1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со непца

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од maticka, 15 декември 2014.

  1. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Имам мост,и ми се воспалуваат непцата на тој дел!Пред три месеци пиев ровамицин и ми помина!Сега пред некој ден,пак ми се воспалија,чистени се непцата.Ги плакнам со жалфии,гингивали сто ти не,а имам и две афти до непцето!Имам чувство дека ми е висок мостот,тежини во него..Болки немам умртвени ми се забите!Има ли некој како мене проблем ми се чини дека сум само јас вака...Казувајте чаре да не пијам пак ровамицин!:(
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.189
    Допаѓања:
    10.810
    Пол:
    Женски
    Најдобро да си одиш на стоматолог убаво да исчисти под мостот.
    Сама дома можеш да си земеш шприц и игла од аптека и со хидроген 3% внимателно да испереш под мостот. Каде има простор ќе ја вметнеш иглата, само врвот за да не се повредиш и убаво со големи количини ќе го измиеш просторот. Хидрогенот ствара пена која ќе ја извлече храната заглавена под мостот и би требало да го смири воспалението.
    Ако често ти се воспалува местото, треба да те проверат на забар дали е нешто со мостот што го предизвикува тоа, зависи колку време го носиш може треба да се смени.

    П.С. Најбитно од се, хигиена. Воспаление настанува кога храна останува во устата, под дејство на бактерии се разложува и може да предизвика многу други проблеми ако долго време перзистира ситуацијата. Има специјални мали четки за чистење под мостови, ти препорачувам да си купиш и секој ден темелно да се чисти под мостот и општо целата уста.
     
    На maticka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Spidy fala na sovetot!Мостот е ок,пред две години е ставен забите умртвени....ми ги киретираа непцата во четвртокот,имам четки интердентални ама не сакам сама да чистам!Слабокрвна сум,така да мозе да е и тоа,мостот е снимен пред три месеци и се еок
     
  4. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Од клиника од болести на уста не сум задоволна дајте некој добар парадентолог
     
  5. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    мене ми го препорачаа овој апарат http://www.waterpik.com/oral-health/products/dental-water-flosser/ , го има и тука и е околу 6000 ден. не можам повеќе да ти кажам зашто не го купив, но од многу луѓе имам слушнато дека се задовлни.
     
  6. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Благодарам Калиа,значи не сум само јас
    :o
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.957
    Пол:
    Женски
    Колку што знам јас, на клиника во Скопје се најдобрите пародонтолози, засега. Може да одиш во Дентал Студио Пикасо во Аеродром (ако си од Скопје), барем за консултација.
    Реално, мостот е туѓо тело во устата и реакцијата на твојот организам е таа. Спајди убаво ти пиша погоре, оралната хигиена мора да ти е на високо ниво, особено делот под мостот. Ако се работи за мост од метал керамика, можно е од металот да има побурна реакција. Среди ја крвната слика (проблемот со анемијата), можно е да имаш зголемено крварење од непцето поради тоа. Витамин ц шмукај секој ден, еден период користи го НБФ гингивал гелот наместо паста за заби, да ти се смири непцето. И консултација со пародонтолог, ако не на клиника, појди ваму кај што ти кажав.
     
    На LadyC, christina и maticka им се допаѓа ова.
  8. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Ти благодарам Annath!Почнав од вчера со ровамицин(незнам зошто тој кај мене делува од кога ке го испијам по неколку дена).Инаку го користам НБФ гингивал гелот редовно,залфија инаку во тој дел до непцето имам и две афти многу ми се собра!А,ако нема подобрување сигурно ке одам кај парадентолог но не на клиника
     
  9. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.615
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки:) Гледам темава нее активна оддамна но јас имам проблем со непцето еве веке два дена...имам мост кој е поврзан со порцелански навлаки...од вчера цело непце ми е отецено и ме боли пробав со камилица,кантарион ама некако нема ефект...може да ми кажете каква маст или нешто друго да пробам...фала ви