Мислам дека целата грешка беше во пристапот на докторот, кога ми ја стави анестезијата не почека ни 1мин буквално за неполна минута почна да работи. Ми вели осеќаш, велам да...и он не реагира ми вели ај ај сега ќе почне да дејствува. И си продолжува да работи, фактички анестезијата ја загуби целосната функција. По некои си 5/10мин работа му звони мобилниот и он се јавува, го викаат пинг понг да игра, и он вели еве ќе убрзам а вие почнете. Лелееее полудев, кога почна да брза, кај боли од што нема доволен ефект од анестезијата кај он фатен во рацете па уште докрајчи лошо ме сработи, и сега еве и по 8 години сеуште мака мачам. Велат повеќето луѓе што ги знам, а и што сум читала, спас е само пластичар.
Нее, лично го имам видено ноктот, исечен беше од горе до доле, долж целосно , од страната каде беше навлезен вомесо, и така беше долго време, не и се спојуваше со другиот дел.
oффф ллелеел после ова што се начитав тешко дека ке отидам јас таму, а каде се праеше операциа кој град ? и дали дента кога отиде одма те направиа или чекаше некои прегледи закажувања и сл ? после тоа можеше ли дома да си одиш ? сум слушала демек некое време неможеш мн си бил замотан во завој ова она кој знае колку е точно и колку од прилика те кошташе операциата
И јас маки мачам со ноктите. Пред една и пол година на левата нога ми врсна ноктот во месото. Отидов на операција и со анестезија и ми средија. Исекоа 1 милиметар од ноктот на страна каде што беше враснат. Потоа една недела одев на преврски ама не беше многу болно, само првиот ден. Пред половина година почнаа палците и на двете нози да се повлекуваат нагоре, а одоздола да расте нов нокт. Мислев дека со тек на време ќе падне едниот и ќе остане другиот (оти и тоа го имам преживеано на десната нога) и го занемарив и си остана така се‘ до пред еден месец кога почнаа да загнојуваат кај коренот на ноктот. Ставав креми, восок и гнојот не се повлече. Се решив да одам на операција, повторно. Ми кажаа дека сум имала 3 нокта еден врз друг и габична инфекција. Пред една недела ме направија операција, ми ги извадија сите три слоја нокти, ми обработија од страната за да не ми навлегуваат во местото, со анестезија нормално. Сега одам на преврски. Ме пратија и на кожно во врска со габичната инфекција. Овој пат повеќе болеше. Операцијата не, но после тоа откако помина дејството на анестезија.
Пред една година почнаа да ми расатат нови нокти на двата палца. Ги чував сами да си израснат и да паднат ама денес ме фати една нестрпливост и ги истурпијав тие старите нокти одозгора за да ми биде мазен ноктот. Една комшика вели кај неа откако ке израснеле новите повторно почнувале нови да и растат. Од што се случува ова, можно ли е да е од некоја инфекција? Некој лек? Иде лето а несакам цело време да ги кријам ноктите. И премногу бавно ми растат, за 4 месеци дали 2 мм имаат поткарано.
Ако може и на мене некој да ми помогне.Имам и јас проблеми со ноктите на нозете.Значи не ги раастам,ама многу ми се кршат,и веќе 2 год.по ред ми паѓаат на палците.Читав и ми кажаа да пијам млеко,или кисело или јогурт,и пијам,и нема ефект.Незнам што да направам веќе,а лето иде па сега пак ми е напукнат нокто.Ако некој знае некако нека каже ! Фала
Honey,беше ли на лекар?инаку млекото се пие за поцврсти коски. привремено решение е да си купиш од оние гелови за зацврстување на ноктите,пробај може ќе делува.
