1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Podarok, 10 март 2011.

  1. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    фалаа многу. утре ќе земам таков чај, моментално немам :/
    аа кикиритките ми кажаа пред малку дека се добри за киселини, што мислите?
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Не воопшто не се добри, сите јаткасти плодови се доста тешки за варење.
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Доколку имаш киселини јади непечени лупени семки од тиква и сончоглед,ги има во Кам маркет не се скапи. Исто така мене ми помага и леблебијата.
     
  4. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    фала дечки, мене ми помина тоа вчера дури... и ми помина од супа со многу бибер, незнам зошто ама ете тогаш ми поминаа киселините :)
     
  5. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Јас имам долго време гастритис.единствено нешто што ми ги намалува болките а воедно и киселините се една апчиња ранитидин.ефтини се а многу помагаат.исто така наутро е добро да јадете по една лажичка таан.
     
  6. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Штом имаш и болки, ранитидин се слаби. Оди на интернист да ти препише некој инхибитор на протонска пумпа. Најдобро ланзул(лансопразол) или пак Есомапразол, евентуално овие новите Нолпаза(пантопразол).
    Може да си купиш рупурут(таблети за џвакање) и да ги пиеш по потреба, без рецепт одат.
    Намали на алкохол, цигари, мрсно, благо, пржено и т.н.
    Сок од алое вера помага и многу вода.
     
    На sexybaby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Фала никола на советот верувај се и сешто имам пробано ранитидинот ми се најпогодени.проблемот го имам веќе долго време и за се сум информирана.со храната внимавам ама па не може секогаш да се пости хаха така да кажам.обично болки имам при промена на времето најчесто зима-пролет.
     
  8. MMileska

    MMileska Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    При Лапароскопија ми открија дека имам многу спуштен зелудник дали некој има сличен проблем и дали се лекува, јас освен со храна немам друг проблем. Пецурки било какви и банани несмеам ни да помислам да каснам имам ужасни болки и киселини
     
  9. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Гастро-птоза или стомачна птоза, се нарекува твојот случај. Ова може да предизвика проблеми со варењето, констипација(запек) или пак некое чувство на тежина во абдоменот.
    Значи ќе се консултираш со специјалист за да те препрати на физикалана терапија каде со специјални вежби ќе ти ги зајакнат мускулите на абдоменот и ќе ти ја подобрат состојбата(во никој случај не пробувај вежби на своја рака или не тражи ги на интернет бидејки може само да си ја влошиш ситуацијата),
    потоа оброците да бидат почести но помалку обилни.
    Јади храна што е лесно сварлива и во исто време хранлива. Значи избегнувај масти, твојата исхрана нека се состои главно од протеини од животинско потекло(пилешко, рибта, телешко - варено или евентуално печено никако пржено).
    Пробиотици(линекс, дуобиотик), витамин Б6(до 2-3 таблетки дневно МАКСИМУМ)

    и секако консултирајте се со гастроентерохепатолог и нутриционист.
     
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Имам веќе година дена проблеми со желудникот.После секое јадење мене ми настануваат силни болки, почнуваат киселини да ми доаѓаат, ми се гади и ми се повраќа, стомакот ми се дуе и постојано одам во тоалет.Најпрвин ме пратија на тестирање за хеликобактер, но немам, после тоа отидов приватно на преглед, и ми рекоа дека имам грчеви, ми препишаа метаспазмил три пати на ден пред јадење, и фамосан навечер и ми рекоа доколку не ми се среди за еден месец дека треба да одам на лапароскопија.Јас и не бев баш редовна со апчињава, ама и тогаш кога ги пиев подобрување немаше и не знам веќе навистина што да правам, а снимањето го избегнувам зошто ми е страв...
     
  11. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Хм, може да се работи за некој хроничен гастритис придружен со гастроезофагијален рефлукс, но може да станува збор и за нешто друго. Најдобро да посетиш гастроентерохепатолог(ако си во можност во некоја приватна клиника), е сега лапораскопија, незнам зошто лапораскопија, гастроскопија би било добро прво да се направи па ако се е во ред тогаш лапораскопија, иако ми е малку неконвенционално.
    Како и да е обавезна консултација со лекар, во мегувреме полесна храна, намали на цигари, алкохол, благо, мрсно, пржено, зачинето и луто.
    Повеќе варено, евентуално печено, лесна храна во глобала.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    синоќа ми се повраќаше и тоа само момент беше,утрово пак и сега ме боли желудник..од што би можело да е и лек ако знаете?
    И нешто стомак ме заболува
     
  13. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Речиси секој ден имам нагони на повраќање и болка во желудникот, но никогаш неможам да повратам. Алергична сум на бело чоколадо и јагоди, но од нив ништо не ми се случува, туку од краставици и домати повраќам. Еве дури и сега, не сум јадела ништо утрово и пак ги имам тие нагони на повраќање .
     
  14. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Вирус...? Или пак случајно да не си јадела нешто со соминетелен квалитет или да не си консумирала алкохол скоро?
    Оди на лекар најдобро.
    До тогаш лесна храна, вода и чаеви(кантерион или камилица, ништо друго).
     
  15. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Гастритис? Или пак нешто сосема друго, најдобро посети лекар интернист или пак гастроентерохепатолог.
    Види дали ќе ти се смири ситуацијата со ранитал/улкодин.
    И секако појди на лекар.
    До тогаш лека храна, алкохол, цигари,кафе, пржено, мрсно, благо, луто и кисело избегнувај.
    Варена храна нека преовладува.
     
  16. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Јас имам големи проблеми со желудникот веќе 2 години не можам да го управам...Не смеам да јадам се :@ :@ :@ А ако каснам нешто што ќе ми го надразни после пак почнуваме од ново само со двопек и јогурт!! 2 пати имав салмонела и тоа се во септември за мојот роденден :devil: :devil:
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Пијте лимон со вода или само лимон. Го чисти желудникот. И брзо ја вари храната.
     
  18. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Консултација со интернист/гастроентеролог може да се работи за хелико бактер или пак за хроничен гастрит. Најверојатно треба да се даде терапија со инхибитор на протонска пумпа.
    До тогаш избегавај алкохол, цигари, мрсно, благо, луто, зачинето, кисело, газирано.
    Околу болки и т.н. може ранитал(1-2 дневно).
    Наместо јогурт јас би препорачал чај од камилица или кантерион(никако топол) млак или ладен наместо јогурт, млекото и јогуртот ја потикнуваат гастричната секреција, чајот го смирува желудникот(се додека не е зелен чај или пак овошен некој).

    Не е препорачливо кај проблеми со желудник бидејки лимонската киселина го надразнува желудникот.
     
    На tweety-tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас викам кога немате некој проблем со желудникот препорачливо е да се пие лимон.
    А ако имате киселина, само ориз. Друг природен лек за киселини во желудник НЕМА.
     
  20. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Во ред, не се разбравме. Инаку има многу како што се сок од алое вера, чај од свеж корен од ѓумбир, чај од камилица, чај од кантерион, јачменова трава и еден куп други.