1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со спиењето/хронична поспаност

Дискусија во 'Психологија' започната од supersonic, 11 септември 2010.

  1. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Од пред некое време имам проблеми со спиењето. На почетокот би рекла дека тоа се должеше на лошиот режим на спиење преку летово (легнувам во 5-6, спијам по 12часа отприлика, со тоа испуштам 2 оброка па и тежината ми варираше) и се на се, имав многу нездрав начин на живот. Е сега, од 1ви септември откако почнав пак со школото, успеав некако да се доведам во ред (пред 12 легнувам, во 6 станувам, имам редовни оброци) но сепак имам последици од летото. Кога се враќам дома сум мртва уморна, ненормално многу ми се спие и ако ја фатам перницата, во кома сум 2-3 часа, што после ми се одразуваат со неспиење навечер. И не само тоа, дури и кога си ја добивам потребната доза сон преку ноќта, осеќам огромна поспаност. Кога сум надвор со друштво, често ми летаа мислите и не сум присутна во конверзациите, едвај чекам да си дојдам дома да се наспијам (што потоа и не се случува, зашто колку и да сум уморна, сепак не одам на спиење). Неколку пати во денот ја имам оваа поспаност и таа многу ми пречи затоа што се осеќам летаргично, комплетно отсутно и деконцентрирано, како да сум изолирана од реалноста. Баш денеска барав на гугл кои би можеле да бидат причините, зборував и со моите дома - велат дека тоа се должи на изместен режим на спиење и недоволно разновидна исхрана (што ниедно од овие не е точно, преку ноќта си ги добивам часовите за спиење и 4пати во денот јадам) и не знам каде веќе да си го барам чарето.
    Читав некаде дека поспаноста често знае да биде на психолошка или емоционална основа, како одбранбен механизам за преголем стрес, внатрешна несигурност и слични пореметувања или промени во расположението и самата личност. Искрено, мислам дека мојата поспаност е директна последица на проблемите кои ги имам последниве неколку месеци (моите се разведени, татко ми ќе оди на службен пат во странство на неколку години, мајка ми е во друг град па се гледаме еднаш месечно, така што живеам со баба ми..).

    Секоа мислење или совет е добредојдено, навистина ми е потребна помош затоа што сакам повторно да бидам таа жива, активна и расположена девојка полна со ентузијазам како што бев пред некое време. :(
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мислам дека веќе имаше тема за ова ама добро...Е па веќе си го имаш одговорот на проблемот што те мачи.Дефинитивно поспаноста се должи на депресивната фаза во која си поради разделбата на твоите,заминувањето на татко ти,немање до себе барем еден од родителите...итн.Навистина неблагодарна ситуација за толку млада личност која е во целокупен развој и физички и психички.Добро е да разговараш со твоите да им кажеш што те мачи,а ако немаат слух за ова тогаш може и психолог да помогне.Дружи се излегувај со друштвото труди се да се опушташ со нив...на најблиските можеш да им се искажеш..Најди си некое хоби или пак вежбај секој ден било дома или во фитнес клуб..помага за полесен сон.А пред спиење може да се напиеш чаша млеко или чај било кој да те опушти.Меѓутоа причината е таа која ти ја знаеш веќе. :worried: Се надевам дека ќе се смени се на подобро и ти ќе си имаш лесен и здрав сон.Се најдобро ти посакувам. :hug:
     
  3. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    фала ти, ќе се обидам.. сепак ништо друго не ми преостанува.
    а ќе може да ме насочиш каде имало слична тема на форумов? :)
     
  4. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Позната ми е оваа состојба и целосно се согласувам со одговорот. Секако дека е моментална оваа состојба но време е да ја се вратиш во контрола. Не дозволувај да бидеш поспана и да ти биде тешко од кревет да станеш; исто така не е важно што јадеш четири пати на ден, важно е да внесуваш свежа храна, б-комплекс се исто така одлични, да го заминиш кафето со чај ако не и млеко, да се форсираш едноставно се додека не се вратиш во нормала. Верувај дека животот е многу убав за да преспиваш и повеќе од доволното. Почни да си ги пронаоѓаш сопствените патишта
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Едно е психолошка состојба која води до тоа,друго е ова.
    Ти не спиеш по избор,туку затоа што ти се спие и си исцрпена.Не викам дека не е од тоа,особено ако постојано си под стрес и се преоптеретуваш со проблемите,па се исцрпуваш максимално,но сепак...

