Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Podarok, 10 март 2011.

  1. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Денес правев гастроскопија. Многу ми беше страв што ќе излезе. Имам умерен гастритис другото се е ок.
    Правев во Гастротоп, презадоволна сум.
    Платив 9000 денари со седација.
     
  2. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.420
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев бремена, не знам што попрво ме болеше. Ми се случи така два пати од стрес и си траев иначе ми препишаа спазмекс мислам ама не пиев. Можеш и нолпаза или таблетки гастрогард.
     
  3. 123mmm123

    123mmm123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    здраво, некој што месте желудник да го враќа на место знаете ли?
     
  4. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.565
    Допаѓања:
    17.539
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Да споделам тука може некој ќе ми помогне или упати што да правам.
    Веќе 2 години повремено сум со болка во желудник и некое чудно затегање во стомакот. Правев ехо на абдомен, проверував хеликобактери ама на повеќе места ме убедуваат дека тоа затегање ми е од царскиот рез ( се јави послен пораѓај)
    Последниов месец дена(после еден така убав стрес што ме тресна од земја) почна да ме боли секојдневно левата страна под ребрата. Некогаш е болка, некогаш бодеж, некогаш печење, некогаш само чуство ко да имам нешто да ми тежи таму. Понекогаш е проследена и со болка во грбот, ама ретко. Матичната вика дека е желидникот. Го опипа вика нема нешто страшно и ми даде да пијам фамосан пред ручек и кесички есокс после ручек 10 дена. Препорача и масло од кантарион ама тоа не сум земала.
    Маката ми е што освен желудникот осеќам и затегање и болка од желудникот до јајникот во права линија. Како некој да ми го тегне мускулот буквално. Сите кај што се обратив ме гледаат чудно и не им е јасно како тоа ме боли.
    Се мислам за гастроскопија дали да правам, дали тоа ќе помогне да се дознае што е работава.
    Дали некој од вас имал вакви болки?
     
  5. Ecaecushka

    Ecaecushka Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    По опишаните симптоми личи на проблем со желудникот , за почеток направи си гастроскопија да бидеш мирна, не е воопшто болно повеќе е непријатно чувството.
     
  6. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.565
    Допаѓања:
    17.539
    Пол:
    Женски
    Оффф фала ти многу
    Чекам да ми најдат термин и да соберам храброст да одам. Што се мора се мора.
    Дали прават гастроскопија во 8 Септември? Доктор некој таму да препорачате?