Ефектот од паразити делува на целиот организам. Гадење, губење тежина, интензивно чешање итн... А секако за да провериш гастритис треба да направиш гастроскопија. А болката кај папокот обично е поврзана со цревата.
Здраво Дали сте правеле Гастроскопија со анестезија? Да ми препорачете добар доктор во Штип, Скопје за гастроскопија со анестезија? Ви благодарам.
Јас во штип правев кај Ацо Николов. Ми требаше итно и таму имаше најбрзо термин, не се сеќавам колку платив до 6000 беше.
Каква анестезија е, целосна или локална? И ако може да споделиш искуство, како помина? Ти благодарам.
Во Скопје, Доц. Др. Владимир Андреевски во државна или VFV и Проф. Др. Васко Василевски во Систина. Одлични се и двајцата, топла препорака.
Здраво, дали некоја има искуство со покачен тумoр маркер Ca 72-4 со вредност 12 а границата е до 9. Јас две години има минимално покачен тумор маркер Ca 19-9 и заради тоа пред година ипол правев гастроскопија и колоноскопија при што се беше уредно освен присуство на хемороиди. Инаку испитувањата ги правам заради ендометриозна циста која сега е намалена и Ca 19- 9 се симна под граница но Ca 72-4 е покачен. Доколку има некоја знаење околу ваква ситуација би ми помогнала бидејќи не ми се минуваат истите процедури повторно.
Незнам дали ќе ти е од помош. Јас кога правев испитувања , меѓу кое и тумур маркери , имав покачено и испаничена целата идам кај др.и ми вика и од ендометриозна циста и циста знае да биде малку накачено. Др. ти биде резултати?
Јас на страна од темата, извини, ама овие првите се основни тумур маркери за све или? И каде ги испитуваше, колку чинат?
Општата матична виде рече веројатно не е ништо, но сепак тоа не ме смирува. Ја прашав дали има нешто друго да се испита преку крв ми рече нема што друго. Не се сетив за хеликобактер да ја прашам дали може да се испита, така е кога матичните не се интересираат па ние мора да пребаруваме и да си бараме сами можна дијагноза
Нека ти ги види специјалист, кој ти ги дал за испитување. Сепак матичен доктор не е толку стручен за некои работи , како специјалист.
Овие тумор маркери ми ги даде гинекологот да ги испитам на биохемија на клиника и платив 250 денари вкупно за нив. Инаку да овие спаѓаат мислам во основните.
Во СРЦЕ кај др. Мирко Крстевски...цена 8000, одличен е докторот, одлично поминав за така и не баш пријатна процедура.
Да прашам дали некој има доживеано нешто слично како мене. Да напоменам дека во план ми е ехо, снимање со каша/ртг на желудник доколку најдам каде снимаат бидејќи кај нас не снимаа последно и хелиобактер ќе проверам (венски и фецес), само за гастроскопија не можам да соберам храброст ☹️ Последниве неколку години од крајот на мај па се' до средина/крај на август имам некоја појава на еден вид жарење од желудникот па се до грлото, нешто како стегање, некои денови поизразено, некои не толку, ама чувството е постојано (само кога спијам е ок и додека да се расонам). Проследено е со "кркорење" на цревата, понекогаш како кога си гладен и некогаш подждригнување (на моменти и не можам да подждригнам а имам потреба) и како кнедла да имам во грлово. Штом заврши август- мака немам. Дали е поврзано со некоја алергија (преку крвна слика мирни се параметрите за алергија), ама појма немам. Имам правено ехо и испитување за хелиобактер, ок беа резултатите. А имам заприметено, пред да почни оваа појава, месец дена сум се' нешто настината со грло, шлајм, чешање на уши и после следува ова. Сте имале ли некое вакво или слично искуство? Мислам дека гастроскопија ми е решението, ама нештово трае само 2 месеци, од септември натаму сум ок.
Здраво, сакам да ве прашам дали некој знае каде може да се купи Нолпаза од 20мг? Во повеќе аптеки не можев да најдам, дури во Зегин ми рекоа дека има само од 40мг