Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со ноктите на нозете

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од delvi, 19 септември 2010.

  1. yazanna

    yazanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    А кога ќе претиснам излава како гној
     
  2. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    1.565
    Враснат е. Нареден пат сечи го ноктот рамно, а не косо затоа што пак ќе ти се повтори истото.
     
  3. Ververichka M

    Ververichka M Нов член

    Се зачлени на:
    27 декември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Враснат нокт кај дете

    Ве молам за совет и помош.
    На моето девојче (2 години и 4 месеци) пред околу една недела му се појави црвенило на двата ножни палци, а особено на едниот, каде има и гној. Очигледно е враснат нокт и почнува да ја боли на допир. Не знам дали е моја грешка при сечењето, ама се трудам да не ѝ ги сечам многу кратко и да биде право.
    Го дезинфицирам ноктот со 3% хидроген и ставам домашно масло од кантарион, ама нема некое подобрување. Не знам како да ѝ помогнам.
    Лично јас развив проблем со враснат нокт на палците на нозете после породувањето (ми пораснаа стапалата за пола број) и сега одам на неколку месеци кај подолог во 101 Clinic во Скопје, каде супер ми го средуваат проблемот, процедурата е релативно брза, ама често треба да ги издржам болките додека ми го извадат делот од ноктот што ми е навлезен во месото.
    Прашањето ми е за ќерка ми. Не знам дали некој од вас имал ваков проблем и како и каде сте го решиле. Дополнителен проблем е што девојчето ми стана премногу плашливо откако почна повеќе да разбира и плаче невидено до состојба на вриштење, мрдање, повраќање, потење кога оди на каков и да е лекар... веќе не знам дали би можела и да ја однесам на лекар без и јас самата да не паднам во несвест од стрес, ама овој проблем морам да го решам.
    Дали знаете што би можела да направам, каде да се обратам?
    Ви благодарам.
    IMG-0f4ed1e8bbbf4c33396b7284d074f23e-V.jpg IMG-86bffc433aacd95fa293f8d84bd4f857-V.jpg
     
    Последна измена: 27 декември 2024
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ќе ја заиграте некако малата, ќе и го одвлечете вниманието и право на доктор. Не знам што друго да кажам, не сум мајка, ама греота е детето да трпи болка, велиш една недела помина, однеси ја на педијатар и тој ќе ве упати каде да одите. Може ќе поминете безболно, може ќе се среди без никаква интервенција само со некои креми и слично...
     
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.216
    Пол:
    Женски
    Офф душа мила..
    Јас исто ваков проблем започнав да имам после порагај, многу боли, само што јас се чудев што ми е, немав ништо. Мм само што ме погледна виде дека ми се враснати на двата палци, немав црвенило ништо. Кога ми кажа тогаш видов дека ми е влезено во месото и ужасно боли тоа. Сега редовно ги засекувам. За загноено еднаш исто имав како малото, страшна болка е тоа, од сон ме будеше болката, ставав црна маст и гнојта излезе. Прашај докторка матична што да правите, мало е за на своја рака да се презема.
     
  6. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    Дали сте задоволни од 101 foot clinic? Дали би ми помогнале за враднат нокт и колку чини преглед?