Здраво, Јас сум матурантка, годинава ми имаа најдено чир на желудникот. Сакам да споделам мое искуство за гастроскопијава. Читав страв ви е од самата помисла, барате приватно, исплашени сте. Јас имам правено 3 гастроскопии годинава, сите на клиника. Најдобри доктори според мојов случај беа: д-р Горан Стефановски (ме прими ако не беше он на смена, соодветен однос, дава повеќе мислења, хумористичен исто така). Тој ми ја правеше првата гастроскопија, прво ми објасни каков ќе биде процесот: со ендоскоп се влага преку усниот отвор и се оди се до желудникот, чувството е исто како да сакате да повратите ама се издржува. Бидете смирени дишете длабоко и мислете на нешто што ве смирува. д-р Владимир Аврамовски: Тој исто така ми има правено гастроскопија. Можам да кажам дека он ја прави повеќе прецизно и подолго време, но едноставно сака да провери сѐ детално. Тука е да ве смири и да ви објасни сѐ на најсмирен и едностване начин. Кој сака слободно може да ми пише за било што поврзано со чир на желудник, да си размениме мислења и искуства.
Здраво! Сакам да прашам има ли некој што е пил Домперидон и Аципан (pantoprozol) навечер како се пие мора ли пред јадење и двете или едно од нив пред спиење може? Имам гадење најмногу преку ноќ и наутро кога се разбудам?
Домперодон и Пантопразол се пијат 30 мин пред јадење. Доколку ги земате навечер, земете ги 30 мин. пред вечера. Некогаш Домперидон се зема и пред легнување, зависи докторот како ви кажал и колку пати на ден ви ги препишал.
Ми кажа само 2 по 1 и за Аципан и Домперидон наутро и навечер. Штом може пред легнување може така ке ми биде подобро бидејки гадењето ми е повеке преку ноќ и наутро кога станувуам.
Аципанот во секој случај земајте го 30 мин. пред оброк. Значи 30 мин. пред појадок и 30 мин. пред последниот оброк на вечер. Пробајте и домперидонот земајте го на ист начин како Аципанот, зошто храната побрзо ќе пројде низ желудникот и кога ќе дојде време за спиење ќе ви биде празен желудникот па ќе ви се намали гадењето. Домперидонот има траење од 7-9 часа така што ќе трае дејството и пред легнување. Пробајте неколку недели, ако не бива, тогаш пробајте да го земете Домперидонот пред легнување.
Операцијата се вика Roux-en-Y гастричен бајпас. Еве видео. Не знам дали ја прават кај нас и кои се ризиците. Прво треба да испитате дали навистина имате жолчен рефлукс и дали тоа ви прави проблем. За да се утврди, треба да се направи гастроскопија. Најдобро да разговарате со добар гастроентерохепатолог. Јас ви би го препорачал Др. Владимир Андреевски.
Jas nabaviv Sucralfate ama sega neznam dali pred niv ili 30 min posle niv treba i emanera ili moze samo Sucralfate pred jadenje i tolku?
Некои доктори препишуваат и ИПП како еманера. Доколку во моментов земате еманера, продолжете. Доколку не гледате бенефит од нив после долго време земање, може да ги исклучите. Еманерата или други ИПП како Рамеп и Нолпаза мора полека да се исклучуваат. Не ги прекинувате наеднаш зошто киселините во желудникот ќе се зголемат.
Voopshto ne vidov podobruvanje iako po eden mesec piev .Eden emanera eden lanzul pa ramep.Sega mislev so famosan da probam .Umrev od bolki pechenje vo zeludnik .Na hrana preterano vnimavam samo supi , smuti lesno nesto i oriz na toa se svedov i gabe
Ama mi gi donesoa ovie Sucrafalte pa se cudam so shto da prodolzam.Na lekar vika mora sam da vidish shto ti odgovara
Разликата е H2 траат 6 до 12 часа и делуваат одма (обично два пати на ден се земаат по 20 мг или 40 мг), додека на PPI им треба време и траат 24 часа. PPI се појаки од H2 блокери како Фамосан, ама може да пробате. Кај секој може да има различен ефект. Ако сте ги земале 2 месеци пијте ги преку еден ден 1 недела, а во деновите кога не ги пиете земете фамосан. Во втората недела земајте само фамосан цела недела. После тоа може да се исклучи фамосанот во 3тата недела. Земете ги Sucralfate 2-4 пати на ден и пробајте. Друга опција што може да пробате е Cholestyramine наместо Ursofalk во комбинација со Sucralfate. Како крајна опција посетете гастроентеролог или психијатар и предложете му да ви препише трицикличен антидепресант (Amitryptiline, Nortyptiline или Imipramine) во мала доза. Тие се даваат за болка во странство.