Проблеми со нервите

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 16 декември 2009.

  1. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    169
    Леле јас сум ваква избувлива.Кога ќе се изнервирам,бегајте сите.Често си имам проблеми заради тоа.Со само 16 години имам многу нервози претрпено,па претпоставувам дека поради тоа сум ваква,а може и до карактер да е....Не сум помислила да посетам стручно лице за ова бидејќи тука ми се мајка ми и другарките да разговарам со нив за тоа што ме мачи.Кога сум ептен нервозна за да не се карам со сите земам и пишувам.Ги запишувам моите мисли,чувства,понекогаш пишувам некои приказни.
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Ајде да ви ја раскажам мојата животна приказна. Може нели?
    Вака..родена сум како многу посакувано дете после 4 спонтани. Брат ми ме сакал ептен и ми дал име по неговата прва најпрва симпатија. пресреќно семејство...само баба ми не се трпела...најмал проблем тоа. Брат ми се разболува, мене ме чуваат дедо и баба(другата баба на мајка ми мајка) зошто братми не трпел галаама. Моите се трудат се за да го спасат.
    Брат ми почина , јас на 5 години го видов брат ми во весник(а не ми кажуваа). Абе брат ми да не умрел била мојата реакција. Секој ден сум гледала мермерни плочи, погреби бидејки мајка ми скапувасе на гробишта...кога се мислев дека поминува почина дедо ми...пак болка пак гробишта.... имав едно внуче од братучетка ми тоа ми даваше сила... тогаш тато..се разболе....знаев дека ке го изгубам во 6 одд прва пат свесно сама облеков црно. Таман малце излегов и од таа криза, ново внуче беше на пат, но мајката се разведуваше(братучетка ми ), маж и после 6 годишно малтретирање и ставил нож под грло. Се среди и тоа, тогаш баба ми падна, мозочен удар. Во 8мо чував стара болна жена, ноке станував со мама да ја носиме во вц паѓа, па ја креваме а теска жена крупна , дебелка...Почина, јас полуматуранка.

    Ова е на кратко.. е сега зошто раскажав се ова..Многу паднав во средно, не учев, само плачев како мене ништо не ми иде во животот, како сум родена за да сум несреќна итн итн...Во љубов многу се разочарував, мислејки дека секој мора да ме свати како ми е.
    И уште постои некој страв во мене, нешто што незнам дали некогаш ќе помине, ноке ја проверувам мајка ми дали дише, еднаш чистејки падна од стол кога ја видов доле ми се стемни вриштев ко лудак. Она ми се изнасмеа....
    Сега како последица, добивам напади на нервоза, нема трпение за ништо, се нервирам многу лесно, се расплакувам уште полесно, неможам да заспијам ноке па висам на нет.
    Незнам до кога ќе трае ова, па затоа се трудам времето да го поминувам во работи што ги сакам, што се осеќам пријатно за да не размислувам за грди нешта.
     
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    169
    Sunshine88 ти се восхитувам на силата :clap: :clap: :clap:
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Морам да бидам силна иако не е лесно, но не смееме да се откажуваме. Секој пат се трудам да е се подобро и подобро.
     
  5. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    92
    Сум запознала личности со горе - доле ист проблем како твојов и бидејќи ми биле блиски знам дека губење на нерви и нетрпеливост е многу лоша работа, која се одразува буквално врз се со негативни ефекти. Може да се смени, нормално се што е жива сила се менува, па така можеш да го решиш и ти твојот проблем. Те сфаќам потполно како се осеќаш и мој совет ти е да не се мачиш вака, туку отиди на разговор со психолог - психијатар и верувај дека ќе имаш многу голем напредок и позитивен ефект. Твојот проблем и не така релативно прост или обичен за да може да се реши со прифаќање совети од други личност. За тоа ти е потребна стручна помош и воопшто не е срамно или лошо, баш напротив најдобро ќе може да ти даде насока по која ќе се придржуваш за да успееш. Ти посакувам многу среќа, позз
     
  6. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Sunshine навистина и јас ти се восхитувам на твојата храброст... твојата животна приказна е навистина страшна.... да се преживее сето тоа навистина е потребно голема храброст и затоа ти се восхитувам тебе а и на твојата мајка....иначе и јас сум многу нервозна личност.... претерано да не речам.. особено во периодот пред да ми дојде менструација.... секоја ситница ме нервира се карам со сите постојано сум под стрес .. главоболки,а до сега 2 пати ми се случи да се онесвестам.. притисокот ми се зближува.. последниот пат ми беше поклопен 80 со 80.... :worried: мислам дека тоа е ненормално за 18 години бидејќи во животот ме чекаат уште многу поголеми и поважни работи со кои треба да се справам... се трудам помалку да се нервирам бидејќи не сакам да го изгубам здравјето.. се надевам ќе успеам .. Позз
     
  7. ludicka

    ludicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    не ми е лесно, но морам да гурам...некако се снаоѓам. Фала ви на сите на подршката :inlove:
     
