Човек не е паметен ич. А и докториве не се баш усогласени. Види провај, може тебе ќе ти одговара. Јас лично сум многу сомнителна кога ми препишуваат терапија и ми нагласуваат дека мора тоа. Знам дека се некој е врзан со производителиве и форисраат некои одредени лекови заради лични интереси па најчесто пробувам и со други производители
Ај сеа Уште тоа ми фали Ко ќе ме стегне пак изгледа тогаш секаде ќе отидам. Преку глава ми е од доктори и контролни прегледи
Мене ме болеше напред и позади кај желудникот и грбот тапа болка имав и кога отидов докторот ми рече а да не имаш проблеми со жолчката и кога на ехо камчиња ми најдоа.
Исро и мене позади ми се јавува повремено болка. Ме буни што е од лева страна. Нели жолчката е од десна?
Хелоу Дали ви се случува од некаква храна да имате многу јаки грчеви?болка 5 секунди и после се смирува…и така еден ден/два, претпоставувам дека желудникот ми реагира на некаква храна па сакам да слушнам некој со сличен проблем, не знам како точно да ја опишам болката, боли 5 секунди па опушта и некогаш дури имам и нагон да повратам.
Од каква храна имаш таква болка? Ако е од мрсна, и јас имав таков проблем, ми најдоа камчиња во жолчка па може и тие да прават таков проблем.
Јас имав од лани летото проблеми со киселини ми дадоа терапија и се беше ок ми помина, повремено знаев да имам киселини од несоодветна исхрана. Сега еве три дена осеќам печење некое во желудникот, нолпаза не ми помогна, фамосан да. Се плашам многу да направам гастроскопија, па сакав да прашам дали некој од вас имал проблем со печење или жарење во желудникот?
Јас имав исти вакви симптоми, не оди одма на гастроскопија, оди на интернист зошто ова може да е и од жолчка. Мене со истиве симптоми ми најдоа камчиња во жолчка. Бев кај др.Љубица во Гастротоп.