За било каков проблем во врска со желудецот(секако освен некој посериозен),препорачувам чаша вода со една лажичка сода и малце цеден лимон внатре. Оваа комбинација е супер,и секоја мака во желудецот,подуеност или киселина ако имате ќе ви ја отстрани моментално.
Сигурна сум дека не сум единствена со проблемов ама јас уште немам најдено брзо решение. Се почесто, наутро кога станувам, имам болки во желуднукот. Како да ме стега, имам грчеви и мислам дека сум на работ да си ги истурам цревата, но никогаш не повраќам. Еве , денес на пример, премногу ми се гадеше, ми поминаа грчевите ама уште не ми се става ништо во уста. Навечер одбегнувам да јадам, а од сабајле гледам да испијам барем една чаша вода. Не знам што друго да правам...
Да провериш крв за хеликобактер. Пробај пиј сок од свежа зелка на гладно секое сабајле. Ако не можеш тоа, тогаш вода, ама млака накај топла. Или пак млак чај од нане, ќе те смири малку. Ама убаво е да си направиш еден преглед, за да утврдиш дали ти е од некоја органска причина, или на нервна база. Јас имам т.н нервозен желудник, при поголем стрес одма грчеви и болки добивам, и плус болки во ниво на градите од хранопроводот.
@starfish немој да пиеш насабајле вода на гладно срце зошто му правиш шок на желудникот @Annath не би препорачала ни сок од зелка ем е гаден ем имам пробано од него ми беше тешко и бев на раб на повраќање *не сум гадлива личност,напиј се чај од камилица навистина смирува...проверено а да и ако не ти помогне ни ова напи си се ранитидин шумечи смируваат за секунда
@QueenElizabeth, јас не сум слушнала дека со вода наутро се прави шок на желудникот. Цело време ја пијам, плус со ѓумбир и лимон, и многу ми годи. Млака вода е одлична за разбудување на организмот. А сокот од зелка е одличен борец против хеликобактер. Затоа и го препорачав. Чајот од камилица јас лично не го поднесувам, а чајот од нане е добар за проблеми со желудникот.
Здраво, татко ми еве веќе втор ден како постојано лцка и не знам во што е проблемот. Ве молам за мислење околу ова зошто не знам како да му помогнам. Ви благодарам.
@Annath јас ги имав истите проблеми со желудникот сред ноќ се будев од грчеви и и кажав што на мене ми помогнало,да точно е се прави шок на желудникот доколку имаш грчеви,ова го кажувам затоа што се консултирав со медицинско лице а не од памет,зелката е одличен борец против хеликобактер но можеби кај нејзе не е хеликобактер...нането мене ми помага при стомачни болки но не и при желудечни...
Деновиве премногу гадење имав, како почна неделава така мака мачам. Плус имам и главоболки, па една колешка ми вика дека можно е и од притисок низок да ми биде. Секако морам крвна слика да направам значи. Друг начин да проверам желудник нема?!
Можно е да се работи само за гастритис односно желудникот ти е надразнет. Дали ждригаш? Пробај со полесна исхрана неколку дена супа, варен компир, варен ориз... Никако тестенини, зачини,свеж зеленчук или овошје. Можеш да земеш и јогурт Баланс. Така неколку дена издржи на полесна исхрана која не го дразни желудникот
Исфрли го кафето наутро на празен желудник, свежото овошје и зеленчук исфрли ги додека не го средиш проблемот. Појди кај матичниот земи таблети (Раните)и пиј ги една недела. Позз
Со желудникот имам одамна проблеми. И искрено ми е смачено. Кој нема болки во желудникот не знае какво мачење е (фала Богу да немате). Значи буквално не можам да јадам ни да пијам, премногу ми е тешко да дишам и постојано подждригнувам ко будала... Посебно овај период на нервна база ми е премногу влошено. На доктор 100 пати имам ојдено, истото стално Ранитидин, Ранитал бла бла... Сакав да прашам освен јогурт дали знаете нешто од храна што би ми помогнало со ова? Да не одам пак по доктори...
Probaj sekoj den vo edna casa topla voda stavi edna lazica med i polovina limon isceden sekoj den toa mozes po dva tri pati da go konsumiras i za izvesen period ke de osetis podobro
Пред 6 месеци правев тест за хеликобактер, имав ама не во големи количини за антибиотици и цел третман. Ми дадоја Ранитал да пијам неколку месеци и на диета некаква, полесна храна... Ама ете пак ме боли.
Наутро пиј сок од цвекло и лимон. Немаш поим колку многу помага со хеликобактерот, без разлика во која количина го имаш.
@s1a1n1d1r1a1 aко ти е на нервна база пробај со бедоксин (Б6) пред секое јадење мислам дека помага, инаку хеликобактер е присутна кај секого во организмот само референтните вредности покажуваат дали е активирана или не, е сега ти не си сигурна дали болката ти е предивикана од стрес или од бактеријата, знам за смирување на желудникот се препорачува секое утро на празен желудник да се пие чаша ладно млеко од тетрапак, ја намалува ph вредноста (т.е киселините) во желудникот.