1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со нервите

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 16 декември 2009.

  1. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    Нервозата претставува зголемена раздразливост воглавно на автономниот нервен систем, со пропратни психолошки состојби кои се манифестираат со различни најчесто видливи за околината состојби.
    Во секојдневната комуникација терминот “нервоза“ се користи без одредено значење. Тој повеќе упатува на некои општи невротички сосотјби во кој се наоѓаат луѓето.
    Нервозните честопати запаѓаат во неурозни состојби кои пак претставуваат:
    Душевни пореметувања, во кои личноста е потполно свесна за своите тегоби. Односот кон околината и кон самиот себе си е зачуван иако донекаде е искривен. Увидот во сопствената сосотојба е битна претпоставка за поволна медицинска прогноза и за успешно лечење.
    Често се јавува и парадокс, Што е подобар увидот во сосотојбата(со поголеми субјективни проблеми) тој случај се смета за полесен од позиција на терапија и грижа.
    Сите понекогаш сме нервозни од различни причини. Се нервираме на ситуации, на збор, на луѓе и на нивните постапки.

    за виножитка не би рекла дека има проблеми со нервите,тоа се други болести да не ги набројувам,но мислам дека нервозата може да се контролира ако се сака,а ако не се може треба да се консултира доктор од психијатрија.оние кои тоа не го контролираат се личности со слаб карактер кои неможат да ја прифатат реалноста. ;) :(
     
  2. malena23

    malena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    moj sivet ti e psihijatar ne psiholog ke ti pomogne navistina poslisaj me ke vidis nema samo so muabet moze i nekj lek ke ti prepise sto ke go pies nekoe vreme i ke odis na kontroli no ke ti bide polesno i na tebe i na okolinata
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    И јас го имам овој проблем.. се нервирам за некои безвредни ситници, но сепак многу се нервирам, во тој момент кршам, викам, фрлам се што ќе дојде при рака, а потоа следуваат главоболки, плачење.. И секогаш си викам нема веќе така да правам следниот пат ќе се воздржам нема да избувнувам ќе пробам смирено да реагирам, но залудно, секој пат е исто, а стварно не знам од каде таа нервоза и зошто?
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Чепкав низ темите и конкретно оваа тема ме заинтересира.

    Го прочитав само првиот пост и последниов и ќе си дадам за право да коментирам.
    Со истиов проблем се соочив пред одприлика една година кога нонстоп бев нервозна, нерасположена, секоја безвредна ситница ме нервираше, не се смеев ама воопшто, само се дерев, само викав, со сите се карав за ситници, за глупости..едноставно самата себе не можев да се поднесам, сите ме нервира, сакав да избегам некаде, да бидам далеку, да имам мир и тишина, ми се чинеше дека полудувам. :( ;(
    Ваквата состојба ме држеше некои 2-3 месеци, некако се` ми се собра...останав без работа, мм нонстоп од јутра до сутра на работа, старци катастрофални и безобразни, детето не ми ја прифаќаше градинката...нервози од сите страни...немав со кого да разговарам што би се рекло да си ја олеснам душичката од проста причина да не ги замарам со мои проблеми и да не ги секирам...и така собирав се` во себе се` додека не се доведов до ситуација да избувнувам и бурно да реагирам за најмала глупост.. :@ ...Навистина не ми е јасно и до ден денес како ме трпеа , нон стоп да се нервирам, да викам, да плачам...

    Еден ден се разболев, кренав температура и мислам дека баш тогаш и доживеав некаков нервен слом...го викнав мм да дојде од работа, да ме носи на лекар бидејќи немаше кој да ме негува, плус и детето требаше да го чувам, а не можев на нозе да стојам и да се движам....Само што влегов кај матичната докторка, седнав на столчето да ме прегледа и му ја прснав да плачам ;( така ми дојде...жената ме знае цел живот, веднаш знаеше дека не ми е добро од психичка гледна точка.

    Без да се срамам еве Ви се отворам и Ви кажувам дека ме упати на психијатар за да ме третира против депресија...Докторот беше многу добар, веќе со првиот завршен разговор (па останав во ординација сигурно еден час) ми беше подобро..ми препиша терапија (Хелекс и Асентра) со тоа што во текот на 8 месеци додека се лекував ми ја зголемуваше дозата, а потоа и ми ја намали.
    Сега веќе не примам никаква терапија и одлично се чувствувам. :) Немам никакви панични напади, пак подвикнувам ама со исав, не хистеришам и не се нервирам за глупости. Сега за да ме изнервира некој или нешто треба бајаги да се подруди а и да се помачи.

    Со разговорот фактички ме натера самата себе си да си признаам што ме мачи најмногу, кој е коренот на сета моја нервоза, самата себе да си признаам дека има нешто што ме вади од такт и гласно да кажам што е тоа. :!:

    Сакам да кажам дека она што јас научив во текот на терапијата е дека секогаш има причина зошто се нервираме. Нервозата сама по себе не се јавува..колку побрзо самите си признаеме кој или што е проблемот, толку и побрзо ќе ни се врати доброто расположение и насмевката на лицето.

