И јас имав голем проблем со палецот на левата нога 5 години не ми растеше и ми беше онака дебел слој како гел да имам ставено и пожолтен и лани го секов и го стружев да не биди толку дебел оти ме болеше во патики.. па почна да ми расти нормално знам дека скршив еден горен дел и мн мал остана ноктот значи прво го секов паго стружев и еден слој ми отпадна. И сега пола дебел слој пола нормален е се надевам до другата година ќе зарасни скроз..
Ноктот на малиот прст на ногата ми се скрши од корен не знам како, не ми се случило ова досега.. Не ме боли засега, се држи само на мало како конче не знам што да правам дали да одам на лекар, опасно ли е?
Пред 1 година ме правеа операција на палците на нозете бидејќи ноктот ми влегуваше во кожата,и се беше океј.Но пред 4 дена на едниот прст ми се скрши ноктот на пола и под него растел друг нокт и тој исто влегува во кожата и имам оток на тоа место. Денес бев на лекар и мислев дека повторно ќе ми кажат за операција,но докторката само ми препиша една маст "Гарамацин" се вика и "Бетадине" да сум ставала дека ќе поминало од тоа. Од денес ќе почнам да ставам па ќе видам какви резултати ќе даде.
Треба да се одмара да. Јас лежев околу 10тина дена или 2 недели незнам точно,се додека не ти ги извадат конците. Секако можеш да се движеш,но не многу не е препорачливо многу да се оптеретува ногата.
Како да му се помогне на стар човек,ноктите на нозете му се мнооогу стврднати, ко камен,и без тоа со тешкотии одвај се движи.па уште и ноктите не може да му се исечат Нема шанси да оди на доктор, не може да оди и од немоќ и уште и ова. со ниедни ножици не успеавме плус има скоро гангренисани нозе
Мора да има некоја маст... Би сакала да можев да помогнам и да дадам добар совет но сѐ што можам да ти кажам е да прашаш во аптека за некоја маст за да се подобри состојбата на ноктите и да можат да се сечат...
Феминки, на другарка ми и се вакви можи имат една година, и расти уште еден нокт згора и жолти и тешко се сечат некогаш болки имат, некој домашен рецепт или маст, помогнете ве молам, благодарам однапред
Веднаш да му купите Ексодерил и многу ќе му помогнете со тоа. Лекот чини околу 400 денари,мало шишенце и брзо се троши ама стварно многу е ефикасен за габички на нокти и за стврднати или вкопани нокти.... Ама,не си играјте со неговото здравје,разбирам дека не се движи,ама мора некако да го однесете на доктор,штом има гној,гангрена или што и да е друго,нема играње,стручни лица ќе му направат преврски,си знаат тие како,однесете го по секоја цена!
Јас од едно потрошено шишенце видов големооо подобрување,ноктите ми беа ужасни,бев и кај Ваис во Скопје и се пробав што ми даваа докторите,ама не видов арно ништо освен од ексодерилот... Значи за некој ден почна да ми делува,за ептен кратко време,се зачудив.... Сега,пак имам мали проблеми,ама со палците само,не со сите прсти ко порано,но не мачкам ништо засега....
Тие од ВАИС постојат само за да земат пари. Ги чистат ноктите. Чистењето не помага. Инфекцијата треба да се лечи. Има многу незадоволни од нив. Лекувањето треба да трае се додека ноктот не биде целосно здрав.
10 000 денари ми зедоа за чистење и стружење на сите десет нокти,а првичниот договор беше само да работат на палците,ама ме убедија читај прелажаа за сите нокти,ги зедоа парите а јас подобрување имав само неколку дена,оти ни нокти ми исчистија ни истружија ко што треба,а на контрола кога бев,не ме ни погледнаја дека бесплатно нели
Стружењето помага за одреден период да се ослободиш од болка. Односно, додека заболениот дел не израсне пак.
Јас постојано го терам на доктор ама нема сила очигледно, а не е мало бебе да е лесно во раце да се однесе. Но за вака изнемоштени лица треба да постојат медицински служби, а знаеме кај нас како е.. Неколку пати сериозно му се има слошено,стар човек со здравствени проблеми, брза помош прво не сакаа да дојдат,откако со триста молења дојдоа,повторно сакаа така да го остават ние на раце да го носиме а не они со возило, па откако повторно со триста молења го земаа со возило, на сред пат сакаа да го испуштат на улица, го туркаа..дали ви се верува? Брза помош кај нас е брзо погребално,убиство на народот. Тие се тие што си играат со нашето здравје и живот. Инаку,благодарам на одговорот, секој добронамерен совет вреди.
