Custvitelno e bidejki toj sloj na noktot e seuste mek,msm deka idejata so hanzaplas ne e dobra edno ne mu dava da dise a drugo ako si cesto vo patki samo ke se spuruva i ne e bas ok toa barem koga si doma ostavi go da dise.A nisto cudno i stariot nokt da padne bidejki pocnal nov da raste
Нека си стои во ханзеплас кога се движиш а кога не нека се луфтира.Мене така ми помина ништо не ставав а отечено ли ти е ?
Нема оток, нема црвенило, нема ништо, само чуствително е..незнам како да објаснам како да немам ништо хаха некое глупо чувство, тој што имал знае што сакам да кажам...иначе да, додека сум дома, го оставам да дише местото не ми е во ханзаплас страв ми е нешто да не се искомплицира....
Не би требало не се плаши и јас пред 1 месец бев така само помалку ми беше ноктот.За две недели ке ти помине не ги сечи ноктите.
Ее фала на охрабрувањето, многу сум тремаџија, па дека учам медицинско и веднаш си правам филмови, може вака да биде, може така да биде.. уф
Јас имам малку поразличен случај. Најверојатно од тесни чевли почнаа да ми се обновуваат ноктите од палците, всушност кога ноктот ќе дојде до половина после него веднаш расте друг, но тоа не е проблемот. Едниот нокт до половина не е прилепен за прстот, ми е како шупливо местото и постепено просторот се зголемува (турпијата повеќе од пола нокт ја бери), па ме загрижува доколку целиот нокт така се тргни од прстот... па ако знаете некое решение би ви била благодарна доколку го споделите.
Уште лани летото требаше да правам операција на двата палци. Арно ама докторката ме врати, немало потреба од операција, ми препорача некои купки таму и ајт дома. Еве дојде лето, мене срам ми е да соблечам чорапи, да одам нормално боса на ова жешко време. Едниот нокт не е во толку лоша состојба, знае да загнои од време на време, ама другиот кај гнои уште и цел е таков модар, уствари не е модар, кафеав е. Мислев нечистотија се насобрало, неколку пати се обидов да го исчистам ама не. Дали повторно да одам на лекар?
Епа уште ова ми фалеше пред одмор...Едвај оправив од едно сеа пак и ова...Нокот на палецот на ногата почна да ми расте во месото.Од некни почна да ме боли ами не обрнував внимамие многу,и денес ужасно ме боли цел ден.Над сраснатиот дел има како плускичка и малку е зацрвенето и малку се гледа и бело,изгледа погнува да гнои...Сакам да го спречам уште ко е време пошо четврток тргам на одмор ми е страв да не ми се напраи голем проблем таму....Кажете ми нешто да си земам од аптека да ми омекме ноктот да можам да го сечам дур е време ....
Пробај со капките ''Егзодерил'', прави купки со три лажици јод и три литри млака вода два пати на ден и верувај многу ми помогна. А ако одиш на море, уште поубаво, мене многу ми заздравуваат ноктите од солената вода.
Ноктите на палците ми растат скршени уште од кутикулот. Целиот израснат нокт е мртов, и новиот одоздола го бутка напред... Како се нарекува овој проблем и дали моѓе некако да се излечи?
Досега сум немала ваков проблем. Не знам дали е од носење тесни чевли или нешто друго ама ноктот ми расте во месото и порано и не толку ама сега ме боли и ми е поцрвенет, помодрен палецот. Страв ми е да одам на доктор, страв ми е од операции. Некој маст со кој би можела да го третирам палецот, некое средство што помага?
Миј го прстот во солена вода со јод, тоа го омекнува и дезинфицира. Ама не ти гарантирам дека може да помине само од тоа. Инаку пробај да го подигаш стално со грицкалка да го подизвадуваш, ако можеш да го видиш крајот на ноктот., делчето што навлегува во месото. А ако ти е многу навлезено, и ти гнои и крвари, подобро појди на лекар, отколку да си направиш дополнителни проблеми. Ако ти треба нешто пиши ми.
Да не го имаш удрено на некое ќоше, кауч, маса, столче? Може од ударот да ти е помодрен. Мора да се утврди што е проблемот па да се лекува. Да е некоја инфекција ќе ти речев екзодерил да ставаш, пробај за почеток со мраз. Нема ништо страшно и да идеш на лекар. Да не ти е исечен, да не е некое трнче, нагазено на нешто нечисто не знма што друго може да биде. Пробај со јод малку ќе те боли и пече ама ќе помине.
Ќе пробам со ова со солената вода со јод, и да можам да го видам делчето што навлегува во месото и го подигам почесто. И не носам веќе тесни и неудобни чевли.Ќе пробам вака некое време, се надевам ќе биде подобро и ќе нема потреба од доктор. Не е од удар, не е ниту исечен најверојатно од носењето тесни чевли сега ми е враснат ноктот. Ќе пробам со ова што пишав пооре со солена вода со јод. И ќе носам удобни чевли, колку што можам почесто отворени некои сандали или слично за да може "да дише" прстот. Фала ви на советите!
@Paolita Скоро гледав една емисија за здравје, кажуваа дека најголема грешка е тоа што ги сечеме ноктите на нозете во овален облик, а требало рамно да се сечат, како коцка за да не се доведе ноктот да навлезе во месото
Луѓе, пред 10 тина дена бев во акција одење цел ден, и вечерта ме болеа стапалата нормално, ок. И мислев ќе помине. Ама продолжија да ме болат палците кога ќе ги притиснам од горе врз ноктот. Ај видов ноктите потпораснати и синоќа ги исеков, ама малку повеќе изгледа. Уште повеќе ме боли Инаку, ноктите на палците(веќе подолг период) ми се здебелени, бели и одвај ги сечам, ама некогаш повеќе, некогаш помалку и се досега сум немала проблем, да ме болат. А треба да купам чевли, и деновиве пробувам ама сите ме стегаат ми пречат поради болката А треба да купам веќе. Ве молам кажете што е може да е, што да правам совет, што да мачкам, некое решение како да ја неутрализирам болката... ? Фала
Можеби е габична инфексија на ноктите. Има во аптека посебни капки за такво нешто, но и канестен онај најобичен за надворешна употреба ќе ти помогне. Сепак , најдобро би било да си го посетиш матичниот лекар.
Фала ти. Имам канестен ќе пробам и ги ставам во топла вода со морска сол..денес малку пушти болката ама пак..