    И не е срамота да се посетува психијатар/психолог, не е срамота да се побара помош, јас побарав и не се срамам да кажам. Имам дете, на тоа дете му треба здрава мајка, мајка со љубов и разбирање, а не мајка која нонстоп ќе се дере и ќе хистериши.
    Научив и да бројам до десет во себе, некогаш бројам и до 20, дишам длабоко и се смирувам...си правам и шала на своја сметка...кога ќе ме праша мм што правиш, а јас во себе бројам :lol: му викам-ќути сега влагам во зен состојба 8) ...научив да не се замарам за се` и сешто, да игнорирам, научив да живеам, да се радувам на тоа што го имам, да мислам позитивно, решив да бидам весела, среќна, насмеана, плачење веќе не е во опција...освен на некој тажен филм. ;)
    Поздравче. :)
     
    На srcekrsacka, danika, WildCherry и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Sunshine88 ја имаш цела моја подршка.... За жал разбирам како се чувствуваш... Поздрав и биди силна :*
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    зивееме во премногу стресно време, така да никој не е отпорен на проблемите со нервите
    добредојдена е посета на психолог, или психијатар, но таа личност не мозе да ги реши вашите проблеми, туку мозе да ви објасни како Вие да го сторите тоа на поедноставен начин
    како што др. Милутиновик ми рече во еден разговор дека проблеми имало, има, и ке има клучот е во тебе , како ти ке реагираш на тие проблеми :!:
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Поминувам низ тежок период и искрено незнам како да се справам со тоа...

    Постојано сум нервозна, раздразлива, многу плачам и потоа цел ден ме боли главата. Со моите дома малку зборувам, чисто формално, а кога ме прашуваат што ми е јас почнувам да се карам со нив. После тоа се каам што така сум постапила. Многу сум нервозна и на моменти неможам да се контролирам, мислам дека ќе полудам.

    Пробувам да најдам нешто што ќе ме заинтересира, нешто за занимација, ама некако ништо не ме радува, сакам само да спијам. Веќе воопшто не се смеам, постојано сум нерасположена и многу викам. Се чувствувам многу осамено.
    Имате ли некој совет како да ми биде подобро? На другите постојано им зборувам како не е убаво да паѓаме во депресии и дека сето тоа ќе помине, но кога станува збор за мене незнам како да постапам. :(
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас имам проблеми со нервите.
    За ова во почетокот не бев свесна, потоа кога станав свесна не сакав да си признаам, а сега сум во потрага по решение.
    Се омажив млада на 18,5 год. на 19 родив. Во почетокот ја имав поддршката и од сопругот и од мајка ми (две личности на кои најмногу можев да сметам). Во меѓувреме мајка ми почина. Тука се татко ми и брат ми, имам супер однос со нив, ама не ја чувствувам таа сигурност. Сопругот на работа, не е многу 4-5 часа во денот, потоа е слободен, ама секунда не знае да се заигра со детето, тоа сите го забележуваат. Јас сум со син ми 24 часа во денот (премногу е приврзан кон мене, сега и некогаш да присака сопругот да играат, синчето го одбива) 2,5 год. верувајте нигде не сум излегла без него, освен на факултет 2-3 часа во денот тогаш го чува татко ми (пробавме во градинка не сакаше да оди, пречесто се разболуваше). Ова последново е капакот на моите нервози. Значи на мене е се' оставено детето 24 часа (неговите само во недела за ручек го земаат јас порано одев сега не зашто не можам на раат да исчистам, па тоа време го користам за повалканите работи што се повразани со чистењето) ручек, средување по дома, купување за дома, шетање на детето (ни еднаш во летово не го земал да го прошета) и капакот на се' e тоа што често се разболува. До душа летово (да не чуе ѓаволот, да чукнам во дрво) ни еднаш, ама претходно пречесто. Склон е кон алергии и многу често е болен. На 1 год. доби конвулзии од превисока Т, на 1,5 лежевма во Козле со бронхопневмонија. Смртта на мајка ми ме докусури. Јас дефинитивно стравувам од болести, тој страв веќе ми е вгнезден во коските.
    Се мислам дали да побарам помош од стручно лице. Скоро од нервози не можев да ставам 5 дена ништо во уста, па како резултат на тоа почнав да повраќам, дехидрирав и завршив во болница. После тоа бев кај матичната и кажав дека сум нервозна дека резултат на тоа ми се случи сето тоа, ми препиша Б комплекс стрес, да не почнуваме со антидепресиви во старт, ама не забележав подобрување.
     
  9. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Дека е проблем тоа што толку мн се нревираш и потоа главата те боли, навистина е. Ако си толку загрижена, оди на психијатар, ако ништо друго, можеби ке те посоветува и ке ти препише некои лекарства послаби за смирување. А невозата не е нормална и на 7 и на 77 години :*
     
  10. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Е значи јас сум личност што буквално за се се нервира.Постојано се дерам,се ми смета и не можам веќе ништо да поднесувам.Едноставно кога сум нервозна не можам да се контролирам.Ама буквално секоја ситница ме нервира.Си мислам да одам на лекар не знам не сакам уште на 23 години да с трујам со лекови,али вака ако продолжам ќе морам да побарам лекарска помош.
     