  9. whitedevil6

    whitedevil6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Hmmmm..jas mislev deka sum edina sto se nervira do tolku, da mi se kacuva srceto vo vrat, da bi mozela ponakogas da go ubajam toj sto me nervira :devil: , da si mislam posle takva nervoza deka ke zavrsam vo ludnica ili deka ke dobijam infarkt :@ Ama ete nesum bila sama, na zalost! Od malecka sum takva, zatoa sto i jas sum preziveela mnogu neubavi nesta i zatoa sto se bi dala za vistinata i pravdata...
    Sega sum mazena i imam malo bebence..maz mi bi go zadavila ponekogas za sitnica a i so malovo zivci vadam..bi gi pratila ponekogas na mars bez povratna karta ;( Mislev deka ke pomine so vremeto, ama nisto od toa se e poloso i poloso a najmnogu mi e zal za bebusko..nemam ic zivci za nego, kolku pati mu imam podviknato ili sum go plesnala po gazot od sto nesum mozela vise da izdrzam :|
    Neznam kade vodi ovaa situacija i zatoa mi e mnogu strav, da ne se razbolam, da ne "uspeam" definitivno da go nateram maz mi da si otide (super covek, me smiruva sekogas, me poddrzuva vo sve i mi pomaga za/so sve :!: ) ili najlosoto! da me zamrazi sinceto koga ke pocne da razbira i da si go saka samo tatkomu :( ;(
    Probuvam da se smiram koga ke primetam deka kiptam (za uopste nebitni raboti..ma mislam deka nisto ne e tolku bitno za jas do tolku da eksplodiram!) si vikam "smirise ne e vredno toa tolku za da se nerviras" ili "poleka, ke pomine ne brzaj tolku so zivciranjeto" ama nisto ne pomaga |(

    Ufffff mi olesna sega vaka, malce mislite vo "trezvena" sostojba negde da gi napisam...
    Fala vi za citanjeto ;)
     
  10. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    43
    ;( тажноооооооооооооооо очите ми се насолзија кога го читав ова :worried: во принцип и јас сум мноооооогу чувствителна и нервозна личност со црни мисли што ме укопуваат уште сега.. незнам зашто во главава мислам негативно незнам како да се ослободам од тие мисли некад сум толку позитивна толку срекна а за момент ете ги ''црните'' мисли дека нешто не е во ред :sweat: :x
     
  11. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    70

    Секоја чест миличка, браво на силата и истрајноста што ја имаш! Ти посакувам се најубаво во животот, јуначе :clap: :l: :f:
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Фала срцка :*
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Се извинувам што пишувам два поста по ред. Но, сега го видов овој пост.
    И јас сум срцка, позитивна, насмеана, ама ги има и ќе ги има тие црни моменти..Само тогаш треба да сме најхрабри..... :*
     
  14. zumbul

    zumbul Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    1
    ... Prosto ostanav bez zborovi!!! Tolku trogatelni tekstovi (zivotni slucki) a samo tolku malku godini ... ( mislam na toa deka uste sme site zaedno mladi) eve i jas... sum mn nervozna licnost, izbuvliva i mislam deka taka ne treba !
    Treba da gi gledame ubavinite na zivotot, kratok no sladok ;) ednostavno zivotot ne e med i mleko toj e tezok za ziveenje, no sepak nie so nasite sili i POZITIVNI MISLI sekogas mozeme da uspeeme i da go napravime POLESEN!!!
    Porano mi bese strav od SE ... da iskocam , da se druzam , da se zabavuvam , da idam na podaleku na pat ( i seuste mi e ) ama znam deka toa e od mojata ankciozna sostojba :((( so ova sakam da vi kazam UBAVO videte zasto se nervirate nema potreba ne treba da se stava sve pri srce... moze malce von tema ama sepak :*
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    3.857
    Пол:
    Женски
    Секој има некои моменти на депресија и максимална нервоза,тоа е нормално за годините кои ги имаме.За ова нема никаков совет,едноставно пробај да се релаксираш себеси,подготви си топла купка со свеќи,освежи се,опушти се,купи си нешто ново,пробај нешто ново...доаѓа лето па пробај да најдеш некои нови работи,отргни се од секојдневниот живот.кулирај и не се нервирај ;)
     
  16. emi-love

    emi-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите јас сум нова на форумов и баш до сега барав за нешто вакво бидејќи ми се случува нешто што навистина неможам да го разберам. Имам 22 години и понекогаш како денес ме фаќа некоја необјаснива нервоза и во главата ми поминуваат страшни работи, само кога сум со дечкото сум смирена, незнам зошто фала богу имам се во животот дваицата родители, две сестри, дечко и работа. Сепак кога ке помислам на работата ме фаќа паника, сакам да излезам кога ке излезам сакам да си одам дома. Понекогаш сакам да умрам мислам дека го губам разумот и сето тоа трае еден ден максимум и подоцна е се ок. Кажете ми како да се контролирам ;(
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.953
    Ова ти се панични напади.А се е резултат на анскиозноста.Имаш таква тема во здравствени проблеми..искуства од други, прочитај и побарај совет.
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.212
    и јас многу често се нервирам, избувнувам за се и сешто! Најмногу во кавги со дечко ми, но сега некако како да оладев кога се расправам со него и никогаш не вриштам и не се нервирам! И дома кога ме нервираат си молчам и ми поминува! не знам како постепено почнав да ја средувам избувливоста, но подобро е така!
     
  19. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    70

    Душичке, потполно те разбирам, и јас сум доживеала семејна трагедија ;( ;( ;( И јас имам многу страв од тогаш, за да не изгубам некој близок и тоа сите го знаат за мене..Еве , најблиските околу мене, кога ќе чујат дека некој починал, па макар и да не го знам јас тој, не ми кажуваат, зашто знаат колку сум осетлива на таа тема...Ти си била во многу потешка ситуација, зашто целото детство и тинејџерските денови ти биле неподносливи ;( Само едно ќе ти кажам, немој да се предаваш, немој пред дечковци да ја раскажуваш таа приказна, особено не пред некој што тазе си го запознала...Зашто кој не осетил на своја кожа, не знае како боли :( Оди само напред, вложувај во себе :!: Зашто велат после дождот изгрева сонце, животот е знае да биде суров, но некогаш знае неочекувано да ни донесе прекрасни моменти :)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    561
    Има многу нормално, има и праубави моменти , моменти на смеа, радост....но оној проблем останува, она со психата што велат. Толку длабински продира, што кога ке надвладеат тие емоции мислиш ти нема спас.....