Проблеми со нервите

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 16 декември 2009.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    22
    НЕРВИ

    ве молам дали некоја од вас знае апчиња за смирување на нервите?млад дечко премногу е нервозен па дури и агресивен,,порано слушнав дека има такви апчиња за агресивно однесување,,но не знам како се викаа,,,ако некоја од вас знае нешто во врска со ова нека пиши,,,детето до сега ништо нема пиено,,но неговите се премногу загрижени,,,нервозен е ради проблеми што има.и еднаш на 3-4 недели избувнува па дури и се тепа дома...
     
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    имам сличен проблем освен оценките, за кои имам огромен притисок од моите иако сум ученик со сите 5ки...
     
  3. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се нервирам заради тоа што ме прават најлошата,виновната...Порано се замарав,ама сега воопшто не им обрнувам внимание.
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.489
    Ах, нерви, нерви..

    Проблемов започна лани, кога истиот резултираше со еден пост во СДК на кој што јасно му се гледаше намерата. Но, се прибрав.. не знам како ни самата.
    Нервозна сум (порано сепак многу повеќе) но проблемот е повеќе изразен, овие две години.. Ја знам и причината, премногу доживеав, од мала бев сведок на секакви случки во семејството, а најверојатно кулминацијата ја доживеав лани, неколку дена пред роденденот.
    Бев изневерена од дечкото за кој што се борев толку. Бев предадена и иронијата со која што ми го кажа тоа што го направил, ме полуде буквално.
    Никаков знак на каење, дури закана дека ќе го повтори истото. Јас, што толку вложував во нешто што го нарекував „само наше“, нешто што го чував и ќе направев се за да потрае, се соочив со уште еден предизвик во животот. Си ги читав постовите тука, (виртуелен дневник) и не ми се веруваше колку бев проста и наивна.

    Чувството дека сум предадена и дека не ми е возвратено она што заслужив да ми биде, ме јадеше одвнатре. Чувството дека трудот ми пропадна, но најмногу од се`, дека ја изгубив моќта да раководам со ситуацијата. Излезе од контрола и таа, и јас.

    Многупати имам кажано дека најголем страв ми е да останам сама. А, тогаш, не се плашев повеќе, туку едноставно сама сакав да се оттргнам од сите. Изгубив верба, изгубив надеж. Мислев нема каде.
    Почнав да попуштам со школо, баш на крај на година кога сите најмногу се трудат. Јас тогаш немав сила да станам од креветот и да се довлечкам до него, а не па да земам да се борам и за оценка.
    Се чувствував толку уморно.. Но сето ова, не беше ништо.

    По некое време, започнав да имам и сериозни здравствени проблеми. Почнав да имам страв од гужви, од премногу луѓе на едно место, а сето тоа резултираше со безброј пати несвестици кои воглавно завршуваа така што се будев во амбулантни коли. Психата ете што прави..
    Моите веќе решија да направат целосни испитувања. Ме однесоа на снимање на мозокот, а таму во просторијата докторките само велеа: Опушти се, не мисли на ништо, опушти се..
    Извини, а што беше тоа „опуштање“? Како да се опуштам? Како е да не мислиш на ништо? Мене мислите со неверојатна брзина ми се вклопуваа во мозокот.
    Губев сила во рацете и нозете, тоа беше најголемото чувство на немоќ. Плачев и не можев да се соземам.

    По совет на матичниот лекар, започнав со сеанси кај психијатар. Прво влегување во собата, се ми беше морбидно и така чудно. Мислев не сум за таму, дека ќе помине за некое време само од себе. Кога ќе успеам да заборавам. Ама, не можев самата, ми беше потребна помош, иако имав само 17 години.
    Мислев нема за што да зборам со неа, но имало.. И те како имало.

    Започна од детството. Од лузните што останале од тоа време, од сеќавањата, на лист хартија требаше да нацртам девојче и да му придавам особини. Таа жена извлече се` од мене. Дури и она за кое што мислев дека не боли повеќе, дека годините го избришале трагот.
    Не! Тоа се таложело, а нервите се губеа, солзите си капеа..
    Помина месец и половина можеби, почувствував дека се вратив прилично во нормала. Ми се врати апетитот (изгубив доста килограми тој период), несоницата буквално ја снема, мислите се спакуваа во посебни кутии и ги нема, се до ден денес. Престанав да се нервирам за работи на кои што не можев да влијаам, изгубив многу нешта, но најлошото е што за малку ќе се изгубев себеси. Ама победив.