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172

    Мој совет тие да побараш стручна помош сепак 21век сме не е срамота да се иде на психијатар, ја на мои 15год бев на психијатар едноставно со него најубаво и ке можеш да се отвориш и да пронајдеш решение за сето ова што ти се случува...

    А сега да се надоврзам на топикот ... Ја одкако памтам за мене цел живот бев нервозна што минатава година патев и од инсомниа заради тоа и тоа два пати у годинава ко малку да ми беше ... Одеднаш решив дека ја сум јас која треба да се грижи за моето јас и никој друг освен ЈАс, па решив сама да си барам лек ... лекот искрено ми беше во медитација и музика (Шри Чимној и од Сикрет Гарден) и по доста долг период едноставно нервозата исчезна постепено ... Сега сум толку смирена што давам впечаток на околинава дека не ми е гајле за ништо (Иако не е така) но работите почнав да ги прифаќам многу по смирено и посмирено да им навлегувам на проблемите ...

    Ова е мој начин , се надевам на некој ке му помогнам :)
     
  12. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    треба да се контролираш..
    психата знае да биде лоша тетка и да удри силно..
    затоа полека и не помислувај одма на лошото... биди оптимист...
     
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Санји4ка, да одиш и да се посоветуваш. И тоа не е труење со лекови, тоа е помош онаму каде си немокна сама да решиш :*
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Аууу ако почнам да раскажувам колку време имам нервози и макки ке се прашате оваа како не завршила во Бардовци.Значи човек денес не смее да се изнервира.Веднаш ке се разболи и ке заврши во болница.Од нервирање за ситници јас паднав психички и попуштив со нервите.Една сцена од филм знае да ме расплаче,песна а камоли нешто друго.Не можам да се контролирам бре.Некогаш сите ми идат на нерви а да не зборувам кога се поклопува и ПМС.Врескам,плачам,фрлам се што ми се најде пред очи,се дерамн на стари и млади лица.Сега понекогаш успевам да се контролирам,ама не сум за разлика од порано кога бев посмирена и сталожена личност.
     
    На Allthatglitters21 и MacaLove им се допаѓа ова.
  15. Lale3

    Lale3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    17
    emi nemoj taka mnogu brzo da izbuvnuvas da mislis i da se nerviras toa e faza koja pominuva kaj sekoj od lugeto samo nedaj boze da ostane dolgo kaj niv mlada si za da razmisluvas za takvo strasni raboti zemi ja mokta na potsvesta i p[rocitaj ja i veruvaj deka mnogu pozitivni raboti ke pocnes da primenuvas :) :D
    [mod-kirilica:1igyondn][/mod-kirilica:1igyondn]
     
  16. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    нервите се лоша работа, ако отидат во аут и засекогаш остануваат таму, не е нешто опиплива рана да може да се излечи со хируршка интервенција. Јас на неколку пати сум имала потреба од апче за смирување и сум се напила ама како да пијам отров се осеќам оти тоа е нешто мало а толку јако да го успива вашиот мозок!Подобро занимавајте се нешто што ве опушта, а за главоболките кој ги нема?И мене после напорен ден ме боли глава та дури и апче не ми делува, затоа и понекогаш не ни пијам, за се треба време
     
  17. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Мене тета психолог ми даде бедоксинче...и така си живеам (пу да си се плукнам...ја иден психолог...молим те
    ма ќе бидам ја одличен психолог само вие смејте се :D
     
  18. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сите постови ги прочитав...се ми е познато.А да ви препишам јас Вас терапија?
    Најпрво Калуѓерот што го продаде своето ферари-Робин Шарма.
    Моќта на потсвеста-Џозеф Марфи.
    Тајната-Ронда Бирнс.
    Проверена е терапијата од лично искуство,не зборам на памет.Ќе научите да живеете во секој момент,ќе сватите многу работи за животот.
    Поздравче :*
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има пријателка која исто пати од овој проблем. И самата си признава и се шали на своја сметка, вели: Сепак до човекот е, не може секој вака да се нервира! :D
    Инаку мој совет би ти било да се потрудиш - знам дека на почетокот нема да биде така лесно - да не си земаш се’ при срце и се’ за твоја вина. Дури и да не оди како што треба, земи длабок здив и размислувај позитивно - доколку нештото не успеало и покрај сите твои напори - не е твоја вина.
    И друг лек е медитацијата. Одвој еден дел од денот кога ќе го посветиш само на твојата внатрешност и немој да речеш дека немаш време! :!: :)
    Со текот на времето ќе се навикнеш и во напнатите моменти со помош на медитација лесно да се смируваш.
     
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Е дефинитивно веќе крајно време беше и јас да си признаам дека имам проблеми со нервите,на моменти како да се тресам целата или само рацете незнам...така сум живчана во последно време.
    Но овој пат претерано,а не ја знам причината за тоа.
    Морам што побрзо да си земам упат и да си се проверам,да видам што не е во ред.