    Дали забележуваш други промени кај себе,освен поспаност?Физички,психички...?

    Багуфче,тоа е инсомнија,ова е обратното...убава е темава.Многу луѓе имаат ваков проблем,плус може и да се поврзе и нарколепсија(не се однесува на девојчето што ја отворило темава,да не го поврзете со овој случај,да не испадне тврдам нешто) која исто така често се јавува.
     
  6. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Лилит, читав за нарколепсија, но далеку сум од тоа.
    Сакам да кажам дека кога ќе легнам да спијам на пример попладне, не можам да се освестам со часови! А пред тоа и сум немала некоја голема физичка активност, стандард - школо, шетња, кафе и сл. Честопати сум се фаќала самата себеси во полусон како размислувам дека да сакам да се разбудам, како ништо веќе да ми нема смисла.. не знам. Физички промени немам, но психички многу ми се одразува ова со поспаноста. Кога сум во друштво многу потешко се вклопувам затоа што не можам да им го следам разговорот и едноставно, кога сите се смеат - мене тоа ми е блесаво, или воопшто не ми изгледа како нешто што навистина е смешно. Пораздразнета сум, секој коментар знае да ми ја заниша самодовербата.. просто не личам на себе! Моите се разведени веќе со години, и со тек на времето научив да се носам со фактот, но ете наеднаш се ми тргна по надолна линија -.-
    Знам дека велат - Кругот се врти, еднаш си горе, во наредниот момент на дното, но веќе ми е неподносливо!
    Дали да се обидам како што напишала Цвеќенце во нејзиниот коментар, да испробам нешто на тема медитација и сл. што ќе ме врати назад во контакт самата со себеси ..? што понатаму? :worried:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Не,не реков дека ти имаш нарколепсија,туку како под тема може некој ќе се најде да коментира и за тоа,а што се однесува до тебе,јас мислам дека тебе не ти е проблем спиењето.
    Минуваш низ малку депресивен период,не депресија,депресија,туку само период со такви расположенија.Oдиш во школо,што претпоставувам дека си на праг на адолесценција кога веќе ти се јасни многу работи,но и е многу осетлив период во кои најчесто некои работи од минатото се манифестираат на ваков начин.Сепак,разводот на твоите колку и да бил пред години,сепак сега тоа ти се одразува.Плус,помислата дека ќе останеш сама со баба ти те прави дополнително несигурна.Затоа што сепак,родителската фигура е најбитна која ни дава сигурност во време кога сфаќаме дека светот иако е релативно сигурно место за живеење и се што се случува е нормално и тоа што треба да се случи,ќе се случи,сакале ние или не,сепак делува застрашувачки,а и сета одговорност која не чека во иднина изгледа како нешто огромно за кое не сме баш сигурни дека можеме да го извришиме и да преземеме одговорност.Не знам како ти тогаш си ја доживеала разделбата на твоите родители,сепак ти оставило трага за која до пред извесен период не си ни била свесна дека ја имаш,баш заради тоа што си била помала,а сега си повозрасна и таа несигурност која тогаш ти ја приредиле твоите избива на површина.Не е случајност тоа што ти се случува баш кога треба да доживееш разделба со татко ти на неколку години,а си разделена од мајка ти.
    Нејсе,ти се спие затоа што потсвесно сакаш да си дадеш време нештата едноставно да поминат,завршат за да ти продолжиш нормално како и претходно.Но,тоа не е така едноставно,нели?!Најубаво е да си се соочиш сама со себе,да си поставиш цел,да си одржуваш постојана,секојдневна комуникација со твоите,за да се чувствуваш сигурно,да обезбедиш блискост,иако нема да бидат до тебе и да не си ја товариш душичката со глупости и отворено да си разговараш со нив што те мачи.Тековни проблеми,училиште,па дури и ова.Верувај,ништо не е случајно.Па дури и она обично блеење во компјутер,ништо неправење или онаа мрза што често не фаќа,има своја причина,така и ова.Гледај ноќе да спиеш доволно,пиј многу,многу течности,преку ден труди се да остануваш будна,бави се со физичка активност и немој да дозволиш да паднеш повеќе.Имам читано дека магнезиумот помага при вакви состојби,па наоружај се со некој дополнителен витамин.
     