    После некое време, откако заврши ова, се врати и тој. Плачеше, молеше, а јас не успеав да го преболам. Дадов шанса, последна реков.
    Но секој ден ја плаќа скапо грешката што ја направи. Доверба немам во него сеуште, иако сме веќе долго време заедно. Едноставно, не можам и нешто одвнатре не ми дозволува.
    Резервирана сум и кога станува збор за однос со другите луѓе. Се дистанцирам. Страв ми е да не ме повреди уште некој, зошто повторно мислам дека не би можела да истрпам.
    Срцето ме боли кога се сеќавам на ова, ете очите пак ми се наполнија со солзи. Страшно боли!

    Но, најдоброто е што помина. Сега, не ми е срам да кажам дека одев на психијатар, зошто тоа најмногу ми помогна да се повратам. Не се мислете едноставно, дури и само еден разговор со стручно лице би можел да ви помогне. Не знаете колку олеснува..
    Не можеме секогаш самите да се спасиме од ситуациите во кои се вовлекуваме, нормално е.

    Се` се пребродува. Бидете силни.
     
    На mal.ecka, ColoursOfTheRainbow, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    54
    Немам некој проблем со нервите,да се нервирам,да избувнувам..едноставно целосно сите работи кои се поврзани со нервите ми се во лер ставени. Едноставно на оние кој премногу избувнуват не им обракам вниамние,само можам да и кажам неколку реченици корисни затоа да не се нервират...другото го прават самите
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.789
    Пол:
    Женски
    Кај мене во фамилија наследно е да си нервозен, а јас сум заприметила во последно време дека ако се изнервирам повеќе од колку што ми поднесува организмот почнуваат рацете да ми се тресат и срцето силно да ми чука. Ми доаѓа да скршам нешто колку да си го извадам бесот. Сепак се трудам да се контролирам, за апчиња не сакам да помислам уште сум млада :| :| :|
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.993
    Допаѓања:
    16.336
    Пол:
    Женски
    Истото е и кај мене. Кога сум нервозна, трескам од земја што ќе најдам. Еднаш се скарав со маж ми и му го треснав телефонот од земја. Бев многу изнервирана.
     
  8. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    333
    И јас имам проблеми со нервите. Сум премногу емотивна и чуствителна но никогаш не го покажувам тоа и однадвор делувам како многу смирена личност што не се замарам за ништо на светот но за жал не е така постојано го потиснувам тоа во мене ми се собира ми ствара нервоза, незадоволство, главоболки па и проблеми со нервите како трепкање на окото, треперење на рацете, забрзано чукање на срце, чуствувам како целото тело ми е вознемирено и под стрес. Бидејќи постојано учам а особено за време на сесија мислев дека тоа трепкање на окото е од замор и кога тогаш ќе престане но не покрај трпкањето на очите и боцкањето на нервите по телото и срцето почна да ми лупа ненормално, неможев да седам на предавање. Направив испитување , бев на лекар да видам што е проблемот се беше во ред со срцето докторот ми кажа дека сум била премногу нервозна, анксиозна да не се затварам дома да излегувам повеќе и да земам бедоксин а никакви други средства за смирување. Бедоксинот навистина ме смирува и се чуствувам подобро. Но во последно време кога ќе се изнервирам страшно го покажувам мојот бес и неможам да се воздржам ми иде нешто да земам и да искршам. Вчера по една расправија толку се изнервирав што мислам дека целото тело ми отрпна од нервоза, толку ми беше лошо што мислев дека во секој момент ќе се онесвестам. Мора некако да олабавам вака незнам до кај ќе стигнам со нервозава
     
  9. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    84
    Izaabella, те молам напиши каде се наоѓа твојот психијатар, дали е во Скопје, работи ли со сини картони и како се вика.Ќе ти бидам бескрајно благодарна, а верувам и некој друг.
     
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    29.422
    Пол:
    Женски
    Ах со тие нерви колку се измачив.
    Имав проблем, бев премногу нервозна и агресивна дури се случуваше и тоа да испадне од контрола.
    Пиев терапија долг период и почна полека да се гледа подобрување.
    Сега сум добра со нервите, може да се забележи мал дел од тоа што имав но со тек на времето гледав да го контролирам.
    Многу брзо можам толку да се изнервирам што не размислувам ништо, но се контролирам и сега се чувствувам подобро.
    Не би посакала на никој вакво нешто да му се случи, напорно е не само за нас туку и за лугето околу нас :|
     
  11. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    14.328
    Пол:
    Женски
    јас за мене не знам дали се хормони или нерви, ама многу често знам да се изнервирам за се,
    некогаш избувнувам премногу, а некогаш се нервирам во себе..зависи
    може најмала ситница од такт да ме извади (буквално) и дома со моите да се испокарам, незнам како да се приберам ниту да се смирам тогаш
     
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.489
    Eticka, мојот психијатар се наоѓа во Центарот за ментално здравје во Скопје. Се вика Катица (презимето да ме убиеш не ми текнува, ама единствена е таму со тоа име да прашаш некој сигурно ќе ја познае), се работи за постара русокоса жена во години, инаку работат со плави картони зошто сепак е државна институција и најтопло, од се` срце ја препорачувам на секој кој има проблем со кој најсилно сака да се избори, а е од психичка природа..
    Јас отидов со упат таму, може секој така, упат од матичен и правец натаму. Доколку немате картонче таму (јас немав) ви вадат, е сега малку е језиво внатре, има секакви луѓе, тажни судбини, а мене и тоа уште толку ме испомава на психа..

