Некој што правел гастроскопија ама со целосна анестезија да ми каже како му било после, дали имал некакви несакани ефекти од анестезијата или не..мене повеќе од анестезијата ми е страв него од самата процедура
Јас имам правено во Жан Митрев, без никакви проблеми, лесно будење после анестезија. Многу е краткотрајна самата процедура и затоа и после анестезија е лесно, се на се 10 мин. Пола саат лежев, накрај се видов со докторот ми објасни што како и толку. Задоволна сум од нив во врска со мојот проблем
Здраво, веќе месец и половина односно вел 9месец во бременост и еве сега две недели по породување, имам чувство на некакви мачнини. Не повраќам но постојано имам некој чуден вкус во устата и грлото, не се киселини бидејќи не е од јадење не ме пече или гори во желудникот туку едноставно чуден блунтав вкус во устата и грлото. Не знам дали е од желудникот или што може да е. Апетит имам си јадам цело време не ми е од храната
Откако што се познавам себеси имам проблем со надуеност на стомакот, после пораѓај на третово дете веќе ми се влоши состојбата повеќе имам проблем со столицата повеќе работи пробав ама само грчеви ми создаваат во стомакот а никако да си олеснам по два три дена, се чудам зашто ништо не ми дејствува дали има некој слично искуство за што би можело да биде збор веќе се плашам однајлошо
Иста сум и јас, почнав пробиотик секој ден да пијам и дури после една недела осетив подобрување али онака ништо wow пак сум подуена.
Дали имаш проблем и со тврда столица? Пробав Сена био фибер артичока и други чаеви ама ништо пак само повеќе грчеви ми создава болки силни а да се прочистам никако со маки незнам во што е проблемов плус и вишок кг си стварам а си јадам најнормално
Дали некој пие повеќе од една година Нолпаза или Еманера? Јас никако не можам да ги оставам, одма ми се враќаат киселините, а многу внимавам на исхраната, па страв ми е некои други проблеми да не си направам од апчињава..
Ги пиев Еманера и само ден-два да прекинев ги имав киселините назад. Меѓутоа она што кажуваат дека не треба да се пијат цело време е точно. После година дена почнаа несакани ефекти, грчеви во желудник, дијареа, гадење... Се префрлив на фамосан одредено време ама за жал мислам и од нив ќе треба да одморам. Сега ќе закажам снимање, друго чаре нема па да примам соодветна терапија. Инаку освен киселините сега после секое јадење имам "грутка", надуен желудник и гадење, па и по неколку часа. Направи си гастроскопија со време. Јас од тоа чекање сега си имам поголема мака.
Прво пиев ланзул па правев гастроскопија и ми препишаа нолпаза, ги пиев пола година па ми ги сменија со еманера ама од нив ич не ми беше добро и се вратив на нолпазата. Ги имав истите симптоми и јас, надуеност после јадење, гадење, па и гасови цел стомак ми е како бомби да ми пукаат во стомак. Тогаш докторката ми рече дека многу ми е јака терапијата и храната не можела да се свари, затоа сум ги имала тие симптоми и почнав да ги намалувам, сега пијам само од 20мг сабајле и пополека ќе почнам и ова од 20 да го кршам, за да на крај да можам скроз да ги оставам. Психички веќе ме бутна состојбава, ми створи и нервозни црева па и за тоа пијам лекови..
Колку пари е гастроскопијата кај Жан? Дали некоја ослабела поради проблеми со желудникот? Имам симнато 4кг за 2 месеци можеби. Имам намален апетит, гадење а понекогаш и болки во желудник. Сега пијам омепразол, подобро е. Хеликобактер е негативна, треба и гастроскопија да правам. Многу ме плаши ова нагло намалување на килограмите.
Редовна цена беше 12 000 ден со анестезија, јас преку групер купонот платив околу 7000 ден, ова пред 3 години
Zdravo! Mojata maka e so maja vo zeludnik gadenje poduenost i posle jadenje mi stoi grutka i mene no vo grloto!Dali i na vas grutkata vi e vo grloto?Blagodaram
Дали некој има пиено гастро протект и гастро алое од натура терапи? Ми ги пофали една жена се мислам да ги земам, уште тоа немам пробано
Јас имам испиено две шишиња и ништо не ми помогна, со тие пари подобро здрава храна да си купиш, него тоа.
Лелее јас си реков штом ми го пофалија да го земам, ама ете на секој различно му делува. А каков проблем со желудникот имаш ти?
Јас прво имав хеликобактер и тоа ми направи гастритис и нервозни црева. Само здравата храна ми помогна, година дена се немам напиено алкохол, кафе и газиран сок, така да од мое искуство џабе лекарства и вакви природни препарати ако ти пак се храниш нездраво ама ако сакаш земи го, може ете ќе ти помине, само парите може за џабе да ги дадеш инаку не е штетно.