Да. Имам историја со депресија, анскиозна знам дека сум. Последна посета ми беше пред 5 месеци. Психолог, психијатар, невролог.. Сето тоа ми е поминато. Ми рекоа по потреба смеам диазепам, но јас избегнувам бидејќи ме прави зашеметена, а морам дневно да возам повеќе релации.
Избувнувам за три секунди и во афект може да се самоповредам. Пијам б витамини и магнезиум. Дали да посетам психолог?
Да. Едно е да имаш таков темперамент, а друго е да имаш проблем со самоконтрола. Ако веќе е во прашање твојата безбедност и добросостојба побарај стручна помош.
Си шептам сама себе "смири се, смири се"... Не помага многу, ама се трудам само на тоа да се сконцентрирам. Болје него ништа реално.