Знам дека е за коските,ама така прочитав уште од порано,и отприлика колку пари е тој гел? Инаку бев на лекар и ми кажаа да пијам пивски квасец,ама ми кажаа дека може и да се поправам.хмм
евтин е гелот,всушност тоа е тој лак што го ставаме за зацрствување на ноктите,прозирен.околу 100ден е.послушај ги советите и на лекарите,може ќе ти делува пивскиот квасец
Требаше да ги оперирам двата нокта на нозете на палците бидејки ноктот ми расте во месото отидов прво да го оперирам едниот и имам многу болно и лошо искуство и за вториот не ни отидов сама си го сечам дома ме боли но не идам веке таму
Веќе помина цела една година и никако да ми порасне нокт на палецот на ногата.Го имам тој проблем со враснување на ноктот во месото,но од страв не одев на болница. Премногу слоеви на нокти ми се натрупаа и естетски не изгледаше убаво,не можев да носам отворени обувки,а и ме болеше и затоа решив да отидам.. И еве после 1 година по хируршката интервенција мене нокт не ми расте..зошто е тоа така? Дали е тоа нормално?
Мене ми расте нокт во месото, но страв ми е ако одам на операција дека нема да ми стават анестезија и многу ќе ме боли бидејќи пред 2-3 години исто така требаше да ме прават операција на крајниците, требаше да ми ги вадат (и трите) и сите ми викааа нема да те боли па на крајот мислам господ го видов. Не ме ни успијаа така на живо ме сечеа ...... Незнам сега дали да одам на операција за ноктот. Нека ми каже некој што се има правено ваква операција дали боли (неможам веќе да издржам многу ме боли прстот, незнам што да правам )
Јас имав габички на ноктите,ноктите ми растеаа задебелено односно палците најмногу! бев секаде,само давав пари џабе,ставав и некои масти и хиоперманган и секакви чуда,последно бев во Скопје кај Др Ваис,абе сртручни што да ви кажувам,демек ми ги средија аха да само ми зедоа 10 000 ден и беа мн љубезни во понашањето,кога отидов на контрола по еден месец не ме ни погледнаа,како да е се во ред а не е! кренав раце ноктите се исти со ептен мало подобрување,до каде ќе одат не знам.
И јас го имам истиот проблем и мене ми се задебелуват односно под ноктот расте уште еден нокт е сега тој што ми беше одозгора ми падна благодарение на канестен капките и на редовно турпирање. Откако ми падна одоздола новиот нокт ми беше заоблен не коцкаст и ќошето на тој нокт ми влезе во месото. Страшно ме болеше но вчера ги накиснав нозете во топла вода и сода за да ми омекне ноктот потоа убаво ги избришав и со тенка турпија (која ја дезинфизирав со алкохол) отидов полека до работ и полека полека го подигнав ноктот и го извадив од месото. Значи ѕвездите сум ги бројала од болка. Среќа што не ми беше многу навлезен внатре инаку ќе ми беше загноено.... сама си правев хируршка операција хаха ужасс
За жал и јас се борам со фунгална инфекција на едниот палец на стопалото, поточно со оникомикоза. На доктор ми кажаа да се мачкам со канестен - маст, 2 до 3 пати дневно со претходно миење и добро сушење на ноктот. Ова треба да го правам се додека не се замени ноктот И многу е важно да знаете да не користите иста турпија на заболени и здрави нокти бидејќи инфекцијата може да ги зафати сите нокти
Сите што имате проблем со растење на ноктот на палецот во месо, не ги сечете ноктите скорз до крај, видете до каде е мевцето и исечете пред него. Така нема да ви навлагаат во месо. Бидејќи кога ги сечете скроз до крај, како расте ноктот така си навлага сам во месото, тоа му е правецот на растење и дур не се пробие ужасно боли (знам сум искусила). Значи 1-2 милиметри ништо не мењаат во должината, а сепак се многу од корист. И да, секогаш сечете ги право, не ги заоблувајте на краевите со турпии и слично, зашто така ноктот расте во месо !
Сигурно повеќе од успешно е што се среди сама,мислиш дека на лекар многу ти обрнуваат вимание,а на некоја приватна клиника само ќе ти земат парите и веќе нема да те погледнат,таков беше мојот случај како што спомнав во Др ваис