здраво, ме интересира треба да правам гастроскопија но неможам да си го замислам тоа па ме интересира со целосна анестезија дали некој има правено и како е процедурата и будењето. мислам да правам во Штип кај др Ацо Николов
Јас правев таму. Јас побарав без никаква анестезија, верувај се издржува. Процедурата не трае повеќе од 5-6 мин и без анестезија после тоа си свежа.
Јас имам правено но не со целосна анастазија туку некое спрејче само ми прснаа во грло за полесно да го голтнам цревото. Не е воопшто болно повеќе е непријатно чувството и те тера на повраќање но се издржува.
Здраво, од вторникот навака имав цело време нагон на повраќање,гадење, мачнини во желудникот и во петокот вечерта ми беше толку лошо што повратив 3 пати и со болки во желудник завршив на инфузија. Не знам дали има некој вирус или дали дека сум пред добивање..Инаку лани правев гастроскопија и излезе дека имам хроничен гастритис и кила на желудник. После инфузијата ми беше подобро. Е сега ме фати страв кога се измерив на вага и видов дека две кила сум ослабната ама претпоставувам бидејки не јадев ништо деновиве, а еве прееска имав пак некоја мачнина и имав течна столица ама не како дијареа. И одма ми идат мисли да не е некој рак Оваа година три пати завршувам на инфузија од болки и гадење, и тоа ми се поклопува пред циклус не знам дали е случајност. И цревата ми кркорат често, докторот ми рече да испитам и глутен. Некогаш ме фаќа страв да не прерасне во нешто полошо. Што ви помогнало за гастритис? Јас пак почнав еманера да пијам и есокс гел.
Како да се читам јас. Истата ситуација, болки, гадење и повраќање. Еднаш до два пати кашеста столица, и јас се прашував дали е вирус или нешто со желудникот. Јас имам правено рентген со каша, гастритис и кила на желудник исто. Повремено знам да пијам нолпаза околу 5 дена, јас освен кркорење, имам подуеност и гасови. Испитав хелико, негативен. Може да се испита интолеранција глутен и лактоза.
Здраво дечки, јас да си ја опишам маката оти не знам дали е желудник или не. Значи пред еден месец отприлика, се разбудив со ептен страшна болка во грб, како да ме боде некој, јас си помислив нешто со срцето да не ми е, ептен се испаничив, се напив аналгин и некако после неколку часа ми помина. Кога зборував со матичниот, тој ми кажа дека тоа укажува на болка во желудник, и дека е можно да ми се прави од мрсна храна а јас вечерта јадев ептен мрсна пица па си го вратив филмот дека може да е од тоа. После тоа сум немала никаков проблем со болки во грбот и желудникот. Вчера исто многу доцна јадев, исто така мрсно, и се разбудив вечерта со помала болка во грбот, желудникот и стомакот. Дали и каде треба да испитам што би ми било, и дали може да е од мрсна храна или е нешто посериозно?
Девојки, дали ви се случило да пред јадење имате како дупка во желудник а после тоа да не може да се издишите и да подригнувате. Имам правено гастроскопија ми кажаа дека немам проблем ама ова што го пишав ми се случува често и не знам што да правам.
здраво веќе четири медеци од царскиот рез јас неможам да вдишам длабоко воздух како кај желудникот да ми задтанува и како во балон на празно да вдишувам не онака остро немав други симптоми освен што немав апетит одпосле почнаа и киселини и како неможам да ждригнам убаво некој слично нешто пијам еманера и есокс ама ништо пак исто може само не до толку киселина кога сум гладна така како дупка осеќам