1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со памтење, концентрација, депресија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Temjan, 13 јануари 2013.

  1. Temjan

    Temjan Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ова ми е прв пост на овој форум и се надевам дека делумно ке добијам одговор на тоа што го барам.
    Јас сум момче во доцните дваесети. Имам проблем со когнитивните способности, тоест во последниов период кој трае неколку месеци, до година, не можам да запамтам скоро ништо. Ова ми е голем проблем, се чувствувам како ретардиран. Не можам да се сконцентрирам за ништо, не можам да сочувам ниту една мисла во главата повеке од 10 секунди. Пред некој ден, сакав да се зачленам на форумов и кога ја отворив страната не знаев зошто го направив тоа. Не можам да зборувам со моите другари, заборавам дури и некој зборови што значат иако ги употребувам секој ден. Едноставно не можам да склопам сложена реченица. Кога сум испаднат во некој бар, ми иде срам бидејки ми приоѓаат девојки и јас не знам што да им одговорам, едноставно не ми идат зборови во главата, а до изминатата година не беше така. Завршив факултет со високи оценки во рекордно време, имав девојки за забава, сега сето тоа едноставно пропадна. Не можам да комуницирам со лугето, дури и не можам да спелувам правилно, не сакам да почнам да бројам, ама мислам дека нема да можам да избројам ни до 10. :lol: Да не правам муабет за работа, мислам дека не сум способен ни улици да чистам, а информатички инжињер сум по струка.
    Чувствувам некој притисок на левата страна на мозокот, и мислам дека секој ден е се посилен и посилен. Алкохол пијам во ограничени количини, претежно пиво за викенди, користам марихуана (не ме критикувајте за тоа, живеев во Америка извесно време каде што марихуаната е легална.) , но веке не пушам, со цел да видам до тоа да не е проблемот, ама очигледно не е ни до тоа. Не пушам ниту цигари. Живеам здрав живот, не јадам благо, дури ни бел леб. Спортувам, фитнес и трчање. Пијам зелен чај секој ден.
    Депресивен сум по природа, можда и тоа е дел од мојот проблем.
    Ве молам да ми дадете некој совет, оти навистина ми е дојдено преку глава од проблемов што многу пати несвесно дури и помислувам на самоубиство. Од страв дека можеби перманентно ке останам вака.
    Моја дијагноза е депресија и анксиозност. Страв ми е да отидам на доктор и мислам дека нема да можам да му се отворам и да му кажам за моите слабости, не знам како ке бидам сватен. на депресивните личности им е многу тешко да се отворат емоционално на некој што не го познаваат.
    На родителите им кажав, ама мислам дека не бев сватен како што треба.
    Страшно е!
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Добредојде Темјан .

    Со внимание го прочитав твојот пост .
    Не ни верувам дека родителите ќе сватат веднаш ,секако дека ти мислат најдобро но кога нешто не е ок , првична реакција им е да негираат. Треба повторно да разговараш со нив не да држиш во себе . Сигурна сум дека ке те разберат но мора да бидеш сериозен во пристапот кон нив и да им кажеш се што пиша тука ,не скратувај ништо .
    Срам нема потреба да чуствуваш , но сепак разбирам зошто на високоинтелегентна особа како тебе му е тешко да разговара со пријатели за ваков проблем .

    Овде може да ти пружиме подршка , но мислам дека мора да посетиш лекар , да депресијата може да е причина , и антидепресанти и вежби да помогнат во ситуацијата . Но не чекај да помине време , посети лекар . А за марихуаната не знам колку време си ја земал , ама за сиптоми мислам дека треба злоупотреба на многу долг рок . Може и сосем друга причина ама сам не си поставувај дијагноза .