  8. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ќе се обидам. Како што ми изгледа само и тоа ми преостанува...
    Фала ти, Лилит! :)
     
  9. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Сакам да прашам, јас пак патам од инсомниа......значи се дешава цел ден и цела ноќ око да не склопам, и другиот ден имам енергија како да сум спиела со сати...и во денот доволно ми е само пол сат, да дремнам и да добијам енергија еден тон...и пак истото цела ноќ седам со ококорени очи......немањето сон се одразува на моето здравје, ослабена сум, мислам дека поради тоа почнав да патам од депресија, +- некој вид на анксиозност! значи тотална дестабилизација...... ;( ! Значи имам состојба, премногу анализирам, вртам секакви сценарија, мисли, ова вака, ова така.....умот само ми работа и работа, никако да престане да анализира, тоа не ми дава на раат да сум, да спијам! Дали некој бил во ваква ситуација??? Некое чаре?
     
  10. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Scarlet88 моментално ова ми се случува, мада не е прв пат. Едвај заспивам, толку многу слики, работи ми се вртат пред заспивање, што мислам дека и кога заспивам има периоди како да сум во полу сон и повторно нешто анализирам, планови.... Друг пат кога ми се случувало ова траело и со недели, меѓутоа се работи за период, не е вечно(фала Боже :) ) Така да, гледај да се опуштиш, да не се оптеретуваш, наместо на проблеми, мисли на некој по релаксирани работи, да ти кажам јас лично се трудам да ги блокирам тие мисли и наместо тоа, мислам на нешто што ме опушта, плажа, море, планина(такви ствари), по тоа доста брзо заспивам(но, само ако се задлабочам) . Се надевам во најскоро време ќе го надминеш овој проблем(и јас чекам да помине периодов) :)
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Уф ние анализатори....тешко нас :x !
    За убави мисли, па ги блокирам црните секогаш, ама кога ќе дојдат оние другите, и ете како во транс и почнувам да си фантазирам....е тоа нема крај |-) ...видиш-невидиш исто ти се фаќа! И мене исто, кога ќе заспијам како во полу сон да сум, незнам како одма да навлегувам во рем фаза, па да соберам толку енергија за денот!.....Се надевам и јас дека ова е период, и се надевам дека и ти ќе го поминеш периодот! Позззззз фала многу што пиша! :* :* :*
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Мене некако ми се стабилизира ова со спиењето :) .
    Испадна дека се е до свеста т.е до она што ми се случува и каков е мојот став во врска со тоа. Почнав малце поинаку да гледам на работите и што знам.. видов промена.
    А за ова со инсомнијата, мислам дека треба да се консултираш со стручно лице. Тука веќе се работи за нешто што се одразува на целовкупното твое здравје (ти варира тежината и сл) и треба да побараш помош. Постојат многу причини за ваквото нешто, сум читала дека инсомнијата или неспиењето претставува еден вид на заштитен механизам на организмот од некакви надворешни влијанија односно се мисли доколку останеш будна ќе можеш да се справиш со било што би можело да му наштети на твојот организам. Малку е покомплексно, затоа мислам дека ти е потребна стручна помош :) .
    И немај гајле за анализирањето, и јас сум таква, 24/7 му ја заменувам работата на Фројд :D
    поздрав, се надевам дека ќе ја пребродиш фазава
    :)
     
  13. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Јас незнам дали ја утнав темава ама сакам да прашам и јас имам проблем со спиењето ама јас обратно...односно и додека спијам мислам,значи одам на работа и само тоа мислам што ако вака, што ако така,и нон-стоп мислам...кога ќе се разбудам се чувствувам нервозно, се чувствувам не сигурна во тоа што го правам.... :(
     
  14. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    6.567
    Јас не можам навечер да спијам по 3 4 часа највише и се будам со напади :)
     
  15. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.305
    Пол:
    Женски
    сега од хелексот ќе спиеш
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    6.567
    Не пијам сеуште