    Се надевам помогнав!
     
  13. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    10
    НЕРВОЗА

    Незнам, можеби сум една од ретките или единствена која се нервира за секоја ситница но еве да ве прашам за совет.
    Јас, по природа сум многу нервозна поточно премногу нервозна личност уште од мали нозе сум била голем инает и постојано сум се нервирала за се и сешто но во помали дози а сега, поготово пубертетски нагло ми се зголеми :?: :sweat: Значи дали некоја ќе ме погледнела поинаку,дали ќе ми рекла гуско, дали ќе прошепотела за мене било шо значи за секој потег се нервирам и за секоја ситуација и постојано го мислам тоа го мислам и веднаш доаѓам до емотивни моменти ;( :| ми се плаче и внатре во себе чувствувам жар и како грудка како да неможам да се изборам.. а и премногу сум повлечена некако ем и се нервирам за се и ем емотивно настроена НЕЗНАМ ШТО ЌЕ БИДЕ СО МЕНЕ.. Нешто совет? и не ми велете кулирај си уживај си пошо тоа цел ден ми го зборат ама пак неможам таква да бидам.. :(
     
  14. jasminka-mikus

    jasminka-mikus Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    21

    go citam postov i kako jas da sum go pisuvala potpolno istata sum i jas no za zal ne mozam da ti kazam deka se izleciv...kolku sto citam ne si mazena i moj sovet e uzivaj dodeka mozes koga ke se omazis tek togas se vistinskite nervozi...kolku pati samo se karam so maz mi mnogu raboti mi smetaat samo privikuvam po deteto sega vo posledno vreme uspevam da se kontrliram poleka svakam nekoi raboti si pijam navecer valerijal kapki ponekogas no mnogu retko demetrin i taka...bi sakala da ne sum vaka nervozna no nikako da se smiram se nesto ke me iznervira i se ama bas se si redam na srce...
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.772
    Допаѓања:
    79.892
    Пол:
    Женски
    Овие три дена нешто сум напната. Се ме нервира и незнам како да се смирам, мислам дека ќе побудалам просто.
    Секоја ситница ме нервира, и се погрешно сфаќам.
    Што е работава, па кога ќе ми текне на некои работи што ми ги направиле некои луѓе тоа бетер долева масло на огнот.
    Ретко ми се случува вака...
     
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.401
    Пол:
    Женски
    1. Мислам дека е нормално за време на пубертет да си понервозна. Само никако не ја истурај нервозата на другите ни пак да му молчиш на некој што те навредува или да не го кажеш тоа што ти смета.
    2. Не вреди да се нервираш затоа што Петко те рекол гуска. Не треба да ти биде гајле што мислат другите. Научи да го ценеш твоето мислење и твоите одлуки пред одлуките на другите.
    3. Кога ќе те изнервира некој или нешто имај си на раката некоја нараквица, стегач или сл. што ќе можеш да ја извадеш и да ја влечеш, тегнеш, едноставно да ја истераш нервозата на неа
    4. Научи да броиш до 10. Верувај ми успева ;) Пушти си некој песни што те смируваат
    5. Истурај го гневот преку нешто. Пишувај дневник и напиши колку си лута, почни да тренираш некој спорт, трчи да го истераш тој жар од себе. Или ако немаш услови за тоа, бутај го ѕидот. Со сета нервоза обиди се да го бутнеш (а нема шанси да го срушеш само ќе ја истераш нервозата)
    Се надевам помогнав :*
     
