Јас проблем имав ме болеше желудникот како да ме копа и што и да јадев ме жежеше стомакот ослабев за 5 месеци 22 кг бев на интернист ми дадоа рудакол рамеп и еглонил ми рекоа на нервна база ми е
Во аптека ми кажаа масло од диво оригано помагало за тегоби во желудникот, дали некој од вас го има користено да сподели?
Здраво на сите. Ве замолувам за информација каде во Скопје е најдобро да се направи гастроскопија на државно.
Јас имам правено во Чаир. Докторка и сестри се препрефини. Едната цело време за рака ме држеше. И искрено не е баш пријатна постапка.
Знам имам правено во Штип, но на приватно.Сакам да побарам второ мислење некаде во Скопје.Дали даваат некој локален анестетик пред постапката?
Локално шприцаат со еден спреј, налик оној што го ставаат пред да ти стават анестезија кога идеш на забар. Ништо посебно не е. Се се осеќа најискрено. Има со анестезија на клиника, ама се чека за термин или опција дебела врска да ти помогне.
Да, правев во Чаир. Како што пишаа претходно те прскаат со спреј, те легнуваат на страна и ти ставаат еден додаток за да ти биде отворена устата и полека го ставаат цревото. Нормално дека не е пријатно, ама па не е ни болно. Само ќе ги слушаш сестрата, докторката што ќе ти кажуваат и верувај за многу брзо ќе се заврши. Можно е како ти го ставаат цревото да ти доаѓа нагон за повраќање, ама нема што да повратиш. Нема од што да се плашиш, биди само смирена и толку побрзо ќе помине. А реално неколку минутки се во прашање.