Јас имав болки во желудник под левото ребро. Со кесичките есокс оне ми се смири. Ама ако облечам нешто потесно на стомак, од желудникот до левиот јајник како ластик да ми тегнат. По права линија ме боли. Јас се сомневам на кила на желудник искрено. Страв ми е да се фатам таму од страв да не почне да ме боли. И мене матичната ми рече со исхрана се решава и тоа. Помали оброци почесто. Ама реално тоа само една недела дали го практикував. Едноставно живееме во брзо време и некако барем јас не успевам да го практикувам тоа, ама изгледа ќе морам да најдам начин
Јас би ти кажала да почекаш за гастроскопија, да не си правиш стрес. Есокс и мене ми помагаат, јас ги пиев 10 дена по 3 пати на ден после јадење и ми се смири со Еманера заедно. Тешко е, ама ќе мораш да почнеш од негде. Гледај да не се прејадуваш, и никако легнување 2 саати после јадење. Исто мене ми помага колку и да звучи смешно, наутро на гладно чаша млака вода и ќе потскокнеш на прсти неколку пати, наводно се местел желудникот така. Може и гастритис да имаш, ама кој нема..за жал, живееме многу брз начин на живот. Гледај да не прескокнуваш оброци и по малку. Можеш да си провериш и хелико ако не си проверила.
Private Lady From Your Town - No Selfie - Anonymous Sex Dating https://PrivateLadyEscorts.com Private Lady In Your City - Anonymous Sex Dating - No Verify
Фала ти многу. Ќе го пробам и ова со водава. Лекот е 5 пари како викаат, ама ако го знаеш. Проверував и хелико и што се не. Веќе 3 година се мачам и прашање на време е кога ќе кренам раце
Мачно е, мене и на психа веќе почна да ме мава Не можам на раат да се опуштам, треба да се устручаваш цело време со јадење и пиење, некогаш сакаш да се опуштиш. Ќе се среди со тек на време, ќе научиш да живееш со тоа, немаш избор.
Сакам да направам за желудников едно ехо на абдомен кај др. Љубица во Гастротоп? Дали некој бил поскоро и знае која цена е за приватно? Ако нема никој инфо ќе се јавам утре па ќе ви споделам.
Се прави, ќе ти види ехо на абдомен, желудник сѐ, башка др. Љубица е многу стручна и ако не се види ништо ќе те насочи и каде да одиш. Ќе се јавам денес па ќе споделам.
@V.N. се јавив сега и ми закажаа одма за утре во 7:15 часот, 2500 е прегледот, заедно со проверка, дијагноза, препораки итн се' тоа вклучено.
Супер, ајде ќе пишеш како поминало. Стискаме да е се добро А каде се наоѓа? Јас всушност неколку бев на ехо на абдомен на различни места и сите ме убедуваа дека желудник неможат да ми видат
Во редот на Европски, кај Ла-Фе кафичот е. Инаку докторкава сигурно ќе ме насочи каде да одам ако е до желудникот нормално.
Јас мислам дека со ехо на абдомен не може да се види детално желудник, знаете колку се мали промените од типот гастрит, полип или чир, како би се виделе преку надворешно ехо. Желудник може да се види пример со рентген ама и тогаш се прави гастроскопија под суспектен наод. Гастроскопијата е златен стандарт за утврдување на состојба со желудник, како што е колоноскопијата за цревата. Да не се разбереме погрешно, јас гастроскопија правев во Гастротоп, немам ништо против.
Ама јас до сега не сум била на никакво испитување и секој пат ме боли на различно место, па сакам и да утврдам дали е воопшто желудникот за да се одлучам да правам гастроскопија. Затоа пишав дека ќе одам прво на полесниот чекор па ако треба да правам гастроскопија ќе ме насочи она да правам.
@V.N. јас бев сега кај докторката, предетална е, ептен убаво сѐ ми објасни инаку мене ми најдоа камчиња во жолчка што се поврзани со желудникот секако и од таму всушност нападите. Од мрсна храна ми се правело, ми напишаа и како да се исхранувам што смеам што не смеам. Докторката е предетална јас сѐ ја испрашав што ме интересираше, така што топло препорачувам пред гастроскопија да одиш на интернист. Ако треба гастроскопија она ќе те насочи секако.
Фала ти многу. Ќе пробам да видам ако вака остане смирено ќе седам и јас мирна, ако не прво кај неа па после се останато
Мене не ме болеше деновиве ама отидов за секој случај, така што мислам нема да ти штети една проверка секако ако имаш финансиска можност, па нека ти каже што како.
Здраво, дали некој има пиено апчиња Рабезол? Некоја нова генерација биле. И исто од оние ќесичките на Waya stopreflux? Дали сте имале ефект од нив?
Здраво Јас веќе скоро 9 години имам проблеми со желудникот, најчесто при одредена храна или поголем стрес. Симптоми ми се дуење и ужасни болки. Бев неколку пати на доктор ми кажаа дека ништо нема само да избегнувам храна што ми прави проблем, но од лани ми се јавија и други проблеми, како екстремно паѓање на феритинот. Бев на хематолог ми даде терапија за феритин( лечење симптоми), без да се провери причината за тоа. Последиците на феритинот беа ужасни, секојдневни главоболки, прекин на циклус, хипоксија итн. Се средија симптомите, но 3 месеци откако прекинав со терапија феритинот имаше уште поагресивен пад, по што одлучив да одам на биорезонантна терапија, каде што излезе дека имам гастритис и од него произлегуваат другите проблеми( пад на феритин, хипотироидна, остеопороза итн). По мое "досаѓање" на докторите, ми направија гастроскопија, по што се утврди гастритис за кој добив терапија( нолпаза и домперидон), но без да добијам насока за тоа колку време треба да ги пијам, дали пак треба некоја контрола итн сега тука читав дека и кај други се јавил проблем со тироидна и останати работи поради гастритисот. Би сакал ли некој да сподели искуство и/ или да даде насоки?
Јас ги пиев waya stopreflux, ама кај мене немаа никаков ефект. Ми ги препорачаа во аптека како поефтина замена за essox one. Вториве веднаш ме смирија