  17. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    440
    Не знаев реално каде треба да го сместам проблемов, минав низ сите теми, всушност најверојатно е за темата Панични напади, ама пошто долго не е пишено тАМу, сметав дека тука побрзо ке добијам некој одговор, и мислење :)
    Значи, оваа состојба ми е нова, релативно, започна пред 2,3 месеци... и еве замислете сеуште ми се влечка иако сметав дека ќе заврши, ќе помине...
    Бев при крај со факултетот, ги чекав последните колоквиуми, Мај месец, а предходно do kraj na dekemvri, na sred семестар одев и на еден дополнителен курс од три месеци, секој ден што стварно беше тежок, и напорно беше, ама го завршив успешно и бев и повеќе од задоволна . По тоа, при крајот на последнава година студии, малку можеби и притисок насобран од се предходно, и од крајот, и почнаа да ми се појавуваат напади на паника. Неосновани всушност, една вечер ми се слоши и повраќав од лоша храна, но пред да повратам пошто се осетив лошо почна да ми се развива паника, тахикардија, и иако повратив, не ми се смири стравот..па завршив на брза помош со инекција за смирување... некои чудни глупости ми се увртеа во глава, а воедно и се прашувам да не се работи за некоја депресија, тие паники, ми се јавуваат еве сеуште , наутро, штом ќе ги отворам очите, се соочам со денот, и почнува неосновано да ми лупа срцето забрзано, ...... немам никаков поголем проблем всушност освен меланхолијата од фактот што повеќе никогаш нема да сум студент, нити ученик, заврши тој дел од мојот живот и сега настапи време за работа, другото се е како што треба, планови за шетање, одмор, работа од септември, дома се е ок, .... но некако веќе по овие два месеци уморна сум од ова што ми го оптеретува мозокот. Стравот на почеток кога ми се лошеше беше да не се онесвестам, или замислете од срцев удар, ... па читав на интернет каде што уббаво пишуваше дека треба да сфатиме дека тоа не може да се случи, од напади на паника нема тоа да се случи и не се случува всушност ништо со нашето здравје, туку тоа е психичка состојба.. и ми олесна после тоа, заборавив на умирањето хехе , па ми се уврте во глава дека полудувам.... дека запаѓам полека се подлабоко во депресија, дека можеби никогаш веќе нема да го осеќам тој спокој што го осеќав, нити да сум смирена, и дека можеби се полошо ќе станува... се борам со сите сили, навистина сакам да имам посилна психа, не сакам да сум вака лабилна и да подпаѓам под овие глупави мисли.. и се трудам, и има денови кога успевам да се одржам да сум ок дури цел ден, без паника,.... ама се појавува некој дел од денот обавезно....

    Сакам да си го вратам спокојот и сакам да се работеше за нешто што се лечи на лекар, со некоја терапија апчиња или инекција, и готово. Психата ме плаши.... сакам да не мислам на овој начин... Ослабев 4 кила , апетит ми се губи не ми се јаде од размислување глупости, иако волјата што секад сум ја имала за уживање шетање дружење, ја имам и сакам да сум ок да можам се што планирам да си правам спокојно, но поради тоа што се плашам од моите напади на паника, и од што кога се појавуваат знае да ми се слоши, сврти паметот, не сакам да правам драми, па и дури избегнувам многу да седам ете на пример далеку од дома, со другарки, .... ме нервира ужасно оваа состојба...сакам да си помогнам. размислував за на психолог, но едно што секаде прочитав е дека ние самите сме си најдобар лекар себеси, и сами треба да знаеме да се избавиме од калта во која запаѓаме, затоа и силно се трудам да си помогнам.. Не сакам да посегнувам по апчиња, секад сум била критичар на тие што немале самоконтрола доволно па цело време се под апчиња, .... иако морав да испијам пола хелекс тој првиот пат кога ми се појави, и после тоа уште два пати по пола, и не сакав веќе да слушнам за хелекси, пошто стварно сум била таа што критикувала кога ги пиеле, така да ми предложија персен, пошто биле на билна база, и биле помеки .... ги користев, една недела по 4 на ден се пијат тие, иако не видов некој поголем ефект, појак, пошто од хелексот нормално бев нокаутирана од пола апче за 15 мин, додека кај овие, можеби и придонесоа нешто не викам не, но на подолг рок, и со користење една недела,.... сега веќе и ништо не пијам, само бедоксин по некој онака,... и сум без апчиња и всушност горда сум на тоа што не ги користам а сум по добра од што бев, но би сакала да ми помине ова... дали некој имал слично искуство, и како се сносите со ова... како сте си помогнале... благодарам однапред :)
     
  18. Caci10

    Caci10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Сакам да те прашам за докторката вета добар доктор е дали си имала искуство
     
  19. Maksimaksi

    Maksimaksi Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Decki, neznam dali stanuva zbor za nervi... Ali poprilicno mi se trigerira panicen napad u moment koa kje pocne nesto da me iritira glupavo, ko na primer da oblecam potesna maica i da me dopira na vrat, ili epten kratki corapi da me stegaat na peta..... Kako moze volku glupi raboti da zemat tolkav zamav i dw nemkzam da gi kontroliram? Oni se pricina za ankcioznosta i pqnicnite napadi...
     
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    5.043
    Пол:
    Женски
    Кога сум во пмс полудувам за ситници.Можам да се скарам со секој и да го усфрлам од животот но се обидувам да се контролирам.Ме иритира се од јадење до кашлање па зборување едноставно се.Сакам со сите да се тепам и карам.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.