@magnolijaa прашај во козметичките салони како што се Силуете, Сикрет. Дали би пратиле педикир кај вас дома.Знам дека Сикрет ни ја имаат понудено таа варијанта.
Здраво Дечки. Пред извесен периодот Поточно Во Вторникот Правев операција на ноктот. Мене ова ми се има случувано одамна Но не сум Обрнувал Внимание. Ова веќе ми е 2-3 пат од како ме боли ноктот. Првиот пат кога бев ми Дадоа Mycoril да се Мачкам. И Со Хидроген и Газа да го туркам.и Amoxicillin препиша. Вториот мислам Дека беше исто така. И дојде третиот пак И веќе болката Стануваше Јака и болеше. Па поради тоа сам почнав да чепкам и да го сечам ноктот месото Ама ништо Боли.После тоа отидов на доктор кој што рече ништо не ти е мачкај го Ексодерил. Се Мачкав И пак отидов за 1 недела викам не иде ова препишете Амоксицилин И докторката препиша некако. Но После пиењето во рок од 5-6 дена Немаше Подобрување Па Ми даде Упут За На Хирургија.Влегов и таму само рекоа Мора да се сече По што ми ставија нешто жолто би требало да е јод, а во меѓу време препишале Антибиотици и мирување како и ОП Третман,а додека Требаше да ги пијам Ми рекоа Да правам Купки со Топла Вода и Јод и да го Тргам Месото на страна Многу Болеше. Па така Еден ден Додека Гледав ТВ и Наполнив Жеска Вода ставив Сол и Јод. И ги киснев.Па така Татко ми Рече Дај Ми ја Ногата Па ги Дезинфицираше Работите за Сечење на нокт Грицкалка,Ножици и пинцета и полека полека Го турнавме месото И Го киснев Помина Едно две минути и Почна Да ми го Сече и Исече Дел и со Пинцетата Ми Извади Дел од Ноктот И многу Добро Ми беше Повеќе ја немаше истата болка но болеше.Рече Сме требале уште да Одиме но Поради тоа што болеше И рече Дека тоа Мора Хируршки.но Додека Чекавме Да го Вадат сечат Ние Извадивме Парче. Дојде и тој ден за операција.Малку се Плашев и Тресев Но Влегов и Ми ставија Анестезија и Почнаа да прават Ништо не осеќав Само Иглата Кога Ја Ставаа во месо После операцијата Рекоа Одмарање и преврска И Да Ги сечам Ноктите право.Сега Прашање е Колку Е исечен ноктот и Изваден од Корен. Дали е пола нокт или Е мн малку. Операцијата Помина Многу Добро Благодарение на Докторот и сестрите.и помина Само 2часа од како пушти анестезијата и почна да боли Но се напив Ефедринол и толку не боли. Дури почнав дента за одам како да одам Нормално. Со тоа што не го осеќав прстот и ноктот затоа што ми ставаат неколку тампони 5-6 и завој. Сега ногава како во гипс ми е одвај чекам да се тргнат тампоните(тие биле наводно ставени да го Спречат крварењето и да не ми тече крв) рекоа после операцијата Рекоа поседи Надвор 30 мин со Дигната нога за да не протече крв но ништо немаше. И од Вторникот до денес многу нормално одам како да немам ништо на ногата многу подобро е. Си одам нормално.Сите викаат како одиш а операција си правел јас упорно им викам ништо не ми е Јас Сум лав и така се докажа.Сега само чекам Преврскава И да се тргнат Тампониве.Многу подобро е. Одите на лекар Ако Почнува да ве боли и ви станува вака. Не дозволувајте да дојдете До Операција ако може И без. Само Дали Може да се Повтори Истото со ноктот Колкава е шансата од 0-100% Инаку Целиот Тим Во сала Беа многу Добри Благодарение на нив Сега е топ и се надевам дека ќе нема да ми се повтори и биде Све добро Нормално. Сликата е Каков ми Беше Прстот и ноктот пред операција