Јас еве месец и пол како имам болки после јадење, жежење во градите, киселини, гадење, бев кај др. Серафимовски на ехо ме виде кажа се е добро нема поздраво девојче од тебе и ми ја утна терапијата три дена леб не ставив во уста не можев храната да ја гледам од што ми се лошеше, сега сум малку подобро зошто ми ја намалија терапијата. Гастроскопија треба да правам за една недела но проблемот е што многу паничам, анксиозна сум и при такви работи притисокот ми се качува до 150/110. Дали може некој совет да ми даде што да правам и дали е подобро да одам на рентген со бариум?
Ve molam za iskustvo kade e najdobro da se napravi gastroskopija vo skopje, zosto na drzavno tesko deka ke mozeme da zakazeme
Можеби и не е некој проблем, сепак да разменам мислења. Што и да јадам, од сѐ ми се лоши. Значи, буквално од сѐ. Што може да е ова? Киселини, или? Не верувам дека може да се киселини зашто јас не се прејадувам, јадам по малку, па ако имате друга идеја што може да е, пишете ми ве молам.
Дали некој скоро снимал желудник со бариумова каша да сподели како оди процедура и дали се поднесува кашата?
Lele citam I se cudam ..Serafimovski I mene istoto mi go rece..zdrava si devojce..nisto ne ti e..nemas bolest..jas odgovaram za tebe..mi dade emanera ..donperidon I diazepam....Kaj mene vide tecnost vo zeludnik...ne znam dali e dobar dijagnosticar kako sto go falat I toa ehoto staro mi izgledase
Jas se snimav so kasa vo Skopje kaj Dr Tolovski mi kaza deka imam kila na zeludnik i gastritis..Bev so pregolemi bolki skoro mesec i pojke pa posle mi se namalija skoro ic ne me bolese ama sega imat 2 nedeli bez prestan me bolit pak isto se plasam mnogu mozit i rengenot ne pokazvit ako imam ne dan boze nesto
jas imam skoro 2 nedeli bez prestan bolki ona zezenje megju gradi bolka vo cel stomak so i da jadam me bolit i oslabena sum ama mie vlezen eden strav se plasam zosto se osecam deka imam padnato od kilaza ama ne jadam blago gazirano ne piam jadam ona po malce i mozit zatoa ama pak se plasam a se snimav rengen so kasa na 13 maj
Некој да каже искуство со гастроскопија во СантеПлус и Систина. Како е услугата во Санте даваат ли терапии - како е односот со докторите Турци?
Здраво да прашам, се работи за мојот сопруг, кој има 27 години. Веќе подолг период има проблем со желудникот, има мн често ждригање после секоја храна и пијалок. Некогаш дури се има случено и да поврати. Беше да испита хелико бактер и испадна негативно. Потоа му препишаа Ланзул да пие две недели и додека траеше терапијата, му се смири малку но потоа повторно почнаа истите симптоми. Доколку некој знае да ми каже што да правиме понатаму? Поздрав
Kako ste sega dali nesto se podobri Istite simptomi gi imam Krvna slika ok eho na abdomen ok..samo dosta tecnost vo zeludnik Poddrignuvam sto I da stavam vo usta..mi se gadi Ne znam sto da pravam
Треба да направи и промени во исхраната. Пушење, алкохол, кафе да се исклучи, да не се консумира брза храна, туку варена, печена, да се намали стресот преку јога и медитација(или било што функционира за него во намалување на стресот.) Доколку после ова повторно има тегоби потребно е да се направи гастроскопија.
До сега нема пушено во животот и не пие алкохол, само 1 до 2 кафиња во денот. Но проблемот е во тоа што има проблем после секаква храна и дури и вода што и да е.
Извини покасно враќам. Не направив рентген ни гастроскопија од страв.. истата терапија ми ја даде, истите зборови ми ги кажа не ми се верува.. Јас од терапијата два месеци не добив менструација имав и болни гради и лактација, поткожни акни ужас.. Сега пијам антиметил за гадењето нанесто донперидон и нолпаза и подобро ми е. Сепак треба да стегнам заби и да направам една гастроскопија зошто се уште имам тегоби ама самата помисла на тоа дека црево ќе ми пикаат во уста ми го дига притисокот аман веќе..
А да пробаш некаде гастроскопија со анестезија? Мене сестрата кај матичнава ми рече што да сум се мачела за снимање со кашата кога сега мн лесно врвеле со анестезија, ама јас од страв ништо не се распрашав а и веќе ми помина само од себе.
pravev gastroskopija minatata nedela,,,sega mi e strav od nus pojavi,,,bev na klinika i doktorot mi se cinese neiskusen, mlad ne mi zemaa biopsija,,traese dali 2 minuti sega imam uplav od ne daj boze,,se plasam da ne sum zakacila nekoja infekcija ili od povreda na nekoj organ sto vi eosekavte posle gastroskopijata mene sega me boli grbot kaj ramenjata poveke,,,ama moze da e toa i od pomaja no od sto mi e strav samo si umisluvam
Јас правев Гастроскопија без анестезија пред 1 недела. Процесот траеше 3-4 минути. Кога ти го ставаат ендоскопот внатре не е пријатно искуство - се ми се надигаше како на повраќање - кога веќе ке ти го вметнат во желудникот е попријатно. Јас имав малку трема пред интервенцијата - единствено што многу брзо ми чукаше срцето при процесот. И после интервенцијата имав 2 дена проблеми при голтање - осеќав тегоба при голтање и при вртење на главата на лева страна. Не ми се оштети никаков орган или друго нешто. - не добив инфекција или вирус. Само непријатно ми беше тие 2 дена при голтање. После на 3тиот ден ми помина и немам проблеми. Ми земаа и биопсија ама ништо не пронајдоа.
Denovive osekjam poduenost ,podrignuvam i imam malo zharenje ponekogas kaj grloto.Stolicata mi e okej nemam bolki nikakvi ,sto bi mozelo da e?