Проблеми со желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Podarok, 10 март 2011.

  1. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    962
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот проблем

    Веќе 3 месеци имам чувство на горење,жежење,жарење во грлото.Направив хеликобактер преку крв 0.88 негативен,брисеви грло нос чисти,матичнава само фамосан ми даде но не ми помага воопшто.Бев на гастро ехо абдомен се е добро со тоа што за желудник треба гастро да се направи за да се види убаво.Пошто симптомите ми се само во грло им е многу чудно обично желудник дава и симптоми во гради,низ хранопроводникот,киселини и сл. Ме праќа на ОРЛ,па ако таму е чисто, да одам пак на гастро. Имал ли некој искуство со ова и мене ми е стварно чудно од каде ова горење жежење во грло,не ми е поврзано со јадење,има денови и по цел ден го имам тоа чувство.
     
    На Skorpija12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 123mmm123

    123mmm123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    идтото и кај мене прочитај за Лпр(ларингофарингеален рефлукс -тивок) не сеосеќаво градите туку во грлото
    што не пробав веќе ништо не помага
     
  3. 123mmm123

    123mmm123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    здраво, едно прашање имам Билијарен рефлукс, а имам и жолчка која на ехо е де друго ок само ѓи рекоа дека ми е пресвиткана
    дали некој има некое искуство вакво и дали може од таа пресвиткана положба да ми се враќа во желудникот жолчна киселина
    инаку имам и хр гастритис и дуоденитис герб
    пиев рманера наутро и навечер 40мг сега сум на нолпаза 20мг наутро ништо не ми помага
    отежнато ми е и дишењето
     
  4. Skorpija12

    Skorpija12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2022
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истото чувство на чуден вкус во устата како кисел, и на моменти кога ќе се напрегнам, закашлам во делот на хранопроводот како гребење и болка. Не сум отишла на лекар, дали и кај тебе се слични симптомите.
     
  5. yoto

    yoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Пресвитканата жолчка само анатомски изгледа поинаку и не прави проблем во функционирањето.
    Набавете Sucralfate таблети, тие прават бариера и ја штитат стомачната мукоза од жолчната киселина. Ги има во соседниве земји (Грција или Бугарија) за жал кај нас ги нема. Во комбинација одат со Ursofalk кој ја истенчуваат и ја намалуваат концентрацијата на токсичните елементи на жолчната киселина и Domperidone да ја забрза мотилноста на желудникот да не дозволи жолчната киселина да остане во желудникот долго време. Секако консултирајте се со гастроентерохепатолог пред да земете било што, јас не сум доктор.
     
    На 123mmm123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве молам некој што има кила на желудник да ми пише во лп :)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    17.848
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со Киропрактика Мали Змај од Србија, за местење желудник, хиетална кила. Правеле третмани и во Скопје во Ars Lucida, не знам дали доаѓаат уште.
     
  8. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    3.748
    Веќе околу 2 години се мачам со желудник. Имам некоја болка во гради која ме притиска, некогаш и болка во желудник и киселини и гадење. Живеам во Шведска и овде само ми даваат таблети кои привремено помагаат или не помагаат ама не сакаат да ми направат гастроскопија. Ќе си дојдам во МК за две недели и се мислам да закажам гастроскопија и конечно да знам што ќе излезе од оваа агонија. Дали мислите дека може да закажам директно гастроскопија или мора прво преглед некаде па после гастроскопија ако препорача докторот? Јас би директно на гастроскопија. Не сум од Скопје ама гледам таму има најмногу опции па најверојатно ќе закажам таму. Би сакала да е со седација, се надевам има термини. Препорачајте каде ако имате искуство:whew:
     
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    11.742
    Пол:
    Женски
    Дали си сигурна дека е желудник? Јас не би препишала одма на желудник и гастроскопија затоа што може да има други триста работи. Пример и јас со камчиња во жолчка ја имав истата болка во гради и грб(плешки) па си направив ехо на абдомен. Провери повеќе работи ако успееш пред веднаш да одиш на гастроскопија.
     
  10. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    3.748
    И порано сум имала проблеми со желудник па загоа мислев да направам гастроскопија прво за да го исклучам желудникот. Тука не верувам да се согласат за ехо или нешто слично освен ако баш немам страшни симптоми(facepalm)
     
  11. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Прво испитај хелико. За доктор јас би ти го препорачала Васко Василевски од Систина.
     
    На sweet.november му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што пиел алое вера гел што помогнал за желудник?
     
  13. henry8

    henry8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    23
    Молам препораки за испитување на автоимун гастритис кај приватен гастроентерохепатолог? Некој со позитивно искуство? Дали гастроскопија како метод за дијагностика е доволна?
     
    На Мајааа му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.407
    Допаѓања:
    18.606
    Искуства со гастроенетерохепатологог за ГАСТРОСКОПИЈА?
    Државно и приватно Скопје.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.773
    Допаѓања:
    143.486
    Пол:
    Женски
    Гастротоп, Систина, Ремедика...
     
    На GirlLove и bookslover им се допаѓа ова.
  16. yazanna

    yazanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво пред еден месец почна да ме боли под десното ребро направив две еха се беше во ред,и гинеколошки бидејќи некогаш ме боле горе некогаш доле над лузна од царски и тоа продолжи потоа почна да ми се гаде да немам апетит и направив гастроскопија кај Ацо Николов ми кажа гастродуоденит и рефлукс. Од тип 1 само кажа не е страшно се лечи ама многу сум исплашена а крвната слика беше во ред се и црп 3 и на полесна храна сум почнав и да слабеам и некако многу ме удира на психа некој совет како сте се справиле и дали ќе можам пак да јадам се нормално
     
  17. yazanna

    yazanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И цело време мислам на кој доктор да одам дали на магнет дали коносккопија а сите ми викат дека нема потреба треба време ќе помине…
     
  18. yoto

    yoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Ако ве боли под десното ребро тогаш гастроскопија и ехо се доволни. Обично колонскопија се прави за болки во долниот дел на абдоменот (под папокот) или ако има промени во столицата. Дали докторот ви направи тест за Хеликобактер?

    Направете диета неколку недели во комбинација со лековите. Избегнувајте зачинета, мрсна и кисела храна. Најчесто тие прават проблем. Како мине времето ќе ви биде подобро. Кога нема да имате болка неколку недели полека почнете да вклучувате храна што сте ја јаделе претходно.

    На оваа страна имате повеќе совети и која храна да ја внесувате.
     
  19. yazanna

    yazanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Па пијам терапија две недели и пазам на исхрана и уште осеќам болка во десната страна само како тапа болка,не знам после колку време да очекувам подобрување или да одам пак на преглед
     
  20. yoto

    yoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Најчесто треба неколку недели да поминат за да осетите подобрување.

    Дали докторот ви направи тест за бактеријата H Pylori? И дали земате често медикаменти како аспирин, бруфен или други што може да предизвикаат гастродуоденитис?