    Посети доктор во најбрз можен рок , обрати се за помош ке те препорачаат каде треба . Немој со такви црни мисли , ќе се најде решение . Нема да бидеш погрешно сватен од стручно лице , и верувај се случуваат вакви работи нема потреба од никаков срам и страв стисни заби и оди во најбрз можен рок
    Се надевам се ќе биде добро :)
     
    На thelionesss му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Има неколку години како малку памтам и тешко се концентрирам. Не знам дали тоа е од некоја случајна повреда на главата или нешто друго е проблемот, но многу се нервирам кога не можам да запамтам ниту мали работи за кои се трудам, а камо ли нешто повеќе. Ако има некое решение пишете. :$
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е изразено кај тебе , некои луѓе имаат поголема меморија некои помала . Не си пишала што го предизвикало . И дали порано си имала поголема концетрација и полесно си памтела или од секогаш е вака .
    Туку се вратив на темава , Темјан те снема :?:
    10 пати го редактирав мислењето бидејки проблемот е деликатен.
    Дали посети лекар ? Сега вака читајки пак , мислам дека си убеден дека проблемот е на психолошка база, не мора да значи . Може ти треба снимање на глава, може си имал удар некој , да си бил изложен на метали , инфекција некоја , милион работи . Оди на лекар поскоро доколку не си бил , не мора да значи дека ќе треба емоционално да се отвораш значи може проблемот лежи на друго место и со терапија да се лекува .
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Пред се добредојде на форумот. :)

    Дали си помислил да не е некој здравствен проблем ? Мислам дека најпаметно би ти било доколу отидеш на доктор и да кажеш се што напиша тука затоа што немам слушнато за толку голем проблем со концентрацијата и сл. На сите ни се случува нешто да изумиме, да неможеме да седнеме нешто убаво да научиме, но ова мене ми изгледа премногу за еден млад човек.
     
  6. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Многу невролошки проблеми се манифестираат со депресија, неспособност за концентрација и помнење другите работи што ги спомна. Затоа би ти препорачала да отидеш на лекар, да побараш неуролог и обавезно да го спомнеш притисокот на левата страна од главата.

    Не сакам да те плашам, најверојатно ќе испадне дека е ништо, ама што си е сигурно, сигурно си е.
     
  7. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Да, како помала имав голема концентрација и многу памтев, затоа пишав дека тоа се случува последниве неколку години (8-10). Ми се случува многу често да заборавам најобични зборови, се блокирам едноставно. Не знам дали е тоа како последица од голем стрес, нервоза или тоа што многу пати ме имаат тепано по глава. Не можам да му кажам на докторот бидејќи ми е роднина. Затоа сакам некое алтернативно решение.
     
  8. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Има многу лесно решение, оди на друг доктор :D
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Возраста ме буни , помислив дека си помлада па не можеш да одиш на друг доктор , возрасна си каде сакаш ќе одиш на преглед . Не ми личи на нешто страшно , мислам дека кај тебе се работи за емоционален стрес ( не знам кој се дрзнал да те малтретира физички и зошто :@ ама претпоставувам тоа има последици врз твоето душевно здравје ) . Алтернативно решение , што знам ,храни се здраво , вежбај , физичката активност е исто важна . Но сепак мислам дека решение нема да најдеш туку така бидејки гледам се работи за долг период ќе мора да се консултираш со стручно лице .
     
  10. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Благодарам за мислењето. По глава ме тепаа родителите, срам ми е да кажам кога беше последен пат. Психички сум изморена, многу се нервирам, ми треба мир, дома постојано сум под стрес. Цел живот родител да ти создава комплекс на ниска вредност, да те навредува пред сите, не е лесно. Секој Божји ден се обидувам да се смирам, да мислам на позитивни работи, тешко е, но ќе издржам. Бидејќи сум од мало место, без работа, се обидувам со едноставни решенија и верувам дека се ќе биде добро.
     
  11. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво.... Темава е напраена баш како за мене....Од прво одделение до 4та година средно многу учев имав 4 и 5 и по некоја 3ка..Но откако се запишав на факултет пропајѓам..не знам што ми е ....Секојпат кога ќе почнам да учам умот ми се мати со непотребни работи и не памтам што сум прочитала па одново треба да го читам :@ :@ Незнам што ми е... наместо втора година да сум... јас уште се мачам со првиот семестар неможам да се запишам 3 семестар :@ ми ида да си пукнамммммм.... :( што може да ми биде некој совет некој нека ми даде НЕМОЖАМ ПОЈКЕ ДА ИЗДРЖАМ ИЗГЛЕДА ЌЕ СЕ ОТПИШАМ ОД НА ФАКУЛТЕТ А МНОГУ ГО САКАВ ДА ГО ЗАВРШАМ...секој ден се нервирам си велам цело време 5ки имав и 4ки сега неможам една 6ка на факултет да имам :( ВЕ МОЛАМ ПОМОШ НЕКОЈ НЕКА МИ ДАДЕ
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Може факултетот не е тој што ти лежи , да пробаш со друг некој ако гледаш не бива...
    И многу погрешно е тоа што денес се створи слика дека сите мора да завршат факултет ...
    Твојот проблем не е сериозен , туку не ти оди тоа што го учиш ...
    И знаеш како велат на факс најтешко е да дојдеш до 6 ка :D

