Медицински кажано, проблемот со нервите е како проблем со вените, или артериите, или мускулите, или тетивите, или лимфните јазли,... Претпоставувам дека се мисли на проблем со лесно избувнување. Тоа се контролира. Смиреноста може да се извежба и да се примени секогаш.
знам дека е постот многу одамна ама мене сега ми се случува слична ситуација па ме интересира дали го реши тресењето и другите симптоми што ги спомна како снемување сила и слично? как мене е чудно што кас не се нервирам баш периодов а баш сега ми се тресат рацете и да не претерам ама скоро постојано последниве 4,5 дена
Многу лесно се нервирам а посебно пред да добијам премногу сум нервозна и се ми оди на нерви ,пробувам да контролирам нервоза ама не секогаш ми успева.
Same here Нервите уште на 18 години ми се на стаклени нозе и одат како ,,совршен додаток” на мојот избувлив темперамент. Често пати знам за ситница да збеснам и да искочам од кожа. Или пак ја полнам чашата ама капката што ќе ја преполни ќе го ,,изеде” (извинете на израз) дебело и тоа.
Како да си го вратам назад трпението? Мислам дека ми е потрошено малку ми фали да избувнам. После и ми е криво ама и не ми е. Ако не им покажеш на некои луѓе заби на време цел живот ќе ја преминуваат границата. Не ми е гајле за луѓето што заслужиле ме боли за тој што е покрај мене и ме трпи и сака ваква. Како да се сменам? Еден ден ќе ми сврти грб ако не се исконтролирам.
Човек нема проблеми со нервите, туку со проблемите кои ги има, кои некои се нерешливи, или трауми и т.н. Кога ќе почне човек да живее добро да пробува да се шегува, да излегува вљуби, дружи тогаш нервите се средуваат. Одбегнувајте стресови секогаш кога можете и ќе се средите со сигурност.
Многу голема самоконтрола имам Едино кога некој е глуп и не разбира и мора да му се црта ме нервира, уште глупото памет соли ама настрана то секогаш сум релакс
Јас се трудам да се контролирам, но некогаш едноставно не успевам. Кога ќе излезам од контрола од бес може многу да викам и да се расправам. На крај сфаќам дека на ваков начин никогаш проблемот устбари не може да се реши и затоа се трудам премногу да се сталожам и да научам да се самоконтролирам. Исто како што не е океј да премногу се нервираме од друга страна не е океј и да се потиснуваат емоциите и да се лажиме себеси дека се е во ред. Убаво е некогаш да оставиме емоциите да излезат од нас, но секако да научиме да се самонконтролираме.
ќутам и трпам премногу ,па кога ке ми пукне филм тоа е со сите спектакли викање ,кршење. После се каам бидејки најчесто ситница ја прелила чашата ,ама нема назад... Знам дека не е нормални ни здраво ни за мене ни за околината .
До ненормални граници сум нервозна и избувива. Нервозата ми е најзастспено чувство во последно време. Буквално се ме вади од кожа. Мајка сум и треба да сум присебна знам, но посилно е од мене.
Јас не сум избувлива ич, некој кога му вратам не значи дека ме изнервирал туку да знае до каде му е границата со мене. Она што ме плаши е во ПМС каква сум . Јас затоа што сум онака повеќе со ,, широко срце ", се плашам во овој период каква сум. И жал ми е што стапот го јаде маж ми, со син ми секогаш имам контрола ама на маж ми се истурам за се и сешто, онака ме тера на кавга за се му избувнувам, и после 10 мин му се извинувам и го гушкам . Ама што да правам така ме тера Јас за се имам трпение и разбирање, не сум човек да оди до недоглед со кавги, ниту пак се нервирам за ситници. За работи кои допираат до мене се само здравјето. Само тоа од патики ме вади, најважно е здравје да има. Друго останато не допира баш до мене, ептен некој силум ако нешто се обидува да ме направи будала, на многу лош начин знам да му покажам каде му е местото и уво да не ми чуе. А да се тресам од нервоза кај мене не дозволувам, животот е еден, и многу вреден а нерви се чуваат за кога ќе остариме да ги имаме.
Јас имам проблеми со цел нервен систем. И кога спијам нервите не ми се одмараат. Ми скока телото. Преку ден сум напната и затоа е така. Доктор ми има кажано диазепам да пијам секоја вечер, но избегнувам.
Барем б6 и магнезиум користи, или чаеви камилица и маточина,валеријана, помагаат многу. Кафето замени го со чај.
Витамините пиј ги континуирано подолг период за да има резултат, исто така можеш и омега, кафе избегнувај, ако можеш и воопшто не консумирај, и доколку можеш спортувај, трчај
Спортувам и тоа екстремно. Кафе и да исклучам скрос, пијам суплементи со кофеин за да ги издржам тренинзите..
Психолог дали имаш посетено? Напнатоста мора да доага од нешто, да не ме сфатиш погрешно, знам како е кога во сон спиев со стиснати дланки од напнатост