Без гастроскопија да се види убаво со камерата хронични проблеми може да се или од друга природа и кај сите не може да се примени исти лекарства. Најдобро да си направиш прво тоа и дијагнозата ќе каже за што си.
Бев со упат од матична за испитување интолеранција на глутен, глукоза и лактоза. ,,Девојче еве ти број пиши СМС еднаш месечно да прашаш дали имаме добиено некаков реагенс, моментално немаме ништо"
Срамота е ова што се случува во државново здравство. Нема основни тестови. Мене за Б12 ме праќаат во Скопје да правам тест.
Zdravo veke podolgo vreme me pecka i stega zeludnikot, bev na lekar se ispitav nisto ne mi najdoja samo koga ke pijam caj od uvin i nane mi se smaluva peckanjeto. Sto moze da bide ova ? Isto taka se hranam zdravo ne gledam drug problem
Дали од герб или рефлукс може да се добие крајници .. пијам антибиотик поминува но после неколку недели па исто? Или некоја отпорнабактерија отпорна на антибиоти не ги долекувакрајниците.
Здраво, долг временски период имам проблеми со желудникот. Ми се подува, тешкотии со дишењето имам додека не почнам да ждригам. Кога ми е подуван имам прерипување - аритмија на срцето. Ова се случува мн често, скоро секој ден. Правев ехо на срце, немам проблеми со срцето, меѓутоа проблемов ми прави голема нелагодност и панични напади. Сакам да направам гастроскопија но собирам храброст. Имал некој слично искуство?
Да, јас, тој симптом едно 5, 6 години а во Март почнав и да повраќам киселина. Не е ништо страшно, малце е неугодна гастроскопијата, ама во споредба со болките у желудник што ги имав... се трпи. Башка без анестезија бев. Ако идеш државно дур се изначекаш ред на крај ќе бидеш ајде бе више дај нека заврши ова... зашо премногу гужва има. Јас 4ти месец трудна го праев тоа, ми кажаа мушки дека сум истрпила. најтешко е на почетокот коа мораш да голтнеш, малце болка има ама натака е полабаво само чудно е. Така си поджригнуваш коа го брцкаат цревото после прегледот ќе бидеш вау не сум ждригнала волку... Олеснително е. Башка спас ќе ти е, нека видат што се случува. Мене лично корозивен гастритис ми дијагностицираа, цел желудник воспален ми бил. П.с. на приватно читав дека имаат друг пристап, што е нормално. Ама е 12к гастроскопија. Со среќа
Скоро[/QUOTE] Скоро и јас бев во слична ситуација, првин желудникот почна да ме пецка ,стега отидов на лекар ми испитаа крв дури и ехо ма срце се беше супер,почнав чаеви да пијам се смири после ме фатија стапалата и рацете да ме пецкаат скоро недела почнав да пијам б6 и чај од валеријана па еве се смири , се е тоа на психичка база пошо имав пред некое време неколку панични напади и стресни ситуации.
Дишењето е од потсвесен стрес и недостиг на позитивни емоции или скоро никакви а за желудникот тоа е од производите што ги купуваш Битолско Жито лукс Дивела итн итн
Обрни внимание на храната шо ја јадиш, после каква храна ти се случува ова шо го наведе. Најдобро е, прво да се добие мислење од гастроентеролог. Одговоров ти е ептен безвеза и дај не го тупи со овие производиве од наведените брендови во секоја тема. Не знам како заклучи дека таа јади баш “битолско, жито лукс и дивела”.
Zdravo pocna vo posledno vreme da me boli zeludnikot koga jadam jajce dali vareno przeno...Ke odam na doktor,no dali imal nekoj vakvo iskustvo?
И мене ми е така и во последно не јадам јајца, тешко се варат затоа ти е тешко, барај си терапија за желудникот.
Јас правев на приватно во штип ми прснаа анестетик и ме боцнаа апаурин ништо не осетив и траеше минута ипол две макс. И не платив многу 6000, туку кажи ми за во бременост дали ти дадоа некоја терапија? Јас ја преќинав терапијата од ко останав бремена ама еве ќиселините ми се враќаат..
Добро таа цена ја иам добиено од познаник, за у Скопје на приватно. Инаку Фамосан ми даде да пијам, јас ги немам земено сеуште зашто се згнав да припазам и сум 3 кила ослабната. А и знам дека антиациди нема да ми помогнат зашто бев во странство на работа и се влечкав по лекари и ми дадоа Омепразол да пијам и на крај на интензивна завршив... Додуша советите кои ми ги даде гастро докторката се скроз загреота за у бременост, да не пијам пренатални зашто ми го разгорува желудникот б витаминот(фолната) и ц витамин. Да пијам чај од анасон (што не смее во бременост) да јадам варени компири, ориз и јаболки без лушпи. Меки киви (не смее у бременост да се претера нели, само да пробам киви на вака гладна нема да има крај), од зачини само нане... Моркови варени и тиква (каротен чув само лимитирано во бременост) значи буквално анти мојата состојба. А мојата Матичната гинеколог ме советуваше да си земам гел кесички RefluStop на WAYA. Она иницијално го имала мојот проблем и овие ги купувала од Бугарија но само што се увезени во Македонија и се дозволени во бременост. Иако се 14 кесички 560 денари ги купив, ама се со вкус на леден лимон, Ew. Еднаш една пробав, и ја повратив. Иам проблем јас неможам ништо што е индустриски допрено да внесам во мојот желудник. Некако сфатив што и како ми влијае. Моментално сум опседната со кефир и многу ми е подобро (сензитивна сум на лактоза, ама ова ја ферментира баш лактозата). Веќе една недела ја пијам и осеќам подобрување... Предходно пиев комбуха и тоа ми помогна ама комбухата не е дозволена во бременост. Исто така ферментирав пред бременост ко луда, зашто е предобро за желудникот буквално лактоферментацијата ме опраи... (Ферментација со сол, не со оцет) Сеа направив пауза првите неколку месеци па сега ќе почнам пак да внесувам такви работи. Топло ти препорачувам да пробаш со кефир, без никакви терапии и апчиња. Ова има доста добри бактерии кои ја обновуваат флората на желудникот. Се надевам дека ти помогнав
Цела недела сум со болки околу папокот , првите денови и дијареа имав, испитав крв и хелико, немам. Не се толку интензивни болките, повеќе како непријатност. Понеделник имам закажано на ехо. Дали е можно да имам гастрит или да проверам и паразити?