    Ништо страшно или биди многу упорна или запиши се на нешто што ти оди ... Пробај да учиш со пишување сигурна сум дека така повеќе ќе се концентрираш ;)
    Нема магично решение...
     
    На AnGeL4e009 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    @Temjan, читаjkте прво што помислив е дека можеби си имал некоja повреда на коja не се секаваш или не си обрнал внимание, мене не ми изгледа твоjoт проблем дошол од психолошкиот карактер, депресиjaта анксиозноста се последица на тоа, кажуваш дека предходно добро си функционирал.
    Не се изимачуваj прва прилика правец на др. Да направат истражуванюа од каков карактер Е твоjoт проблем.
     
  14. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Probav i so pisenje i pak nishto :( izglleda ke se otkazvam...ama ne znam sto ke pram bez fakultet edvaj 6ki dobivam :(
     
  15. Deniere danse

    Deniere danse Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво и јас денес се зачленив на форумов па ја видов темава .... баш како за мене е .. имам 16 год мн сум депресивна ... и мнигу ми се лоши еве 2години ми се лоши скоро секој ден .. кога сум на училиште мноу ми се лоши бев на лекар но се е во ред 3 пати бев и крв и се проверив .... бев и на психолог ама не помогна .... дали да одам кај Иван исцелител??? mozebi toj ke mi pomogne sto mislite?? pomos pls
     
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Јас мислам дека се работи за социјална анксиозност т.е.проблеми со социјализацијата.Не знам колку е паметно да се обратиш на лекар,мислам како би ти помогнал?Треба да се опуштиш само не знам на кој начин:?:
     
    На Deniere danse му/ѝ се допаѓа ова.
  17. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Кај Иван Исцелител? Сериозна си? Хехехе, ако се зезаш јас незнам како не ве мрзи да си го трошете времето на пишување на вакви глупости. Доколку си озбилна, зарем спасот ќе ти го открие прочуениот (по глупости) Иван исцелител, мислам зарем постои човек што нема ни едно негово видео изгледано, а воедно и увидување на неговиот коефициент на интелигенција? Психолог и психијатар може да ти помогнат. Доколку не си задоволна од оној кај кој веќе си била, побарај и друго мислење.
     
    На Deniere danse му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Боже прости им не знаат што зборуваат. Иван има мозок како аспирин, ама човек кога има мака на се ќе помисли. Имаш проблем со социјализирање посебно што си во тинејџерските години.
    Штом си била на психолог сигурно ја имаш и поддршката од родителите. Разговарај повеќе со мајка ти за твоите проблемчиња кои ти го притискаат толку многу тоа мозочето.
    Психолог не помага со 1-2 терапии си треба време.
     
    На Deniere danse му/ѝ се допаѓа ова.
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Девојче ти сериозно ова за Иван маѓионичарот?
    Иди си таму на психолог штом ја имаш подршката од твоите, или побарај упат од матичниот за невропсихијатар, кажи си ја маката и ке ти даде терапија. Треба време за да се реши се, депресивни епизоди не поминуваат за ден - два.
     
    На Deniere danse му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Deniere danse

    Deniere danse Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    ДА сериозно прашав можеби ќе ми помогне ама стварно незнам ај уште некој нека кажи дали ќе ми помогни Иван исцелител .... затоа што јас имам и многу црни мисли .. на самоубиство некогаш помислувам ... бев и на психолог ама незнам ..... :/ психологот ми рече дека сум мала за психијатар :////