалоид, а маслото во аптека побарај масло од кантарион кажи за пиење, јас пред јадење на гладно го пијам по една супена лажица.
Zdravo. Imam 21 godina i Vekje nekolku nedeli se macam. Imam problem so hranata sto ja jadam imam custvo kako da mi stoi vo grlo i koga jadam celo vreme si imam custvo deka ako vdisam povekje hranata ke ki otide vo dusnik. Posle jadenje imam custvo kako uste da imam hrana i kako zapuseno da mi e grloto. Inaku imam mnogu golema Anksioznost i celo vreme mislam da ne mi e nesto da ne se ugusam i 24/7 mislam na toa. A so ishrana se hranam mnogu zdravo no vekje strav me fakja da jadam. Bev na uvo,nos i grlo mi napravija fiberlaryngoscopia i taa mi kaza drka vaka e dboro samo ke mora po dlaboko da se vidi pa mi dade upat da pravam rtg na oespaghus so akt na goltanje i pregled kaj gastroenterohepatolog.Toa gastroskopija sto e ne sakam da prav a i moite se protiv toa. Me fakja stav ne znam sto e a vaka nekogas custvuvam gadenje ali bolka ne custvuvam vo zeludnikot. Pod stres sum sekoj bozji den poradi toa sto ne znam sto mi e i mnogu imam anksioznost. Maticniot mi kaza deka se mi e od stres i deka nisto ne mi e. Krvnata slika mi sekogas dobra.
Дали некој има правено гастроскопија поточно снимање на хранопровод во Ремедика, дали сте задоволни од докторите, сакаме да правеме снимање на хранопровод, а се работи за лице кое што претходно имаше рак на хранопровод па затоа ми е битно да биде доктор со искуство и знаење. Доколку сте имале позитивно искуство и со некој друг доктор од други приватни клиники слободно предложете ми.
Dok liljana neuromedica 2 pati imam praveno gastroskopija kaj nea super e doktorkata ima mn iskustvo i dobro rabote, moja preporaka